Рецепти од цвекло

  • Креатор на темата Креатор на темата alokin15
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
152
Поени од реакции
7
знае ли некој рецепт за салата од цвекло..
 
Знам една со цвекло и ореви, мене ми е вкусна, сепак е вкус во прашање...

Пола кило цвекло
200 грама ореви
лук 2 чешлиња
сол по потреба
мајонеза

Се ренда цвеклото од грубата странана рендето, оревите ситно се сецкат и се додаваат, лукот се пасира и сол по потреба. Се меша добро и се додава мајонезата, подобро е ромулада (не го знам точно како се вика на македонски) Се остава да стои добри 2/3 саати да омекне цвеклото, најдобра е кога е оставена преку ноќ.
 
единствено оваа салата од /со цвекло ми се допаѓа и во зимскиот период често ја јадам

vinegret.jpg
http://famousfashionista.com/2011/04/russian-vinegret-recipe-with-beets-sauerkraut-–-винигрет/

пробајте- фантастична салата(доколку јадете и сакате свеж кромид во салата);)
 
Јас оваа ја знам:

Цвекло салата

Потребни состојки:
- 1тегла со цвекло(1кг)
- 1кг варена телешка кртина
- 4варени компири
- 4лажици мајонез
- 500гр павлака
- сол по вкус

Подготовка:
Цвеклото ситно се сецка и се става во цедалка да се исцеди. Вареното телешко го сецкате ситно, исто и компирите. Мешате се заедно и ја додавате павлаката и посолувате, па го додавате и мајонезот на крај.
п.с.Наместо телешко може да ставите варен пилешки стек :)
 
Состојки:
1 тегла цвекло
500гр павлака
100гр сирење
2 јајца
2 лажици мајонез

Цвеклото, сирењето и јајцата се рендаат, може и ситно да се исечкаат но првата опција ми е подобра и побрза, потоа се мешаат со павлаката и мајонезот и тоа е.
 
Детската, онаа витамини што пука, ја знам :)

Рендано сирово цвекло +морков + репка, малку масло, сол и јаболков оцет.

И имаш ултра шарена ем здрава салата.
 
Запечено цвекло
-400гр. цвекло
-1 лажица црвен пипер
-200гр. моркови
-2 лажици маслиново или обично масло
-1 мала лажица ким
-1 мала лажица кари
-50мл. вода

Цвеклото излупете го и исецкајте го на коцкички големи 1x1 см. Исечете на големи парчиња и морковите.
Потоа соединете ги, измешајте со малку маслиново масло, додадете го мелениот ким, малку кари и црвен пипер.
Додадете малку вода (само да го покрие дното на садот за печење) и печете поклопено во рерна околу 30 минути.
Потоа тргнете го капакот, па печете уште 15 минути.



 
Детската, онаа витамини што пука, ја знам :)

Рендано сирово цвекло +морков + репка, малку масло, сол и јаболков оцет.

И имаш ултра шарена ем здрава салата.



Е ова кај нас многу се јаде, се изрендано зелка, морков, цвекло, краставички што се најде во фриждер. А знам еден сок од лимон моркови и цвекло кој го препорачуваат за бремени жени и оние со слабо железо ги цедиш на соковник стојат цела ноќ и по 24 сата ставаш 10 кила вода. Витаминска бомба-)
 
Салата од цвекло со пилешки стек.
1 тегла цвекло,
500гр.пилешки стек,
2 павлаки,
1 чаша од павлаките мајонез ,сол,црна пипер и оригано.
Цвеклото се сецка на коцки, пилешкиот стек се вари со вегета,откако ќе се свари да олади и се сецка на коцки и сето заедно се меша ,се додаваат,павлаките и мајонезот и зачините и се декорира.Добар апетит ..преубава е .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom