RED BULL GRAVITY CHALLENGE

  • Креатор на темата Креатор на темата KembaW
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Возраст
31
КОЈ МОЖЕ ДА ГО ПОБЕДИ ЊУТНОВИОТ ЗАКОН?

Пред околу 300 години, на господинот Њутн, седејќи под дрво за време на еден попладневен одмор, од нигде никаде му паднало нешто на памет – изгледа јаболко! Тоа можело да биде и јајце кое го испуштила птица додека прелетувала горе. Како и да е, таа случка е заслужна за формулацијата на Њутновиот закон за гравитација.

Red Bull Gravity Challenge бара остроумни студенти кои ќе ја надмудрат гравитацијата со својот генијален изум. Предизвик: Да лансирате јајце од висина од 15 метри и да се погрижите тоа безбедно и неоштетено да слета на земјата.

Покажи му на добриот стар Њутн како тоа се прави – припреми скица, пријави се до 08.04.2015. и освој тандем скок со падобран за тебе и твојата екипа.

Дознај повеќе и пријави се на:
www.redbullgravitychallenge.mk

Пријавувањето трае од 15.03.2015. до 08.04.2015.

Следи нѐ преку #letaneomlet

RED BULL GRAVITY CHALLENGE
Скопје – 26.04.2015.


ПРАВИЛА

Екипа

Тимовите треба да бидат составени од три члена. Само еден член од тимот ќе се качи на платформата, а останатите членови ќе ја анимираат публиката.

Јајце

Користете обично јајце (живо, со тежина поголема од 53гр.). Јајцето ќе го обезбеди организаторот.

Летечката направа

Големина: Вкупната големина на летечката направа треба да биде до 1 метар кубен – со висина од 1 метар, ширина 1 метар и должина 1 метар.

Тежина: Летечката направа не би требало да биде потешка од 5 килограми, со цел да не се оштети зоната за слетување.

Материјал: Летечката направа не треба да биде направена од било кој материјал кој би можел да претставува опасност за околината во случај да се скрши. (Предлози за лесни материјали: стиропор, картон, целофан, најлон, пластика, и сл.)


Критериуми за оценување:

Организаторот ќе го оценува слетувањето:

- Доколку дојде до оштетување на јајцето = 0 поени
- Доколку јајцето преживее, но не ја допре земјата = 1 поен
- Доколку јајцето преживее и ја допре земјата, но не во зоната за слетување = 3 поени
- Доколку јајцето преживее, ја допре земјата и слета на означеното место = максимални 5 поени

Жирито ќе ги оценува:

- Креативноста, изгледот и техничките карактеристики на летечката направа
- Стилот на летање/ падот
- Исто така, ќе го оценува и шоу настапот на останатите членови од тимот!

НАГРАДИ

Додека вие ги подготвувате лудите летечки направи со кои ќе го побиете законот за гравитација, ние ви припремивме уште подобри награди.

Победникот на Red Bull Gravity Challenge-от го чека сличен пад, само од малку поголема височина! Скок од авион за целиот тим! За оние кои не се подготвени да го почувствуваат слободниот пад, ги очекува една од најпознатите камери на светот – GoPro.

Тимот кој ќе го освои второто место ќе го облечеме во супер-кул Red Bull дуксери.

Тимот на третото место ќе освои онолку Red Bull лименки, колку што килограми ќе има натешкиот член во тимот. (На пример, 80 кг. = 80 лименки Red Bull)

RED BULL GRAVITY CHALLENGE
Скопје – 26.04.2015.
10561683_663529707108508_5177357415617763195_n.jpg
 
Добро, со домашно изработен дрон може да се учествува? :D
 
Баш јако, очекувам уникатни "летала". :icon_lol:[DOUBLEPOST=1426639083][/DOUBLEPOST]
 
Добро, со домашно изработен дрон може да се учествува? :D
Детални правила:
  • Ќе се натпреваруваат 15-20 екипи
  • Натпреварувачите мора да имаат над 18 години
  • За да го збогатите настапот можете да креирате костими и да користите музика
  • Настапот трае 1 минута
  • Јајцето ќе се фрла еднаш, и тоа од висина од 15 метри
  • Летечката направа не смее да биде потпомогната од електронски уред, ниту пак да се управува со помош на далечински управувач
  • Организаторот и останатите од тимот ќе ја прават селекцијата
  • Селекцијата ќе се врши врз основа на предадените скици и креативноста на пријавата
  • Тимовите кои ќе учествуваат ќе ја добијат потврдата и сите потребни информации две недели пред настанот
  • Пријавувањето трае до 08.04.2015
 
Прва и трета награда многу примамливи,посебно скоков со падобран,мора да се пробаме(y)
 
Само еден член од тимот ќе се качи на платформата, а останатите членови ќе ја анимираат публиката.

Хахаха не иде така братоу на прва плуќа се пушта на другарчето.
 
Ajde be Peja.Ama kajgana da ne go napraime jajceto :D
 
Повеќе тимови од форумов да се натпреваруваат кој ќе направи од јајцето подобра кајгана :D
 
Интресна идеја. Само тешко е да го изведеш сето ова и да го сочуваш јајцето да не се скрши...
 
20-годишен дечко бара тим за натпреварот. Perks кои може да ги понуди за да придонесе:

- Танц
- Чантови
- Сам по себе нуди дополнителна мотивација за соиграчите
- 50-50 шанси за успешен хумор
- Пее шабанско, ако го замолиш и фрлиш некоја паричка дури може и женски изведувач да интерпретира
- Со самата негова појава шири харизма
- Познавања од старогрчкиот јазик
- Лојален.

Негативни страни:

- Нема апсолутно никакво познавање од физика, Интерстелар е крив за тоа.

Гарантирам барем еден поен за креативност.

Контакт: Најблиската кафана.
 
Кемба, не му лајкуј брат, батали го. Многу е сериозен, ќе ни ја уништи забавата. Блада ова дека шансите за хуморот да му успее се 50-50. Исто ко што е 50-50 да видиш диносаурус на улица (или ќе го видиш или не).

Од горенаведениве подточки, само за старогрчки и шабанаријата е искрен, што значи :D
 
И не е лојален башка,20 пати го смени мислењето за маршот :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom