Регтајм (Ragtime)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
25.072
Поени од реакции
61.295
Регтајм е американски жанр на музика кој својот врв на популарност го достигнал крајот на XIX век, и почетокот на XX век.
Главна карактеристика му била користењето на "ragged" римтот, по што овој стил го добил и името.
Настанал како музика за танц во квартовите на Сент Луис и Њу Орлеанс, пред да стекне популарност во облик како партитури за пијано.
Претставувал еден вид на синтеза на тогаш популарниот марш (марш во стил на Џон Филип Соуса) со полиритамската музика од афроамерикански корени.

Регтајмот од мода излегол крајот на 1910-те, кога џезот започнал да го привлекува вниманието на американската публика, за подоцна да биде и скроз заборавен.
Во почетокот на 1970-те регтајмот повторно добива популарност, кога Џошуа Рифкин започнал да го проучува и изработил една компилација со делата на Скот Џоплин, со што бил номиниран и за Греми награда.

За регтајмот се тврди дека имал влијание врз композиторите на сериозна музика како што се Клод Дебиси и Итор Стравински

Најпознат автор на регтајм композиции е афроамериканскиот музичар Скот Џоплин (24 ноември 1868 - 1 април 1917).
Скот Џоплин го нарекуваат уште и крал на регтајмот.


"The Entertainer" е инструментална регтајм композиција, напишана од страна на Скот Џоплин во 1902 година.
Се смета за една од најпознатите регтајм композиции во историјата.
Во 1973 оваа композиција послужила како дел од саундтракот за популарниот филм "The Sting", која дошла на прво место на топ-листата и повторно го популаризирала овој заборавен музички жанр


"Maple Leaf Rag" е рана регтајм композиција за клавир напишана исто така од Скот Џоплин.
Подоцна оваа композиција станува една од најпознатите регтајм композиции на сите времиња, станувајќи прва инструментална композиција која се продала во преку милион партитури.
Композицијава Џоплин ја напишал во 1897 година, во чест на Maple Leaf Club (друштвен клуб за црнци во Седалиа (Мисури).
Издадена е во 1899 година, кога станала и огромен хит.
 
Џели Рол Мортон (Њу Орлеанс 20 октомври 1890 - Лос Анџелес 10 јуни 1941 година) е уште едно значително име за регтајмот како музички правец.

Фердинанд Џозеф ла Мент, или попознат како Џели Рол Мортон бил американски пијанист и композитор на џез музика.

Се вбројува меѓу водечките личности од првата фаза на џезот (Њу Орлеанс стил).
Го основал и го водел Red Hot Peppers оркестарот со кој во 1923 година ги направил и првите снимки.
Со своите композиции Jelly Roll Blues, Black Bottom Stomp каде што го поврзува регтајмот со блузот, значително придонел за развој на пијанистичкиот џез-стил.

Во почетокот на 30тите години од минатиот век, неговата слава полека изминува, со појавата на Луј Армстронг и други иноватори на подрачјето на џезот.


Една од моите омилени регтајм композиции напишани од Џели Рол Мортон :)

 
Интересно видео од Скот Бредли.
Неколку светски хитови во регтајм изведба :)

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom