Регистрација 2007/2008

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.258
Поени од реакции
12.511
Имаше некои најави дека регистрација од 2008 ќе поскапи/поефтини, зелениот картон ќе биде задолжителен, како ќе биде знаете? Како ќе биде поисплатливо, регистрирање пред новиот закон или после него?
 
Имаше некои најави дека регистрација од 2008 ќе поскапи/поефтини, зелениот картон ќе биде задолжителен, како ќе биде знаете? Како ќе биде поисплатливо, регистрирање пред новиот закон или после него?

Па вака, зелен к(у)артон ќе ти е 50 евра отприлика и ќе ти трае цела година. Место 150 ќе биди 50 (ШТО Е МНОГУ СЕУШТЕ во Србија, Хрватска и Словенија некаде е 5-15 евра). Така што, 128-ката сега за регистрација ако те кошта 12500 денари ќе те кошта 15500 со задолжителен СКАП зелен картон! Така што ако не планираш да патуваш со неа надвор од земјата трк регистрирај ја сега.

Плус тоа ќе се менуваат и табличките како што разбрав в година, па ќе не одерат 100 евра плус в година! :tapp::tapp::tapp:
 
Табличките мислам ќе се пролонгираат некое време, бидејќи нема да можат да ги направат до Јануари, а ова со картонот можеби и ќе го воведат. Арач.
 
Обавезно ќе го воведат со картонот. Само кај нас не е воведено. Од една страна спасува 100 евра, ама од друга пак, некој со Фичо што го користи од овде до онде џабе ќе му е.

Плус тоа тешко на тие со поефтини коли. 400 евра е глобата за нерегистрирано возило! Една кола ќе купам за тие пари!
 
Хм... Којзнае што се не ке измислат во оваа глупа држава. Сакаме да се европеизираме, ама некако тргнуваат работите од зади кон напред. Не ми е за друго... Нека ги направат платите европски, нека ги направат патиштата европски, па нека европеизираат и се понатака...
 
Значи дефинитивно е од 1 јануари обавезен зелен картон?
 
Мене во април ќе ме дерат...
Најверојатно ќе ме фатат и новите табли, па би отишле некаде 20000 ден. за регистрација.
Чув некој муабет од извори блиски до таа работа, таблите би биле некаде околу 2500 ден.

Значи дефинитивно е од 1 јануари обавезен зелен картон?

Да, дефинитивно.
 
Со новите таблици изглеа ќе имаме проблем кога ќе одиме во Грција. На нив пишува Macedonia. Ако се сеќавате 1995-96 година заради она РМ не враќаа од граница. Тие ние го читаа Poranesna Makedonija ние Република Македонија :) Затоа се сега овие СК КЛ со бели букви.
Особено ова ќе го прават како проблем пред да се реши спорот со името. Политички притисок.
 
Ма кој ги е**. Ако извадам виза, има од таму да полнам нафта (не за друго оваа нашава е катастрофа!!!), овде на шо ке ме видат на бензинска. А и со тие табли ке му одам за инает, и да лепат лепенки, ке ги вадам што ми можат.
 
А колку би била регистрација за мотори од 50сс , и они претераа со тие нови таблици, само пари да земат не за друго.... поздрав
 
Баш некни праев муабет со еден полицаец (уствари началник нешто е)... Не се до никаде со табличките. Допрва треба тендер да се распише за изработувачот да се одреди кој ке биде ехее.... До јуни ке се извртка работата. Значи табличките сега за сега остануваат, туку како е со зелениот картон? Има некој регистрирано сега брзо возило? Кај мене сега е Фиестата за регистрација, после 8-ми март некаде.
 
Вчера го регистрирав Кадетот, а сега ми е ближи и Ескордот за регистрација. Абе сте знаеле дека ако возилото се води на лице помладо од 22 години, се плаќаат додатни 1.000 денари осигурување? Демек неискусен незнам што, а веќе имам 3 години возачка (и ситни прекршоци), а некој може да има и 30 а да е камен од возење. Свашта. Инаку според ланската регистрација, поефтинета е за некои 1.000 денари (т.е. мене ми дојде исто со новава регулатива:uvo:), за 1.6 со 40 KW платив 12.000 денари.

Инаку за менувањето на табличките... Навероватно ке причека додека не се среди проблемот со името, па ке возиме таблички на кои ке бидат слични на оние од Е.У. со ознака на државата. (која, допрва треба да се одреди)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom