Разговор самите со себе (сегашните и 10 годишното дете)

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување
Не туку си затрчал по кариера, амбиции, пари обврски и стресови, живеј опушти се, насмевни се опијани се... Може утре ке те нема!

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Биди погласна,фати спортувај нешто и не се нервирај за глупости бе зелена една.Појма немаш од животот,не туку се прави паметна за се и сешто,седи си мадро кај што ти е местото.Ај здраво!
 
Штотуку ја дуваш тортата со десетка на нејзе и се сретнуваш со мене, ти од иднината... :icon_mrgr:
Во моментов се наоѓаш во Шведска и ако не се вратеше во Македонија, можеби животот ќе ти имаше сосема поразличен тек. Ситуацијата во државата не е најсјајна, ама за добра свиња како тебе, нема лоша помија, предизвици како успех во срање услови ти се омилени, па и да останеш во Македонија нема да згрешиш. За некој месец ќе го видиш голот на Џалмиња против Барселона, а Депортиво ќе ти стане важен дел од животот. Да не правиме муабет на каква дрога ќе налеташ за некоја година. Низ вените ќе ти протече црвено-црна крв, колку и да се обидуваш да се отргнеш, нема да има спас. На прсти ќе се бројат оние кои ќе ја сфатат љубовта кон Вардар, останатите никогаш нема да ја разберат и секогаш ќе те сметаат налудничав поради тоа. Тоа нема да биде единствената причина поради која ќе те сметаат за нетокму, затоа што општо земено правиш потези кои другите ги примаат со доза на чудење и сомневање во твоето разумно размислување. Дури и најблиските ќе го мислат тоа, ама никој никогаш нема да ти каже во фаца, барем не досега :icon_mrgr:
При секоја голема одлука ќе потегнеш грешен потег. Затоа, ако се најдеш во огромна дилема, секогаш одбери го она што мислиш дека не е правилно. Дозволуваш да те водат емоциите во секоја ситуација. Нема да имаш непријатели, не знаеш да му се налутиш на никого на подолг рок иако знаеш да бидеш остар на јазик и агресивен кога си сведок на неправди. Што да ти препорачам? Искорни си го срцето, немај емоции, биди малце себичен и ладен. Добрата меморија што ја имаш и во моментов, покрај тоа што ќе ти биде голема предност, ќе ти зададе и голема болка. Сеќавањата никогаш нема да се изгубат целосно од твојот мозок. Убаво е да се присеќаваш на убавите моменти, болката доаѓа кога се навраќаат сеќавањата за моментите кои веќе се минато, луѓето кои некогаш значеле нешто, но во иднина ќе бидат само странци во твојот живот, луѓето кои си ги изгубил... Тежок носталгичар си, и голем плачко. За една година ќе ја продадете помаранџестата пегличка и погоди што? Ќе плачеш по нејзе...
Ќе плачеш на секоја тажна сцена од филмови, ќе плачеш кога ќе ги гледаш снимки од среќни моменти во минатото без разлика од која област, а да не збориме какви трауми ќе ти предизвикаат губењата на домашните миленици.
Можеби ти изгледа чудно, ама со текот на годините ептен ќе сакаш да чуваш мачиња. Огромен љубител на мачки ќе станеш. Колку повеќе ќе ги засакуваш, толку помачно ќе биде кога ќе го изгубиш миленичето. Од сегашна перспектива би ти препорачал да не чувал мачиња, немаш среќа ниту со нив, деветте животи ќе ги потрошат за многу кратко време.
Во иднина ќе се радуваш на мали нешта, ќе знаеш да цениш добрини и да ги почитуваш постарите. Ќе им помагаш на сите, а нема да очекуваш ништо за возврат. Често луѓето ќе ја изиграат твојата доверба, па ќе се навикнеш и нема ниту да се разочаруваш повеќе. Не си ни ти цвеќе за мирисање, ќе се оддалечиш од некои роднини што многу ти помогнале (и ќе ти помогнат во животот), затоа никогаш не заборавај што си велел како помал и стои си на зборот...
Родителите ќе бидат секогаш крај тебе, кога ќе пораснеш никогаш не ги оставај сами кога нема да можат целосно да се грижат за себеси. Можеш и малку повреден да бидеш по дома, особено во средношколските денови.
На таа возраст не го разбираш значењето на "Ќе пораснеш сине, ќе сфатиш еден ден некои работи", ама ќе дојде и тој ден. Жал ми е што ќе се разочараш, нема бегање од тоа.
Те чекаат години во кои ќе направиш милион глупости, ќе имаш милион работи за паметење :icon_mrgr:
Ама после тоа ќе имаш неколку ГОДИНИ вредни за заборав, па повторно ќе те дочека убав период од животот. Со сите се однесуваш пријателски, не ги делиш луѓето според интелегенцијата и имаш пријатели од секаков тип на луѓе. Ќе стекнеш одлично пријателство низ годините поминати на трибина, а скоро цело останато друштво ќе ти биде од населба. Треба и мора да си подружељубив, особено во средношколските денови, со другарите од клас. Излези некогаш со нив (не само за време на часови, туку и за викенди), нема да ти избега друштвото од населба :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
Верувај дека постои другарство меѓу машко и женско, дали дека си грд или не знам што е работата, ама ќе имаш неколку другарки со кои ќе имаш супер односи :icon_mrgr: Полесно ќе ти биде да се отвориш за некои работи кои ти претставуваат тежина пред другарите, отколку пред другарите. Да знаеш дека внимателно треба да одбираш пред кого ќе се отвориш целосно, не секој сака да слуша работи што не го интересираат, ниту пак ќе те разбере доколку го нема доживеано истото. Прашај паталец, а не гаталец... :icon_mrgr: Од друга страна ти ќе бидеш рамо за плачење на сите, ако на некого од блиските му е тешко, знае каде треба да се обрати. Ќе имаш некоја моќ да шириш позитивна енергија, секогаш ќе си насмеан и поради тоа никој нема да те сфаќа сериозно. Еднаш едно девојче ќе ти рече дека зад насмевките на оние кои секогаш ги имаат на своето лице, секогаш се крие човек со најголеми проблеми. Можеби... :icon_mrgr:
Ќе го работиш тоа што никогаш не сакаше да го работиш. Ќе ти се уарни... А и според другите си добар во истото. Никогаш нема да го гледаш тоа како успех, туку си го сметаш како должност. Би ти препорачал подобро да размислиш кога треба да го направиш изборот за факултет. Не знаеш дека имаш огромен потенцијал за факултетот кој не го одбра, а од финансиски план ти е by far подобра опција. Ама парите и онака ништо нема да ти значат... Земи купувај си поубава облека, земи и по некоја кошула, џемперче, ќе почне да ти се допаѓа и нешто вакво после сто години :icon_mrgr:
Ќе растеш во време кое воопшто нема да ти се допаѓа, време во кое ќе бидат загубени сите вредности. Имаш успех на љубовен план додека не влезеш во годините кога девојките бараат нешто повеќе од поклонување на целиот свој свет :pos::pos::pos:
Тежок баксуз си, имаш интереси од области во кои имаат интереси и луѓе кои воопшто не ти одговараат и не те прилекуваат, а те привлекуваат луѓе кои воопшто немаат исти интереси како тебе. Никогаш, ама никогаш не се залетувај во врските како да ти се последни. Каков вол си непелцован, за тежок ќотек плачеш. Однесувај се на ист начин како што си правел на 13-14-15-16 години... :icon_mrgr: Како само стана тежок емотивец, ебате тоа ебате...
Знаеш дека тоа што го правиш е грешно, ама продолжуваш затоа што срце не ти дава да повлечеш разумен потег. Никогаш немој да се каеш за што и да си направил, јебига, било поминало :icon_mrgr: Ти препорачувам грешката секогаш да ја бараш кај себе, освен тогаш кога не е до тебе, а за жал ќе си префрлаш вина скоро секогаш, дури и кога си целосно во право. Пробај смени го тоа, ама мислам дека нема да има лек за таа глупава наивност. Одлучи си што ти треба во животот, карактер или убавина. Убавината е минлива, карактерот на луѓето НИКОГАШ не се менува.
Ќе му се потсмеваш на професорот по филозофија од средно. Ќе го гледаш како сам си шета низ градот со едно чадорче крај него. Неоженет, без деца, веројатно полн со размислувања за животот. И ти ќе имаш во иднина еден куп вакви дни, ќе одбиваш излегувања со друштво, за да си одвоиш време за себеси. Ќе шеташ како улав по улици, ќе се разинуваш со професорот филозофија и се повеќе ќе сфаќаш дека веројатно и твојот живот ќе биде таков. Гледај да не биде, сакаш деца, знаеш дека ќе бидеш најдобар татко, креативен си, ќе направиш се за нив, цела љубов на светот ќе им ја дариш. Жалосно е децата да останат без твојата љубов :icon_mrgr:
Поим немам што да ти кажам, ти кажи ми што да правам, како да продолжам? Сакам да патувам, ама не како што ти патуваш со мислите на твојата возраст... :icon_mrgr:
Фрик си и на 10 години и сега :icon_mrgr:
Имаш талент за пишување, иако ќе имаш неколку неуспешни обиди да напишеш книга, никогаш не се откажувај :icon_mrgr: Учи ги само оние предмети кои знаеш дека ќе ти требаат за на факс, не губи време на другото, никогаш нема да ти притреба. Нека не те лажат од дома дека ќе треа да бидеш одличен за да се запишеш на факс, и со 2.00 просек ќе влезеш во државна квота, никој не е будала да се запишува на толку тежок факултет :вонзем: Во средно ќе изгубиш многу време на гејминг, би ти препорачал поразумно да го трошиш времето. Не се плаши, никогаш нема да заиграш игри од типот на дота и лол :icon_lol:

п.с. типката на која го дркаш во моментов и има најголеми цицки во одделение, никогаш нема да ја дупиш, џабе те свиѓа во моментов :icon_mrgr: Лузер :icon_mrgr:

п.п.с ќе се појави едно ново зло во општеството наречено млади сили на политичките партии, никогаш да не си се зачленил во нешто такво, нема поголем шлајм :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Замислете ваква ситуација. Се сретнувате во затворена соба Сегашните/Моменталните Вие и Вие како дете кога сте биле на 10 годишна возраст. Имате 2 минути да си напрвите муабет самите со себе, било тоа да му дадете некој совет за во иднина, било тоа да го прашате нешто и да му помогните, буквално се што ќе ви падне на памет.
Што би му кажале на детето? :)

Коњаникот ако го стаса она во 2 минути, јас го деактивирам акаунтов на форум :D
 
Јас искрено би го посоветувал тоа 10 годишно дете да научи да живее со тоа што ќе му се случува во иднина и да ги прифати тие работи како дел од себе и како еден вид поука за да не дозволи да го надвладеат емоциите и да превземат контрола врз него, односно да научи да се помирува со некои лоши работи што ќе му се случуваат и тука не мислам на тоа да се заборават тие работи целосно, туку на тоа дека треба да се прифатат како дел од себе и дека треба да се извлече само поука од нив и да се носат во себе само како еден вид на потсетник, иако и тоа сега искрено изгледа понекогаш како невозможна мисија,. Друго би го посоветувал да не се обидува да бара секогаш одговори за некои работи зошто едноставно понекогаш за некои работи не можат да се најдат одговори туку едноставно да ги остави работите такви какви што се и да продолжи по патот.
 
Биди погласна,фати спортувај нешто и не се нервирај за глупости бе зелена една.Појма немаш од животот,не туку се прави паметна за се и сешто,седи си мадро кај што ти е местото.Ај здраво!
^Истово + не губи време по форуми ..the trouble is, you think you have timе, запомни, времето е скапоцено искористи го максимално.
 
Познавајќи се себеси, минатата и сегашната, познавајќи го својот инает, знам дека што и да кажам, нема да биде земено предвид, само ќе влезе од едното и ќе излезе од другото уво.

Пред неколку дена најдов некои стари дневници, баш од периодот кога сум имала 10-14 години.

Што би направила? Би се гушнала. Би го гушнала тоа 10 годишно девојче и би и рекла само: „Да, не се изненадувај, луѓето се навистина ужасни. Како што ќе растеш, ќе бидат поужасни. Подготви се и заштити се од злобата.“

Се друго нема да има ефект. Еднаш инает, секогаш инает. :jajce:
 
Да биде упорен и да не се откажува толку лесно, да не биде срамежлив и се останато да остане непроменето.

Да го сфати сериозно кажаново, а ако не го сфати тогаш на 21 година ќе се осеќа најмизерно на цел свет иако ќе изгледа океј на прв поглед.

Follow your dreams kiddo пошо без тоа си дно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom