Разлика во години помеѓу децата

Со брат ми сме пет години разлики али јас би рекла колку помала разлика толку подобро... Штознам некаде околу три години е идеална разлика според мене...
 
Па јас со едната сестра сум разлика 2 и пол години,со брат ми 7 и со другата сестра 8 год и за разлика од моето мислење дека е подобро децата да се на помала разлика јас подобро се сложувам со постарите..И да блискоста не зависи од разликата во годините..
 
И со брат ми и со сестра ми сум разлика 8 години :tapp: Односите ни се ОК, ама сепак мислам дека е подобро помала разлика во години...
 
Јас со брат ми сум 2 години и супер ми е
 
Мислам дека нема некое посебно правило,како е подобро.
Јас од лично искуство не можам да зборам, дека немам ни брат ни сестра, но кај луѓево општо приметувам дека оние со помала разлика во години се поблиски и поотворени едни кон други, заедно искачаат итн.
Сепак, нормално, како и секогаш - исклучоци ИМА и тоа во поголем број. Има со голема разлика меѓу нив, а се премногу блиски.
 
Јас сум за помала разлика...со сестра ми сме разлика 1година и 8 месеци и мислам дека за се може да ме разбере и дека горе долу се соочуваме со исти проблеми:smir:
 
Јас сум родена на 23 декември 1989 година а сестра ми е родена на 21 декември 1988 :)
 
Со сестра ми сум разлика 1 година , нема голема разлика :)
 
Со сестра ми сум 1 година и 10 месеци разлика-2 години де :). Повеќето блиски околу мене, другари, другарки имаат разлика со сестра/брат, 2 години. Сметам дека 2-3 години е идеалната разлика меѓу децата.
 
глупо е голема разлика во години
 
Јас со брат ми сум 6 години и мислам дек не само според мене и него глеано туку според сите со поголема разлика,имат несогласувања а посебно и ако се + спротивен пол :toe:
 
Со сестра ми сме 4 години разлика, сега супер се сложуваме, но порано не беше така, бидејќи беше мала и немаше разбирање за мене :). Сега си помагаме многу една со друга. Сепак, мое мислење е дека две години е идеална разлика, да бидат поблиску со возраста.
 
Со брат ми сме 4 години разлика, добро функционираме не да не, ама што помала разлика толку поголема блискост ( според мене )
 
4 години сме разлика со брат ми тој е поголем,лошо ми беше порано кога бевме помали секогаш јас јадев ќотек и немав право на глас...али сега супер си се сложуваме 2 години се немаме ни скарано ни степано! А и убаво е да имаш поголем брат,можеби затоа што имаш во куќата некој што брзо поминал низ твоето и знае да ти го даде вистинскиот совет,можеби самата помисла дека имаш некој да те заштити таму во надворешниот свет освен мама и тате!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom