Раздвижувања на турското малцинство во соседството

  • Креатор на темата Креатор на темата MKEUpatriot
  • Време на започнување Време на започнување
40
ТУРЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СФАТИ БЕЗ МЛАДОТУРСКАТА РЕВОЛУЦИЈА
A6FE7291147D3F46BA4DD77865DDFE2D.jpg

Интервју: Зафер Топрак, директор на Институтот „Ататурк“ за модерна турска историја во Истанбул



Господине Топрак, минатата година се навршија сто години од Младотурската револуција, која остана во колективната меморија на македонскиот и на сите други народи што живееја на македонските простори. Таа започна во Ресен, Битола и во Солун, а ја дигнаа младите турски офицери. Зошто таа се дигна токму во Македонија, која тогаш беше во составот на Османлиската Империја?

- Ние велиме Младотурска револуција, но таа е реформска револуција на Османлиската Империја. Македонија во тоа време беше највлијателна и најмодерна држава во Империјата. Таа беше нејзин центар, не само економски туку и интелектуален и културен. Сите нови и современи идеи од Европа во Османлиската Империја доаѓаа преку Македонија. И многу е логично Младотурската револуција да почне од Македонија. Тоа беше реалноста на тогашното општество на почвата на овој дел од Империјата. Од ова реформско движење немаше полза само Османлиската Империја туку сите народи во регионот, целиот Балкан и светот. Затоа е многу логично тоа што ние денес токму во Македонија го организиравме научниот собир по повод стогодишнината од тој голем настан. Револуцијата во 1908 година колку што е важна за Турција толку треба да биде важна и за Македонија.

Резултатите што ги постигнаа младотурците беа половични. Главните водачи на Младотурската револуција не ја зазедоа власта, а ветувањата што им ги дадоа на народите што живееја во Империјата не ги исполнија. Зошто?

- Според мене, револуцијата успеа. Почетокот на парламентарниот систем што и ден-денес е во Турција е во 1908 година. Реформските процеси што беа започнати тогаш и денес се рефлектираат на просторите на тогашната територија на Османлиската Империја. Почетоците на многу права што ги имаат сите народи и народности треба да се бараат во Младотурската револуција. Треба да се знае и тоа дека таа не е причина за пропаѓањето на Османлиската Империја. По 1914 година пропаднаа сите светски империи, не само Османлиската.

Колкаво влијание имаше Младотурската револуција на идеите на Мустафа Кемал Ататурк во создавањето на денешна современа Турција?

- Модерната турска историја започнува во 1908 година. И Кемал Ататурк е младотурчин, а идеите на Младотурската револуција извршија влијание на сите тогашни познати идеолози. Почетокот на една нова ера на турската цивилизација е во 1908 година. Тогаш завршува една ера, а започнува друга. Да не беше Младотурската револуција, немаше да се создадат постојните национални движења и национални држави. Најголемата војна на Турција е од 1912 до 1920 година. Тоа беше многу значајно време за неа. Сите што беа со Мустафа Кемал Ататурк беа младотурски револуционери. Тие беа на власт во Турција до 1950 година. Младотурскиот револуционер Џелал Бајар беше лидер на моќната Демократска партија на Турција. Никој не може денес да ја разбере современа Турција без Младотурската револуција.

Познато е дека Ататурк е роден во Солун, меѓутоа кај нас има тврдења дека неговите родители се доселени од Коџаџик, село во дебарска Жупа, Македонија. Какви се сознанијата добиени од турските извори?

- Во Турција идентитетите на сите луѓе се различни. Еве да почнеме од мене. Ако се вратиме триста години наназад, ќе видиме дека имам многу идентитети. Како што е познато, Турција беше империја, држава на многу народи, нации и идентитети. И затоа кај нас не е толку важно кој што бил и од каде потекнува. Во Турција нема човек кој нема корени од балканските држави и нации. Многумина потекнуваат од Босна, од Албанија, Македонија, Бугарија или од Грција. Во почетокот на 20 век во Истанбул се зборувале 40 разни јазици. Сакам да кажам дека за нас Турците не се битни идентитетот и корените на Кемал Ататурк. Ататурк си е Ататурк. За нас е главно тоа што го направил, а од каде е и какво е неговото потекло не е битно.

Идентитетите и потеклото за нас не се толку важни, најбитна работа е да создаваме заедничка иднина.
3248F866D722694BACDA6253FECC2233.jpg


Со Балканските војни Македонија беше распарчена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Според Вас, дали постоеше можност таа да се формира како посебна држава или, пак, да остане како федеративна единица во рамките на Османлиската Империја?

- Причините за распарчувањето на Македонија колку што треба да ги бараме внатре, во аспирациите на државите на Балканот кон неа, уште повеќе треба да се бараат надвор, во големите европски сили. Во 20 век тие извршија инвазија на Балканот. Неговото распарчување, а посебно на Македонија е недоразбирање на големите европски сили. Тоа е реалност на тогашното време, а и Првата светска војна почна токму на Балканот. Верувам дека распарченоста на Балканот и на Македонија ќе се надмине со влегувањето во Европската унија. Според мене, не се многу битна работа политичките граници на една нација и држава, најбитен е соживотот на народите и заедничката иднина.

Секоја балканска држава си ја пишува сопствената историја онака како што и' одговара. Во учебниците има многу невистини за минатото на другите држави, дури и навредливи зборови. Според Вас, што треба да се направи за да се надминат предрасудите наследени од минатото и на идните генерации да им се толкува историјата онаква каква што е?

- Стопанскиот развој на секоја држава е најважно нешто за надминување на таквите состојби. Верувам дека штом ќе се подобри материјалната положба на балканските народи и држави, овие разлики во толкувањето на минатото ќе се надминат. За Македонија е најдобро колку што може побрзо да стане членка на Европската унија. Тоа е иднината, а соживотот и заедничката иднина се најважен фактор за надминување на она што ги делело луѓето во минатото.

Турција и' е пријателска држава на Македонија, ја призна меѓу првите држави, многу и' помогна за време на грчкото ембарго. Како турската јавност, интелигенцијата и обичните луѓе гледаат на ова што ни се случува денес. Грција не ни го признава името, Бугарија - идентитетот, а Србија - Црквата?

- Името Македонија во Турција има посебно место. На нашите врски со Македонија им беше ставен крај со Балканските војни во 1912 година. За нас лулка на Младотурската револуција и на младотурската култура е Македонија, затоа чувствуваме посебна блискост и топлина спрема неа и ја сакаме. До распарченост на Балканот дојде поради националиредентистички фактори. Националните чувства пред 19 век не беа фактори за поделби, туку фактори на заедништво. Радикалните национални чувство што се појавија во 19 век ги оддалечија едни од други луѓето што беа блиски и имаа добар соживот. Треба да се знае дека во овој век ќе се стави крај на сите националистички идеи и држави, зашто во современиот свет нема место за радикалните национални чувства. Во иднина сите ќе бидеме заедно. Потврда за тоа можете да најдете и денес овде во Скопје. Доволно е да прошетате низ неговите улици, да погледнете на излозите и рекламите на продавниците кои се напишани на различни јазици и ќе ја сфатите реалноста за која зборувам. Од година во година се формира заеднички глобален живот на луѓето што ќе ни ја формира иднината. Најдобар пример е Европската унија во која многу држави, народи и народности се заедно. Нејзините идеи се противотров на сите национални движења.

Во Турција денес живеат многу семејства од Македонија. Како се снаоѓаат нашите иселеници во новата татковина, колку се успешни, дали меѓу нив има истакнати личности?

- Сите што се доселени во Турција негуваат топли чувства спрема Македонија. Дај, боже, во иднина на овие иселеници да им се даде и македонско државјанство за да се гордеат и со него како и со турското. Денес во Турција има големи интелектуалци и бизнисмени што потекнуваат од вашата земја. Голем број потомци на македонски иселеници се вработени во администрацијата на турската држава и тие се мошне влијателни во средините каде што живеат и работат и процентуално се најзастапени на клучните места во турското општество. Еве, на пример, мојот близок пријател д-р Ајдин Бабуна, кој заедно со мене и со неколкумина турски историчари учествуваше на научниот собир потекнува токму од Македонија, од Бабуна кај Велес.

Кемал Ататурк предлагал посебна македонска држава
E33C48744C1DF3489A6F9DB26299D772.jpg
Името на Мустафа Кемал Ататурк, творец на современа Турција, тесно е поврзано со Македонија. Роден е во 1881 година во Солун. Има тврдења дека неговото семејство потекнува од Коџаџик, село во дебарска Жупа. Постои и друга верзија дека неговиот татко е исламизиран Македонец и дека во Солун се доселил од областа Голо Брдо, Албанија.

Д-р Орде Ивановски вели дека додека било во Солун, семејството на Кемал Ататурк за свои први соседи и пријатели ги имал Ачковски доселени од Прилеп. Од заедничкиот живот на двете семејства интересно е тоа што Мустафа Кемал бил доен со млеко од жена на Ачковци, која истовремено се породила со неговата мајка, која немала млеко да го дои. Ататурк нема никогаш да го заборави пријателството со Ачковци и тие биле негови чести гости.

Мустафа Кемал се школувал во Воената гимназија во Битола и во Вишата воена академија во Истанбул. Учествувал во речиси сите војни што ги водела Турција во првите децении на 20 век, во Балканските војни и во Првата светска војна, како и во Националноослободителната војна кога бил врховен командант на турската армијата. Д-р Јусуф Хамзаоуглу вели дека Ататурк бил многу образован, начитан и знаел неколку светски јазици. „Од тие причини во сите места каде што престојуваше имаше свои добри пријатели од сите народи, а секако и другари и пријатели - Македонци, меѓу кои беше и професорот по турски јазик во Солунската гимназија Иван Манолов. Тој на Манолов му ги кажуваше своите идеи и планови за реформите на Османлиската Империја, како и плановите за создавање турска национална држава“, пишува тој.

Според д-р Хамзаоуглу, пред Балканските војни Кемал Ататурк предлагал промена на границите на Османлиската Империја и нејзино повлекување на етничките граници на турскиот народ и формирање турска национална држава. „Ако Османлиската Империја сама ги промени своите граници, тоа ќе го стори во своја полза и во полза на турскиот народ. Ако нив ги променат европските сили и соседните балкански држави, тоа ќе го направат на штета на Османлиската Империја и турскиот народ“, велел Ататурк, нешто што не било прифатено. Истовремено предлагал на териториите што ќе останат надвор од границите, меѓу кои се наоѓале Македонија и Албанија, прво да им се даде автономија, а подоцна целосна независност.

По Балканските војни, во 1913 година Мустафа Кемал бил поставен за воен претставник во Софија на Отоманската Империја. Од тоа време се споменува и една негова голема љубовна романса. Според пишувањето на бугарските весници, тој се вљубил во една убава Бугарка, но таа љубов немала среќен крај, зашто тој брзо морал да се врати во Турција.

Мустафа Кемал другарувал и со Јане Сандански, а нивното познанство започнало во времето на Младотурската револуција, кога заедно со Енвер-бег свечено го пречекал во Солун. Според Алтан Делиорман, Ататурк одржувал контакти и со претставници на санданистичкото движење во Софија: „Доаѓањето на Мустафа Кемал Ататурк во Софија во 1913 година среде Македонците создаде голема радост... Македонците се зближија и се спријателија со Мустафа Кемал, кого впрочем го сметаа и за свој сограѓанин, бидејќи тој беше роден во Солун... Од сите емигрантски организации што дејствуваа во Софија, Мустафа Кемал реши да соработува единствено со левицата на ВМРО предводена од Сандански, а која немаше никакви империјалистички претензии кон Османлиската Империја и која мислеше дека ако ги поддржува Турците, во иднина во својата борба ќе може да смета на турска помош и поддршка“, пишува Делиорман и додава дека Ататурк во Софија бил штитен од санданистите и често предупредуван за некои опасности.

Кемал Ататурк бил предлаган и за Нобелова награда за мир, а 1981 година УНЕСКО ја прогласи за Година на Ататурк. Минатата година се навршија 70 години од неговата смрт.
 
ИНТЕРВЈУ СО СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ
18D774E30C2D6D41806BF4F9741C4BEA.jpg

Софија секогаш била дволична спрема Македонија, вели бугарскиот историчар

Вие сте еден од ретките бугарски интелектуалци кoј не се согласува со официјалната историографија на Софија во однос на македонското минато и националниот идентитет на Македонците. Кои се аргументите врз кои ги засновувате Вашите ставови?

- За жал, бугарската историографија личи на товарен воз, на кој периодично му ја менуваат локомотивата (општествениот или политичкиот мотор) и шините (насоката), но товарот останува ист, на националистички и идеолошки отпадоци, вековни илузии и комплекси. Ќе ги спомнам зборовите на познатиот бугарски сликар, карикатурист, Борис Димовски: „Мојата теорија е дека ние не сме едно племе што дошло на коњи, туку сме џган... секогаш сум сметал дека Бугаринот нема определена насока, зашто тој е недокрстен, тој недоцарувал и недоробувал.“ Историографија која не го познава својот објект на истражување (има десетици хипотези за првите живеалишта на Бугарите, какви биле, всушност, и каков етникум означуваат), нема право да дава оцени за другите. Зашто, ако ги прифатиме тврдењата дека Балканот е историски клошар на Европа, Бугарија во тој однос има лидерска позиција во балканскиот свет.

Македонската национална идентичност не ја поставува под прашање светската историска наука. Меѓу попознатите македонисти се академиците Виктор Фридман од САД, Рина Усикова и Ала Шешкен од Русија, професорите Ханс -Лотар Штепан и Волф Ошлис од Германија, Падро Весели од Италија, Бермар Лори од Франција, и други. Меѓу балканските македонисти ќе ги посочам и имињата на Думитру Јон и Каролина Илика од Романија, Златко Крамари и Горан Калоѓера од Хрватска, Соња Долежен од Словенија, Мирољуб Стојановиќ и Радомир Ивановиќ од Србија, итн.

Неоспорен е фактот за присуство на македонски протонационализам далеку пред создавањето на европските нации во 18 век. Развојот на тој процес е отсутен поради конјунктурата на тогашните големи сили Русија, Австрија и папскиот двор во Ватикан. Во нивните амбиции за Дарданелите од 18 век Русија игра на српската политичка карта, а подоцна и на бугарската. Во почетокот на својата експанзија Русија ги третира Бугарите на југ од Дунав како Турци, за време на еленската преродба како Грци, а со изострувањето на борбата меѓу панелинизмот и панславизмот се преориентира и ги признава за Славјани.

Софија води отворена антимакедонска пропаганда, користејќи ги процесите кои по сила на приликите се случуваат последните година. Во Бугарија студираат близу 7.000 македонски студенти, а официјалната власт тврди дека 60.000 Македонци побарале бугарски пасоши, а тоа и служи како аргумент дека Македонците се враќале на „бугарските корени“.

- Притисокот на Софија врз македонските студенти во Бугарија е врз економска и социјална основа. Кога бев раководител на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, кај мене често доаѓаа македонски студенти и се жалеа дека се присилувани да се пишуваат како Бугари за да им се понудат пониски давачки за школување и при издавање разни документи, кои бугарските власти бараат да ги плаќаат. На тој фон фалбите од каде и да доаѓаат за тоа колку Македонци побарале бугарски пасоши се типична појава на цинизам и простаклак. Бугарската држава е маќеа за своите граѓани, а уште повеќе за „новите Бугари“. Затоа и Македонците штом добијат бугарски пасоши, веднаш заминуваат во цивилизираните држави во Европската унија и забораваат дека станале „Бугари“, вклучувајќи се активно во животот на тамошните македонски колективитети. За Бугарија остануваат пропагандните напади.


Сменет поради промакедонски ставови
6DB84090BD4E6F499D3A8CD99B5D9DCA.jpg



Стефан Влахов Мицов дваесетина години предаваше на Филозофскиот факултет на Софискиот универзитет. Во 2004 година му е укината катедрата поради неговите промакедонски ставови, така што остана без работа. Беше раководител на Македонскиот културно-информативен центар се' до назначувањето на Доста Димовска. Роден е во Габрово, Бугарија, во 1956 година. Неговиот татко е Бугарин, а неговата мајка Македонка. Тој е познат бугарски интелектуалец чии ставови се почитуваат во светот. Има објавено 12 книги од различни области. Секретар е на Друштвото за бугарско-македонско пријателство и заменик-претседател на Сојузот на слободните писатели на Бугарија. Од минатата година предава на Универзитетот ФОН во Македонија.

Дали на Македонија и' се заканува бугаризација? Има некои македонски историчари и политичари кои упорно настојуваат да му дадат на македонското минато бугарски печат. Што мислите Вие за тоа?

- Во современиот свет се набљудуваат две тенденции. Од една страна, глобализација на светската економија, а од друга - политичка децентрализација врз основа на етничкото самоопределување. Откако и најмалите етноси во Европа и во светот се борат да формираат свои национални држави, идиотска е дури и самата помисла за реанимирање на фалсификуваниот бугарски череп од минатото. На пример, покраината Косово уште не ја прогласила независноста, почна да го гради својот идентитет, а нејзината сосетка Македонија, која со векови го има тоа и е на политичките карти на Европа, допрва ќе се бугаризира. И меѓу македонските „историчари и политичари“ во тој однос има природно искомплексирани лица, но за нив точна оцена ја дал пред повеќе од еден век бесарабискиот Бугарин, Петар Драган: „За Русија и за Русите треба да бидат важни и мислењата на Македонија, не на оние Македонци што откинувајќи се од својата сопствена народност одамна им се продале на Србите или на Бугарите, туку само на оние славомакедонци што ги поставуваат интересите на својата навистина прогонувана народност највисоко од се', зашто таа се прогонува не само од Турците, од една страна, и од Австро-Унгарија, од друга страна, туку, главно, од браќата Бугари и Срби“ (1900 година).

Се добива впечаток дека по влегувањето во Европската унија, притисок врз Македонците е поперфиден, но посилен?

- Припадниците на Европската унија го отфрлаат национализмот и спротивставувањата на државите за сметка на заедничката соработка. Бугарија влезе во таа организација со стариот менталитет од тогашниот сојуз на економска заемна помош (СИВ). Повеќе да добие отколку да даде. Но, сега е тешко, бидејќи во Европската унија таа нема „голем брат“ околу кого да се приклони како што беше своевремено Советскиот Сојуз. Се поклонуваат де кон Германија, де кон Франција. Националистичката хистерија во Бугарија се должи од една страна на нејзината внатрешнополитичката беспомошност. Од друга страна, некои средини мечтаат да ја претворат ЕУ во оружје на великобугарските интереси. Од трета - националистичката реторика има цел да го одвлече вниманието на народот од високата економска цена која ја плаќа за своето членство. Од четврта, порастот на влијанието на малцинствата во Бугарија, пред се' на турското и ромското, предизвикува страв кај тие кои се доживуваат како „чисти Бугари“. Не случајно, Бугарија и Грција се најшовинистичките држави во ЕУ и истовремено со тоа најзаостанати меѓу 27-те членки. Тоа уште еднаш покажува дека друго име на национализмот е заостанатоста, неспособноста, ретроградноста.
 
И покрај одлуката на Стразбур да ја регистрира ОМО „Илинден“ - ПИРИН, Софија одбива. Дали не се крие нешто друго зад тоа?

- Зад откажувањето да биде вратена регистрацијата на Партијата на македонското етничко малцинство се гледа истата паника што ја тресе и Грција поради македонското малцинство таму. Државната пропаганда труби дека нема македонско малцинство во Бугарија, но се откажува да го искористи најсилниот доказ во такви случаи, т.е. да ја регистрира ОМО „Илинден“ - ПИРИН и преку нејзиното учество во изборите да го провери нејзиното влијание. Во Бугарија има регистрирано повеќе од 300 партии, две третини од нив не учествуваат на избори. Случајот со ОМО „Илинден“ - ПИРИН не е таков. Нејзиното влијание ја надминува Пиринска Македонија зашто Македонци живеат речиси во цела Бугарија. Дел од нив се стари преселници од Македонија, други принудно иселувани од Пиринска Македонија во последните десетлетија. Токму сериозните резултати од единственото учество на ОМО „Илинден“ - ПИРИН доведува до одземање на нејзината регистрација.

361B8DD95AD4F84295308A32DD3B4320.jpg

Како да се надминат рецидивите од минатото? Не можеме да влеземе во современа Европа, а со нас да го носиме и багажот од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век? На крајот од краиштата, Македонија и Бугарија треба да бидат соседи за пример.

- Во однос на Македонија, Бугарија секогаш водела дволична политика. Се однесувала од позиција на постар брат, како господар, менторски, но и смешно, бидејќи голем дел од успесите на бугарската држава во економијата, културата, уметноста се должат, имено, на преселените Македонци кои живееле или живеат таму. Елементарно правило е дека пријателските односи меѓу две индивидуи, два колективитета, две држави и, воопшто речено, меѓу два субјекта може да има само на рамноправна основа. Во конкретниов случај, заемно почитување на македонската и бугарската држава, бугарскиот и македонскиот јазик, бугарската и македонската култура, бугарските и македонските традиции, минато, историја. Минимален поволен знак во таа насока ќе биде ако барем за еден ден ниту еден бугарски медиум не испрати напади против Македонците. Бугарија ќе започне да прилега на нормална држава кога овдешната пропаганда ќе престане да не бомбардира со „информации“ дека речиси нема светско откритие, изум, историски факт дека е дело на Бугари.

Апетитите на некои националисти за создавање големи држави на Балканот се се' уште присутни. Како да се надминат тие сеништа на минатото?

- Начинот на формирањето на средновековната бугарска држава, противречностите и развојот низ вековите ги натоваруваат колективитетите кои живеат во неа со неизлечиви комплекси. Тие комплекси се актуализираат и се појавуваат во секое наредно поколение и правец што можат да се објаснат со зборовите. „Ништо старо не го заборавиле и ништо ново не научиле“. Сведоштво за тоа беше и негативната кампања против еден германски проект за Батак 1878 година, во кој се вклучи државниот политички врв. Проектот ја разбесни власта зашто ги откри начините на кои се создавала бугарската политичка митологија. Врв на политичкиот цинизам беше „историскиот“ чин есента 2007 година, во црквата „Св. Четириесет маченици“ во Велико Трново каде што бившиот директор на Археолошкиот институт при БАН, професор Димитар Овчаров ја оквалификува со иронични зборови: „Акцијата за повторен погреб на бугарските владари чии останки никогаш не се пронајдени, не е смешна работа!“ Во штотуку издадените „Лични белешки“ на П. К. Јаворов, по повод 130-годишнината од раѓањето на поетот, е направен нов фалсификат според кој Гоце Делчев се чувствувал Бугарин. Но, којзнае кој пат бугарската пропаганда си даде голем автогол. Секоја држава има право на свои комплекси, вклучувајќи ја и Бугарија, проблем е што бугарскиот историски комплекс дејствува заразно на другите балкански народи. Има опасност менталитетот на бај Гањо не само да го зарази Балканот, но и Европа за што веќе предупредуваат експерти и политичари во Европската унија.

Ве напаѓаат во Софија, но и во Македонија. На пример, македонски историчар изјави дека Вие како бугарски граѓанин не можете да ги штитите македонските интереси.

- Македонскиот „историчар“ за кој станува збор е толку жален што дури не може да влезе во улога на палачо и да не засмее. Во едно искажување кажал толку глупости што му го определуваат местото среде „добрите Бугари“. Кон каде се упатил, јас оттаму се враќам. Сум го почувствувал и пулсот на неговите инспиратори. Услов за вистината е моралот. Веќе дваесетина години меѓу документите во портфељот ми е една изрека со зборовите на бугарскиот писател Никола Хајтов: „Многу се радувам кога ќе сфатат дека сум побудил кај некого омраза. Тоа е казна на валканиот. Да го натерам да му е криво“. Со тоа ги поздравувам сите кои се однесуваат негативно.
Познат е Вашиот „филозофски клуч за македонскиот идентитет“, претставен во книгата што неодамна беше објавена и на македонски јазик. Ќе можете ли да ни го објасните тоа Ваше гледање кое е спротивно на тврдењата на Софија дека Македонците се Бугари?

- Светската историографија можеме да ја поделиме на два дела. Едната е примитивна и нејзината база е национализмот од пред два века со тенденции за создавање „велики држави“. Видовме до каде отидоа тие претензии: до двете Балкански војни, Првата и Втората светска војна. Современата, модерната историографија на Запад не само што ги отфрла едностраните, со определена цел избрани факти, да не зборуваме за јавните фалсификати, таа се интересира од начинот на создавањето на фактите, од причините за појава на еден или друг факт, од нивната содржина и осмислување.

Во мојата книга „Филозофскиот клуч на македонскиот идентитет“ ги истражувам како нормални факти, откривајќи го македонскиот идентитет, како и условите и факторите што ги принудувале или ги искушувале Македонците да се пишуваат како Грци, Бугари или Срби. За мене, како научник, меродавно е само тоа етничко самоопределување на кое не повлијаеле економските, политичките, идеолошките, социјалните, или физичките притисоци. За жал, од 19 век до денес Бугарија води антимакедонска пропаганда, користејќи ги сите гореспоменати форми.
 
Кемал Ататурк предлагал посебна македонска држава
E33C48744C1DF3489A6F9DB26299D772.jpg

Д-р Орде Ивановски вели дека додека било во Солун, семејството на Кемал Ататурк за свои први соседи и пријатели ги имал Ачковски доселени од Прилеп. Од заедничкиот живот на двете семејства интересно е тоа што Мустафа Кемал бил доен со млеко од жена на Ачковци, која истовремено се породила со неговата мајка, која немала млеко да го дои. Ататурк нема никогаш да го заборави пријателството со Ачковци и тие биле негови чести гости.

Само като инфо :

В краја на октомври 1931 г. Кемал Ататјурк изповјадва: "Нјама да забравја пријатните моменти, които с'м преживјал в Б'лгарија. Бил с'м, с'м и винаги ште б'да пријател на б'лгарскија народ. Обичам безпределно б'лгарскија народ оште от детинство. В Солун с'м другарувал през всичкото време само с б'лгари. Всјако б'лгарско нештастие ми причинјава нев'образима болка. Винаги с'м правил всичко в'зможно да помогна на Б'лгарија. Турција и Б'лгарија трјабва да б'дат пријатели. Којто е против Б'лгарија, тој е и против Турција" /в-к "Утро", 22 октомври 1931 г./.
 
[/indent]Само като инфо :

В краја на октомври 1931 г. Кемал Ататјурк изповјадва: "Нјама да забравја пријатните моменти, които с'м преживјал в Б'лгарија. Бил с'м, с'м и винаги ште б'да пријател на б'лгарскија народ. Обичам безпределно б'лгарскија народ оште от детинство. В Солун с'м другарувал през всичкото време само с б'лгари. Всјако б'лгарско нештастие ми причинјава нев'образима болка. Винаги с'м правил всичко в'зможно да помогна на Б'лгарија. Турција и Б'лгарија трјабва да б'дат пријатели. Којто е против Б'лгарија, тој е и против Турција" /в-к "Утро", 22 октомври 1931 г./.
ДАЈ ЛИНГ ДА ВИДИ МЕ
 
Од минатата година предава на Универзитетот ФОН во Македонија.СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ веке е купен.
Цитат
"Секоја држава има право на свои комплекси, вклучувајќи ја и Бугарија, проблем е што бугарскиот историски комплекс дејствува заразно на другите балкански народи. Има опасност менталитетот на бај Гањо не само да го зарази Балканот, но и Европа за што веќе предупредуваат експерти и политичари во Европската унија" и по таа причина да се разпадне ЕУ точно преди влез на Македониjа. Тоа човек не е добре. Неговиа шизофренички комплекс е опасен и за македонците.
 
Од минатата година предава на Универзитетот ФОН во Македонија.СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ веке е купен.
Цитат
"Секоја држава има право на свои комплекси, вклучувајќи ја и Бугарија, проблем е што бугарскиот историски комплекс дејствува заразно на другите балкански народи. Има опасност менталитетот на бај Гањо не само да го зарази Балканот, но и Европа за што веќе предупредуваат експерти и политичари во Европската унија" и по таа причина да се разпадне ЕУ точно преди влез на Македониjа. Тоа човек не е добре. Неговиа шизофренички комплекс е опасен и за македонците.
Длабок поклон пред Стефан Влахов Мицов,најголемиот бугарски пријател на Македонија

И тои самиот не знае каков е. Мешана скара. Амбициран, самолубив човек кои сака да го забележат.-ова некако ми е асоцијација на Спаска Митрова,Драги Каров,Виктор Канзуров
 
И тои самиот не знае каков е. Мешана скара. Амбициран, самолубив човек кои сака да го забележат.-ова некако ми е асоцијација на Спаска Митрова,Драги Каров,Виктор Канзуров

Има малка разлика од тие тримата единиа е во зандан, а двамата са jали многу бои за убеждениата си. А Влахов си взима парички за тоа дека сборува и си пие ракииката.

Цитат од Влахов:
"За мене, како научник, меродавно е само тоа етничко самоопределување на кое не повлијаеле економските, политичките, идеолошките, социјалните, или физичките притисоци"

Каков научник си ти бе? Економските, политичките, идеолошките, социјалните, или физичките притисоци ги имало винаги. Вистинскиот етнос тиа притисоци не го плашат.
 
Има малка разлика од тие тримата единиа е во зандан, а двамата са jали многу бои за убеждениата си. А Влахов си взима парички за тоа дека сборува и си пие ракииката.

Цитат од Влахов:
"За мене, како научник, меродавно е само тоа етничко самоопределување на кое не повлијаеле економските, политичките, идеолошките, социјалните, или физичките притисоци" Каков научник си ти бе? Економските, политичките, идеолошките, социјалните, или физичките притисоци ги имало винаги. Вистинскиот етнос тиа притисоци не го плашат.
Треба да ја прочиташ неговата книга па да видиш со какви нешта се соочувал Мицов само заради тоа што сметал дека македонската нација.Дури за шизофреник е прогласен.До каде оди антимакедонизмот.....
 
И това што прочитах ми стига да го разберем каков псевдо научник е. А дека е шизофреник нема спор.
 
Тоа Мицов бил голем мислител беееее :

Во Бугарија е исклучително популарна посакуваната желба "биди жив и здрав!°. Со него луѓето се разделуваат, надевајќи се да се видат повторно. Тоа посакување е традиционално и секогаш актуелно, имајќи ги предвид многубројните опасности и преврати од секаков вид кои го демнат населението. Кај Македонците поздравот е познат како "здрав и жив°. За пропагаторите на заедничката идентичност меѓу двата народа фактите од таков вид се добар доказ за нивната теза. Разликата не би ја забележале ни надворешните набљудувачи. Малку повеќе - бугарското "живи и здрави° изгледа поточно од македонското "здрави и живи°, зашто ако не си жив логично нема како да бидеш здрав. Меѓутоа, во практика во еден ист израз Бугаринот и Македонецот имаат различна филозофија. Која во суштина е израз на нивниот поглед и однесување. За Бугаринот животот е основната вредност, приоритет над с? друго. Во името на тоа тој да опстане, тој е готов на се - да биде политички, етнички и верски ветропокажувач, да наведнува глава пред силните во моментот, помеѓу големите сили (Германците, Русите, Американците), да мимикрира низ вековите под различна форма и содржина. Таа посебност го натера дури големиот бугарски националист, писателот Николај Хајтов, да воскликне: "Бугаринот кога ќе го притиснат дупе дава, кога ќе го пуштат, дупе сака°. Историчарите и до денес спорат која е некогашната прататковина на тој етнос и какво е етимолошкото значење на самиот израз "бугарин° (во секоја од јазиците на народите, до кој се допирале Бугарите, има различна смисла).
За Македонците е обратно - на прво место во неговиот вредносен систем стои здравјето, а аргумент е - ако не си здрав, каква е ползата да си жив. Во случајот станува збор не само за физичкото туку и за духовното здравје, за неопходноста од зачувување на достоинството. Така поставено, прашањето веќе е за цената на опстојувањето, за смислата да се агитира и живурка чисто биолошки. Не случајно пред алтернативата да води ропско суштествување, Македонецот во минатото дигал бунтови и востанија, ја одбирал саможртвата. Дури и тогаш кога бил облечен во бугарската политичка облека, неговиот менталитет и однесување се на Македонец. Оттука и популарните изрази "македонски инает° и "лут како Македонец°.

:tapp::tapp::tapp:
 
Одличен пример за разликата мегу народната психологија мегу македонците и бугарите
 
Одличен пример за разликата мегу народната психологија мегу македонците и бугарите

Само види колко си противоречи сам со себе си тоа :

Тоа Мицов бил голем мислител беееее :

За Македонците е обратно - на прво место во неговиот вредносен систем стои здравјето, а аргумент е - ако не си здрав, каква е ползата да си жив. Во случајот станува збор не само за физичкото туку и за духовното здравје, за неопходноста од зачувување на достоинството. Така поставено, прашањето веќе е за цената на опстојувањето, за смислата да се агитира и живурка чисто биолошки. Не случајно пред алтернативата да води ропско суштествување, Македонецот во минатото дигал бунтови и востанија, ја одбирал саможртвата.

Требе да се знае дека Македониjа е една од последните страни освободили се од турско робство. После попадат под србско, каде jако че не са си поминували многу убаво и са били нарекувани jужни срби ( имаше постирани текстове овде за тоа през кое са поминували ), не са се дигнали на некоj бунт, а е требало разни като Владо Черноземски и Мара Бунева да се тепат од нивно име со србите.

Дури и тогаш кога бил облечен во бугарската политичка облека, неговиот менталитет и однесување се на Македонец. Оттука и популарните изрази "македонски инает° и "лут како Македонец°.
:tapp::tapp::tapp:

А зашто бе македонците са се облекували во бугарска политичка облека, нали ние бехме политички, етнички и верски ветропокажувачи ? А зашто бе денес македонците секоидневно преклопуват глава пред албанците ?
 
Само види колко си противоречи сам со себе си тоа :



Требе да се знае дека Македониjа е една од последните страни освободили се од турско робство. После попадат под србско, каде jако че не са си поминували многу убаво и са били нарекувани jужни срби ( имаше постирани текстове овде за тоа през кое са поминували ), не са се дигнали на некоj бунт, а е требало разни като Владо Черноземски и Мара Бунева да се тепат од нивно име со србите.



А зашто бе македонците са се облекували во бугарска политичка облека, нали ние бехме политички, етнички и верски ветропокажувачи ? А зашто бе денес македонците секоидневно преклопуват глава пред албанците ?
вака зборвиш дека до слободата твојот народ не си ја извојувал туку руси им ја поклониле, нас векови не газеле и сме опстојале.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom