Тие луѓе немаат идеи за бизнис, така да не гледам потреба воопшто да бидат спомнувани во темава.
Оние со идеи, се снаоѓаат и сами. Посебно не им зависи бизнисот од лаптоп.
Сопственик сум на 3 мали бизниси, и уште 2 кои ќе бидат започнати/реализирани во наредниве 12 месеци. Започнати од 0, правилно растени, без да преварам никого.
Имам потенцијал, и воедно голем ми е.
Во секој случај, лоша проценка ми удри. Не би ти дал моја идеја да процениш, рака на срце.
Се извинувам за погрешната проценка! Ти посакувам успех и со постоечките и со новите бизниси... Како таков барем ти би требало подобро да знаеш дека е потребно некој да ти даде само поттик, а не милион долари за да започнеш... контрадикторен си во изјавата, ти си тој кој треба да им каже на младите дека може да направат нешто од ништо и да им даде малку желба да направат нешто со себе... а не да плукате по луѓе кои се трудат да им објаснат дека не е се така црно.
Во секој случај, јас не оценувам ничии идеи... јас сум само организатор на настанот... проценката за тоа ја оставам на некој кој објективно би го направил тоа и има зад себе барем 20 години искуство!