Религиозно vs Научно толкување

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Штрците не носат деца, имаме докази. Но немаме дека Бог не постои. Зборуваме за нешто што никој никогаш не го видел. Гледано од ваша страна пологички е да се верува дека природата ви дарила живот иако таа природа само ќути не кажува зошто ве создала и што бара од вас.

А бог зборува???

Немање докази дека нешто НЕпостои... таква категорија нема во ниедна тетратка по ниеден предмет... (па нека биде и од новиве учебници :))
Доказ дека нешто не постои неможе да има!
 
Очигледно е, затоа што за атеистите религиите не се веродостојни и се кочат со здравата логика... Човекот е слободен кога слободно размислува, зошто е овде, кој е тој, и каде оди, јас како атеист сметам дека нема ниту една приближно веродостојна религија која го објаснува сето тоа, без никаква контрадикторност...
Науката одговорила на многу нејаснотии и мистерии кој човечкиот мозок во одредени периоди неможел да замисли одговор, на пример полемиката околу громот и пламенот, и измислените богови..итн..
Разликата помегу религиозните и атеистите во однос на ова прашање се состои во тоа што првите веруваат на сервираното, а вторите го отфрлаат и продолжуват да го барат за нив најприфатливиот одговор, кој е најблиску до здрава логика....

Науката многу пати греши, па како да се потпираме на неа ? И не, не дала доволно одговори за ништо. Секој човек прво анализира, не верува слепо во она што му се сервира. Разликата меѓу атеистите и Верниците е таа што Верниците се свесни и веруваат зошто постојат и која е нивната цел тука. За разлика од атеистите, ако се потпираат на науката која никогаш нема да им ги даде одговорите, па ќе умрат со непополнета дупка во знаењето.

--- надополнето ---

Не знам дали има... Ако нема, стрпи се малку :)

Никогаш нема да има, факт е дека луѓето уште 21 век ќе веруваат во Бога.
 
Хмммм... почнувам да жалам за оваа дискусија...

Па како не си свесен во сонот!!!??? Додека си во сон сеуште ти работат сетилата за слух, допир, мирис... свесен не значи само да гледаш, нели?
Ке зажали твојата атеистичка страна од твојот ум , тоа сум сигурен.
А за сонот , па кога сонуваш другар затворени ти се очите нели , а пак гледаш.
ЗА СОН СЕ РАБОТИ.
Ако си немал такво доживување тогаш ок.
 
А бог зборува???

Немање докази дека нешто НЕпостои... таква категорија нема во ниедна тетратка по ниеден предмет... (па нека биде и од новиве учебници :))
Доказ дека нешто не постои неможе да има!

Да, Бог ни се обраќал преку неговите пратеници, за да знаеме кој сме и да не лутаме во беспаќе молејќи ја природата да ни одговори зошто не создала.
Доказ дека не постои не може да има, од проста причина што никој никогаш нема со две раце да потпише, како Бог никаде го нема.
 
Хахах , дали Бог зборува.
Да дури и пишува.
 
Науката многу пати греши, па како да се потпираме на неа ? И не, не дала доволно одговори за ништо. Секој човек прво анализира, не верува слепо во она што му се сервира. Разликата меѓу атеистите и Верниците е таа што Верниците се свесни и веруваат зошто постојат и која е нивната цел тука. За разлика од атеистите, ако се потпираат на науката која никогаш нема да им ги даде одговорите, па ќе умрат со непополнета дупка во знаењето.

--- надополнето ---

.

Ако мислиш дека науката не дала одговор за ништо, тогаш си во голема заблуда. Науката т, таа се надградува еволуира и продолжува, затоа и е наречена „наука“(проучување), да не беше науката верниците сеуште ке мислеа дека соцето се врти околу земјата, ке живееа во имповизирани живеалишта, ке живееа без енергија и матријални благодети кои ги носи самата..и ние немаше да комуницираме на компјутер(благодарение на науката) туку ке праќавме гулаб писмоносец од форумџија до форумџија да ни ги разнесува постовите :)

Атеистите ќе умрат како и сите живи суштества на планетава, исто како и верниците кои сомнително ке се тешат до крајот на својот живот дека е кул, и дека следна дестинација е рајот, (раскажана приказна во една стара книга)
 
Да, Бог ни се обраќал преку неговите пратеници, за да знаеме кој сме и да не лутаме во беспаќе молејќи ја природата да ни одговори зошто не создала.
Доказ дека не постои не може да има, од проста причина што никој никогаш нема со две раце да потпише, како Бог никаде го нема.

Баш пред некој ден гледав на ББЦ за Хрват од Меѓугорје кој 30 години комуницира со богородица Марија.
(го барав го барав и го најдов...)
Пратеници имало, има и ќе има... исто како што ќе има луѓе кои тврдат дека виделе или биле киднапирани од вонземјани, исто како што има “медиуми“ кои комуницираат со вашите мртви предци, исто како што има пророци кои гледаат на дланка или кафе, исто како што има изработувачи на натални карти...
 
Од кај си сигурен за непостоење на Бог кога нема докази?

Мислам дека треба малку поубаво да ја прочиташ реченицата што ја цитираше и да ја споредиш со твоето прашање.
Уште нешто... Од каде пак ти, си сигурен за постоење на Бог кога нема докази?
 
Не пратиш затоа не ти е јасно.
Мислев на докази за негово непостоење.
"Од каде пак ти, си сигурен за постоење на Бог кога нема докази?"
Од кај си сигурна за твојата љубов спрема мајка ти кога нема докази?
 
Ако мислиш дека науката не дала одговор за ништо, тогаш си во голема заблуда. Науката т, таа се надградува еволуира и продолжува, затоа и е наречена „наука“(проучување), да не беше науката верниците сеуште ке мислеа дека соцето се врти околу земјата, ке живееа во имповизирани живеалишта, ке живееа без енергија и матријални благодети кои ги носи самата..и ние немаше да комуницираме на компјутер(благодарение на науката) туку ке праќавме гулаб писмоносец од форумџија до форумџија да ни ги разнесува постовите :)

Атеистите ќе умрат како и сите живи суштества на планетава, исто како и верниците кои сомнително ке се тешат до крајот на својот живот дека е кул, и дека следна дестинација е рајот, (раскажана приказна во една стара книга)

Науката е исто така од Бога, на луѓето не им е забрането да истражуваат, учат и напредуваат. Но науката не може да понуди доста одговори. На прво место го ствама Дарвин и неговата зезната теорија дека човекот води потекло од мајмун. Никогаш нема да дознаат за живот на друга планета или пак да му го најдат крајот на универзумот. Да не спомнуваме и многу други работи сега. Факт е дека науката не ја бива.

--- надополнето ---

Баш пред некој ден гледав на ББЦ за Хрват од Меѓугорје кој 30 години комуницира со богородица Марија.
(го барав го барав и го најдов...)
Пратеници имало, има и ќе има... исто како што ќе има луѓе кои тврдат дека виделе или биле киднапирани од вонземјани, исто како што има “медиуми“ кои комуницираат со вашите мртви предци, исто како што има пророци кои гледаат на дланка или кафе, исто како што има изработувачи на натални карти...

Но исто така луѓето ќе живеат во вечна заблуда и ќе и праќаат молби на мајката природа, ќе ја истражуваат и тн. а одговорите нема да ги добијат. Лека ноќ
 
Не пратиш затоа не ти е јасно.
Мислев на докази за негово непостоење.
"Од каде пак ти, си сигурен за постоење на Бог кога нема докази?"
Од кај си сигурна за твојата љубов спрема мајка ти кога нема докази?

За да може да се најдат докази на нечиво непостоење, прво треба да се добијат докази за постоење. Доказите за непостоење всушност се побивање на доказите за постоење, ако нема докази за постоење, тогаш не ни треба да има докази за непостоење.

Љубовта према мојата мајка не креира галаксии и универзуми, планети и суштества и не праќа пратеници и книги.
 
Од кај си сигурен за непостоење на Бог кога нема докази?

Го прочита тоа што го цитираше? Неможеш да докажеш дека нешто не постои.

Единствено што науката може да направи во врска со ова е да ги разоткрие сите “мистерии“ кои денес му се припишуваат на бог, така единствено може да се докаже непостоењето на бог... Тоа нема да се случи брзо... веројатно нема да се случи во нашиот животен век...

Меѓутоа Игоре, твоите реторички, квази-философски прашања не помагаат за конструктивноста на дискусијата...
Пробав да ти одговорам логички и рационално на твоите неколку прашања (ако воопшто очекуваше одговор на истите), меѓутоа неможам да продолжам да одговарам на прашања од типот “од каде љубов према мајкати кога нема докази“ и сл...
Поздрав...
 
Не пратиш затоа не ти е јасно.
Мислев на докази за негово непостоење.
"Од каде пак ти, си сигурен за постоење на Бог кога нема докази?"
Од кај си сигурна за твојата љубов спрема мајка ти кога нема докази?

Прашањето е одговорено со прашање. Сосема ми е јасно дека религијата претставува верување во нешто што нема докази дека постои, или не си го видел, но дали малку не е налудничаво да веруваш дека се што гледаш околу себе е создадено од еден семоќен човек, кој го манипулира нашиот живот и неговиот тек?! -Според мене е, и само да додадам дека ете не сум целосен атеист (ако можам така да се изразам), затоа што сепак верувам во некоја сила што не можам да си ја објаснам, но не и во приказната за тој еден човек, кој го создал светот за 7 дена и бла бла бла (да не се повторувам).
 
Го прочита тоа што го цитираше? Неможеш да докажеш дека нешто не постои.

Единствено што науката може да направи во врска со ова е да ги разоткрие сите “мистерии“ кои денес му се припишуваат на бог, така единствено може да се докаже непостоењето на бог... Тоа нема да се случи брзо... веројатно нема да се случи во нашиот животен век...

Меѓутоа Игоре, твоите реторички, квази-философски прашања не помагаат за конструктивноста на дискусијата...
Пробав да ти одговорам логички и рационално на твоите неколку прашања (ако воопшто очекуваше одговор на истите), меѓутоа неможам да продолжам да одговарам на прашања од типот “од каде љубов према мајкати кога нема докази“ и сл...
Поздрав...
Нема никаква филозофија у тоа дека неможе да се докаже љубовта , што не значи дека не постои.
Аналогно на тоа е и проблемот со докажување на Бог.
Еве замисли си дека некој никогаш не почувствувал љубов.
Што мислиш можеш да му докажеш ?
Не.
Замисли си дека ти си Бог , ама на земјава си со ограничени можности(ист си како и сите останати луге).
Што мислиш ке можеш да докажеш дека си Бог?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom