Rectify

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Нова серија од продуцентите на Breaking Bad, и јас ја гледам :icon_lol:.

Имено се работи за затвореник осуден на смрт кој што е невин и има поминато едно дваесет години позади решетки чекајќи ја својата смртна казна. И нормално тука доаѓа ДНК тестот кој што го ослободува од обвинението. Жанрот на серијата е психолошка трилер драма за него и животите на неговите блиски и тоа како се спарвуваат со оваа новонастаната ситуација, дејствието е во мало американско градче каде секој се познава со секого мала средина со големи озборувања :icon_lol:.

 
H

HoT IcE

Гостин
Интересен трејлер, приказната е мех, ама со самото тоа што е дело на продуцентите од ББ, можам да замислам каков character development ќе има ликов. Ја ставам на watchlist дефинитивно.(y)

П.С Abigail Spencer:love:
 
M

macgowan

Гостин
Добра серија. Лани ја изгледав првата сезона, втората е најавена за јуни, на Sundance channel.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Добра добра, чекам да почне втора сезона, првата заврши брутално.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Нова серија од продуцентите на Breaking Bad, и јас ја гледам :icon_lol:.

Имено се работи за затвореник осуден на смрт кој што е невин и има поминато едно дваесет години позади решетки чекајќи ја својата смртна казна. И нормално тука доаѓа ДНК тестот кој што го ослободува од обвинението. Жанрот на серијата е психолошка трилер драма за него и животите на неговите блиски и тоа како се спарвуваат со оваа новонастаната ситуација, дејствието е во мало американско градче каде секој се познава со секого мала средина со големи озборувања :icon_lol:.

Всушност и откако ќе се изгледа првата сезона (само 6 епизоди) останува чувството дека Даниел не го познаваме ништо подобро отколку кога го запознавме во првата епизода. Не ни се наговестува дали е виновен или не, од една страна страна е неговото признавање на вината, а од друга несовпаѓањето на ДНК. Тоа всушност и ги дели луѓето и во малото место, иако повеќето веруваат дека Даниел е крив. Во секој случај одлична серија - драма, дејствието е споро, но не фрустристрирачки споро туку секој дијалог и секое молчење има своја длабочина и значење, гледачот лесно се „зближува“ со Даниел и сака да верува во неговата невиност, но со една доза на разбирлива сомничавост и се чека на секоја негова наредна реакција. Не може гледачот да не се запраша дали е можно еден навидум нежен човек како Даниел (кој бос ужива во тревата на теренот за безбол) всушност да биде таков монструм? Кој е вистинскиот убиец која му ја креде младоста на ова младо молчеливо и несигурно момче? Одличен опис на животот, обичаите и карактерот на луѓето од едно мало место на југот во рурална Америка, луѓе полни со предрасуди, но повеќето искрени во своите убедувања (било да се точни или погрешни), одлична слика на тоа како една трагедија (во случајов вршење на криминал) ги погодува животите на целото семејство и пошироко на целото селце. Се чини дека тоа е и намерата на серијата, да ни опише како затворот (само еден настан) влијае на животите и тоа не само на осудениот, туку на целото негово семејство, како луѓето се справуваат и го носат во себе тоа бреме, како се менуваат и протресуваат животите на фамилијата на жртвата и нивната потреба виновникот да биде казнет по секоја цена, додека пак вината односно невиноста на Даниел е ставена во сенка. Во секој случај серија која вреди да се погледне, лично јас со нетрпение ја чекам втората сезона.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Ќе ја спуштам дефинитивно.
Иако е од истите продуценти серија како BB нема да има...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Почна втората сезона :icon_lol:.

 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ништо помалку од првата сезона, еднакво добра, мирна,со доста драматични сцени како се доближуваме до крајот на сезоната. После такво финале, очајно е да се чекам скоро една година :unsure:

Даниел е многу комплексен лик, толку добро е доловен, посебно се разочарав сега кога можеби ново осудување му е на повидок, со шокантната сцена на крајот од сезоната кога го дадоа телото на Џорџ мртво во езерото. Сега дефинитивно знам дека тој не е виновникот, после сето ова “поправање“ да не речам, или прочистување од погрешната пресуда, јасно ми е. Морничава беше сцената кога повторно ја реконструираше целата сцена и како Хана, невиното 16-годишно девојче ги задоволувала неговите пријатели, а тој не бил во можност да има однос со неа. Многу добра ми беше сцената во супермаркетот, кога едни сакаа да се сликаат со “убиецот“ па Даниел кога се налути и овој почна да го вика психо, лудничав, закон сцена.

Го мразам Тед, го мразам од дното на душата после целиот тој однос со Тони, и како успеа да го уништи бракот и таа се сврти кон прегратките на Даниел. Инаку едноставно предосеќав дека ќе доживее спонтан абортус, не знам некако знаев дека такво нешто ја очекува, мислам дека не го сакаше детето, т.е не го сакаше поради тоа што беше од Тед.

Нестрпливо ја очекувам 2015, поточно лето 2015. Прочитав дека третата сезона ќе има 6 епизоди како прва, се навикнав овие два дена на 10 епизоди, баш сакам барем секоја сезона по толку да трае, ептен малку е 6 за серија како оваа, во која има баш да се доприкажат повеќе односите меѓу ликовите.

Кој ја нема уште почнато, време е, таман 16 епизоди ќе ви се соберат.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.610
Поени од реакции
11.154
Знае некој кај може да се гледа онлајн?
Имам проблеми со торентот за втора сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom