Републикански кандидати за претседател на САД

Член од
24 март 2010
Мислења
15.534
Поени од реакции
26.968
Внатрепартиските избори за републикански кандидат започнуваат на 3-ти Јануари во Ајова. Кандидатите...

1. Michelle Bachmann - конгресмен (или конгресвомен, кој како сака :) ) од Минесота. Има поддршка од Чајанка. Екстремен десничар, со прилично провокативни ставови, но не важи за многу интелегентна.

2. Newt Gingrich - поранешен конгресмен од Џорџија. Бил и претседавач на Конгресот. Има „прогурано“ реформа на социјалната политика, намалување на даноци, балансиран буџет, построга казнена политика... Ја напушта функцијата поради неуспешниот обид за импичмент на претседателот Клинтон, по што ја изгуби поддршката кај републиканците.

3. Jon Huntsman - поранешен гувернер на Јута. Како гувернер има направено огромни даночни намалувања. Укинал многу даноци за малите бизниси и има добиено многу признанија од разни економски институти. Ја направил Јута е една од топ 3 државите во САД за водење бизнис. Редовно е обвинуван за високите буџетски трошења и за зголемувањето на платите на јавната администрација. За време на извршувањето на функцијата има висока поддршка од јавноста. Во 2009 ја напушта функцијата и станува амбасадор на САД во Кина, по предлог на претседателот Обама.

4. Ron Paul - конгресмен од Тексас. Либертаријанец, гласал против Patriotic Act, против војната во Ирак, против ограничувањата на интернет. Не се согласува со политиката на војна против дрогата. Се на се нетипичен републиканец, кој се залага за што е можно помало влијание на државата врз животот и економијата и мал буџет.

5. Rick Perry - гувернер на Тексас. Конзервативец. Се залага против хомосексуални бракови, абортус, против истражувањата на матични клетки. Воведе задолжителна вакцинација против ХПВ. Вложува многу во инфраструктурата, но во исто време го има зголемено и долгот на Тексас.

6. Mitt Romney - поранешен гувернер на Масачусетс. Успешен бизнисмен и син на поранешен гувернер. Во 2002 успеа да ги организира зимските олимписки игри многу успешно и покрај сите потешкотии. Како гувернер успеа да го заузда огромниот буџетски дефицит на Масачусетс и притоа успеа да направи сериозна реформа во здравствениот систем.

7. Rick Santorum - сенатор од Пенсилванија. Се залага за конзервативни семејни вредности и е против хомосексуалните бракови. Има поднесено амандман со кои предлага да се учи теоријата на интелегентен дизајн заедно со теоријата за еволуција. Ги поддржува војната во Ирак, војната против тероризмот и планот за приватизација на социјалниот систем.

Според анкетиве во Ајова води Ромни со 25% пред Пол со 22%.
http://www.politico.com/2012-election/presidential-polls/
 
Внатрепартиските избори за републикански кандидат започнуваат на 3-ти Јануари во Ајова. Кандидатите...

1. Michelle Bachmann - конгресмен (или конгресвомен, кој како сака :) ) од Минесота. Има поддршка од Чајанка. Екстремен десничар, со прилично провокативни ставови, но не важи за многу интелегентна.
Моља ти се, растумачи ми кој се овие Чајанка.
Некои слични како Кајгана
 
Моља ти се, растумачи ми кој се овие Чајанка.
Некои слични како Кајгана
Екстремна десница во САД. Почна како невладина организација, па прерасна во политичко движење. Прилично влијателно, ама немаат некоја среќа со изборот на фронтмените. Прво Пејлин, па сега оваа...
 
Мене лично Пол ми е најинтересен со нерепубликанските ставови, и можеби би имал шанса против Обама заради својата неортодоксност. Сепак, се чини дека Ромни и покрај мормонската вероисповест ќе биде републиканскиот кандидат за претседател. Ромни не е лош избор, харизматичен е и има одлично cv, но прашање е дали ќе може да се носи со пропагандната машинерија на Обама.

Пери има танки шанси за ја добие номинацијата, а Гингрич е страшно репулсивен како личност, плус имаше некоја афера околу тоа кој побарал развод во неговиот пропаднат брак, и многу републиканци нема да му дадат подршка. На Мишел ни шест чајанки нема да и помогнат, а другите се тешки аутсајдери.

Во секој случај, кој и да биде номиниран, а ќе се знае многу брзо, обично веднаш после Флорида, му посакувам многу среќа. За нас, секој републикански претседател е подобар од двоецот Обама-Бајден.
 
Кој и да биде, исто се фаќа, за Американците треба еден Сталин, со ликвидација на челниците на банкарскиот и нафтениот систем, таков суров и немилосрден, бидејќи реално гледано, демократија во САД е театарска претстава и во државата владеат тие челниците.
 
Внатрепартиските избори за републикански кандидат започнуваат на 3-ти Јануари во Ајова. Кандидатите...

1. Michelle Bachmann - конгресмен (или конгресвомен, кој како сака :) ) од Минесота. Има поддршка од Чајанка. Екстремен десничар, со прилично провокативни ставови, но не важи за многу интелегентна.


Јас мислам дека таа карактеристика ќе и се смета повеќе како предност отколку недостаток ....хаха...:)

Се надевам дека О‘мама ќе добие клоца , изборите практично ги доби само со две глупави пароли - hope and change и yes we can ...... сеуште неможам да прежалам што МекКејн не победи на претходните избори.


obama-change.png



хихихихи.......:D
 
Од овие сите, Пол е најасален. Особено не знам како Бахман и Пери се нашле во номинираните, бидејќи нон-стоп лупаат глупости. Друга работа, Пол имаше и добра улога во филмот Бруно.:pos:

 
Од овие сите, Пол е најасален.
Кога сме кај ПР, Пол ја води кампањата перфектно. Во тој дел е најубедлив од сите досега.
Ќе имаат интересен дуел со Обама доколку успее да ја освои номинацијата.
 
Ќе имаат интересен дуел со Обама доколку успее да ја освои номинацијата.

Само заради тоа би сакал тој да биде републиканскиот кандидат за Претседател. Да поттикне дебата за одредени "скокотливи" теми кои сите други кандидати како да гледаат да ги избегнат. Само, ништо чудно и да победи на изборите, ама тоа ќе биде погубно за САД.. и покрај годините и искуството, има некоја детска наивност кога се во прашање битни работи како надворешната политика, економијата и федерализацијата.

Дека е ментално најздрав кандидат од GOP, нема збор.. but the cons outweigh the pros.
 
и покрај годините и искуството, има некоја детска наивност кога се во прашање битни работи како надворешната политика, економијата и федерализацијата.
Претседателот на САД е моќен човек, ама дефинитивно не може сам да одлучува за генералниот курс на САД. И Обама ветуваше многу, па на крај се вклопи во клишето за американски претседател, кога е надворешната политика во прашање.
 
Екстремна десница во САД. Почна како невладина организација, па прерасна во политичко движење. Прилично влијателно, ама немаат некоја среќа со изборот на фронтмените. Прво Пејлин, па сега оваа...

Мислам дека the tea party кога дава поддршка паѓа целокупниот рејтинг на дадениот кандидат. Радикал, без разлика дали е екстремен десничар или левичар, во Америка обично не успева да добие мнозинска поддршка. Америчката политичка култура е таква, избегаваат радикали, и претежно се класа за moderate left или right.
Мое лично мислење дека десничар нема да победи на овие избори и дека Обама и покрај слабиот рејтинг повторно ќе добие, иако лично сметам дека не покажа ама апсолутно никаква компетентност. Десничарите не нудат доволно промотивни кампањи, агресивен ПР по медиуми. МекКејн им беше грешка живота.
--- надополнето: 30 декември 2011 во 12:53 ---
Претседателот на САД е моќен човек, ама дефинитивно не може сам да одлучува за генералниот курс на САД. И Обама ветуваше многу, па на крај се вклопи во клишето за американски претседател, кога е надворешната политика во прашање.

Обама е типичен weak president. Ама типичен, како од книга изваден. Види го ти Рузвелт каков претседател бил, цела надворешна политика од него зависела (мање више). Типичен силен претседател. Американскиот претседател може да има огромна моќ, доколку се одлучи да се раководи по unitary executive theory која се залага за силен претседател и која тврди дека претседателот има огромни ингеренции и дека може да прави се што не е стриктно забрането во Уставот. Ама Обама не е таков профил на лидер. Едноставно е млитав, млак... Убедливо најголемо разочарување во политиката, со оглед на тоа колкави без очекувањата за него.
 
Мое лично мислење дека десничар нема да победи на овие избори и дека Обама и покрај слабиот рејтинг повторно ќе добие, иако лично сметам дека не покажа ама апсолутно никаква компетентност. Десничарите не нудат доволно промотивни кампањи, агресивен ПР по медиуми. МекКејн им беше грешка живота.
Обама е во постојан пад на рејтингот, тоа е точно. И јас бев убеден дека тешко ќе победи десничар, но во последниве месец дена работите добија една нова, за мене неочекувана тенденција. Ромни води пред Обама, во евентуана трка, според мерењата.
http://www.rasmussenreports.com/pub...sidential_election/2012_presidential_matchups
Сепак Обама сеуште не е активно вклучен во кампањава и многу работи може да се случат.

За Чајанка и за стилот на владеење на Обама имаме слични ставови.
 
На Обама за прв пат од Јуни му се крена рејтингот. Според аналитичарите, причина за тоа е што луѓето сметаат дека економијата им се опоравува.

http://www.dailypolitical.com/politics/obama-approval-rating-on-the-rise.htm

Има уште десет месеци до изборите. Лично сметам дека поради јакиот ПР и имиџот кој го има како „борец за правата на работничката класа“, рејтингот ќе му се зголеми.
 
Обама е во постојан пад на рејтингот, тоа е точно. И јас бев убеден дека тешко ќе победи десничар, но во последниве месец дена работите добија една нова за мене неочекувана тенденција. Ромни води пред Обама, во евентуана трка, според мерењата.
http://www.rasmussenreports.com/pub...sidential_election/2012_presidential_matchups
Сепак Обама сеуште не е активно вклучен во кампањава и многу работи може да се случат.

За Чајанка и за стилот на владеење на Обама имаме слични ставови.

Хм, интересно е ова, ама има време. Не знам дали си забележал, ама десничариве се во тотална криза, немаат јак маркетинг, политичкиот маркетинг барем им е катастрофа. Иако имаат простор да го напаѓаат Обама, тие само тоа и го прават и тоа според мене не доволно, јас на пример другачие би играла. Ќе видиме како ќе се одвиваат работиве, ама како што е традицијава на Америка, речиси секој претседател да биде реизбран, Обама пак ќе добие и ако продолжи со оваа политика, ќе ја добие титулата за најлош претседател, па дури и ќе го замени Буш. Мислам реално го нема никаде, Хилари Клинтон некако имам впечаток дека му ја врши целата работа.

Можеби грешам, многу работи може да се случат во политиката, три пати ќе се променат работиве до изборите. Оставам простор да се корегирам. :) Сепак овој Пол звучи надежно, мислам дека е единствен кој може да му се спротистави на Обама, односно да го победи со истиот камен со кој Обама тепаше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom