Раздвижувања на турското малцинство во соседството

  • Креатор на темата Креатор на темата MKEUpatriot
  • Време на започнување Време на започнување
Иванка дето на един б'лгарски форум постираше србски знамена.Какво праиш ма .Арна ли си :smir:
 
овој вазов што не напишал за дојран и поразот на брат му една песна ))))))).

Владимир Вазов бил победител кaj Доjран, не поразен - малко историjа читаj...

Во 1936 кога во Лондон се организира состанокна ветераните Times пишува: "Ни предстои да се запознаеме со човекот, кој во 1918 година победи по невероватен начин елитниот британски корпус при Дојран"

А на состанокот при поjавта на бугарската делегациjа лорд Милн командува: "Ги свалете знамината! Поминува генерал Вазов - херојот од Дојран."

Во знак на почит се свалени знамината само за бугарската и френската делегациjа (од општо 38 делегации).

Затоа малко повеке почит требе, пред генералот Владимир Вазов (со потекло од Eгеjска Македониja, btw)
 
Зошто ние македонците да го почитуваме Иван Вазов?
 
Зошто ние македонците да го почитуваме Иван Вазов?

Зборувах за брат му генерал Владимир Вазов, ами наjалку за тоа зашто е еден од големите генерали и воjсководци на 20-иот век на балканите, а и пошироко. Во негова чест, Британиjа ги свали знамената, барем не му омаловажуваjте успесите.

Во вашата историjа имате еден поизвесен генерал Михаjло Апостолски и тоа е. Коj помегу другото е роден како Михаил Митев Апостолов и според татко му е "роден от' б'лгарски родители".
 
Ниту не интересира личноста на Владимир Вазов ниту го коментираме.А за Михајло Апостолски е дрско мртов да му ја менувате националната припадност,кога тој цел живот се декларирал просто за македонец.
 
Владимир Вазов бил победител кaj Доjран, не поразен - малко историjа читаj...

Во 1936 кога во Лондон се организира состанокна ветераните Times пишува: "Ни предстои да се запознаеме со човекот, кој во 1918 година победи по невероватен начин елитниот британски корпус при Дојран"

А на состанокот при поjавта на бугарската делегациjа лорд Милн командува: "Ги свалете знамината! Поминува генерал Вазов - херојот од Дојран."

Во знак на почит се свалени знамината само за бугарската и френската делегациjа (од општо 38 делегации).

Затоа малко повеке почит требе, пред генералот Владимир Вазов (со потекло од Eгеjска Македониja, btw)

After a day of fighting all the Allies had accomplished was a small gain on the right by the Greek forces. The next day the 65th Brigade attacked Pip Ridge. The assault was another defeat, with only half of the men returning alive, but the assault gained the town of Doiran and a few hills above it. All these meant nothing to the Bulgarians, however, who only had a small garrison there. After a while the Bulgarian fortifications went quiet and the Greek and British armies advanced only to find the Bulgarian positions abandoned. The Serbian and French armies had defeated the Austro-Hungarian and Bulgarian army in the Vardar valley and were advancing towards Doiran. When the Bulgarians' German advisors heard of this, they ordered the Bulgarian army to retreat so that they would not be cut off from the rear

можеби бил способен како генерал ,а ма ете на губитничка војска командувал.

@ Bitter End,повели и друг пат

Бугарскиот шовинизам се граничи со патологија
stefan%20mikov1%20%28Small%29.jpg

Весна Дамчевска

Малку е да се каже дека во Бугарија постои шовинизам, бугарското фалсификување на историјата е еднакво на патологија, вели Стефан Влахов Мицов, поранешен директор на Македонскиот културен центар во Софија, зборувајќи за односот на неговата држава кон националните малцинства, вклучително и на македонското. Мицов деновиве беше гостин на издавачката куќа „Матица“, која неодамна ја објави неговата книга „Филозофски клуч за македонскиот идентитет“. Книгата ги содржи неговите погледи за македонскиот идентитет, култура, за македонските личности, но ја прикажува реалноста без никакви предрасуди.
уКнигата е оценета како една од најхрабрите и најобјективните за македонскиот идентитет напишана од странски автор.
- Тука не станува збор само за македонското прашање. Воопшто, кога сакаме да добиеме пореална претстава за идентитетот на еден народ мораме да се еманципираме од сите влијанија: државни, националистички, религиозни и да ги видиме фактите, бидејќи историјата е комплекс од факти. Важно е да се види процесот како се добиени тие факти. Од друга, да се согледа целокупниот комплекс на Балканот. Работите на Балканот отсекогаш биле измешани. Сите земји, и Бугарија, и Грција, и Србија имале претензии кон Македонија. Треба да се види како и зошто дошло до тоа. Грците велат дека античките Македонци се Грци, а Бугарите, пак, тврдат дека сегашните Македонци се Бугари. Е, како може Македонецот во антиката да бил еден, а сега некој друг. Тоа е смешно, ако не е и жално.
уСпособноста за разбирање на македонскиот идентитет, велите, е тест за умешноста на авторот да мисли со сопствена глава. Како Ви успеа тоа Вам?
- Не претпоставував дека тоа е основно, ама во интерес на вистината треба да кажам дека јас сум Македонец по мајка, а мојот татков род е измешан од бугарска и куманска крв. Семејното воспитување има влијание, но и фактот дека кога човек има мешана крв сака да ги дознае сите детали. Затоа сум особено чувствителен по прашањето на националните малцинства на Балканот. По образование сум историчар и филозоф. Но, ниту тоа не е претпоставка за објективност. Моите колеги од софискиот универзитет, каде што предавав 23 години, сметаат дека за да бидеш добар историчар прво треба да бидеш добар националист и шовинист. Не се согласувам со тоа. Историјата не е егзактна наука, неа секогаш ја пишувале победниците, а потоа оние поразените кога доаѓале на власт ја преправале. Но, сепак, и во историјата мора да има објективност, а објективноста не почнува и не завршува со документираните факти, што секоја национална историја ги користи за своја заштита и пропаганда. За мене не е меродавно ако фактите се добиени под принуда, притисок, државен или полициски. Важно е да се види што ги создава историските факти: доброволно дејствување, манипулација или отворено насилство, искушение или некаква зделка и сл.
уГо чувствувате ли таквиот притисок во Бугарија поради отвореното и јасно искажување на вашите ставови за посебноста на македонскиот идентитет?
- Не сакам да се жалам, ама притисок имало и ќе има. Фактите говорат за тоа. Прво бев избркан од Универзитетот во Софија, каде што предавав две децении, а потоа и од функцијата директор на Македонскиот културно- информативен центар во Софија. Но, тоа не е важно, иако не сакам да кажам дека е нормално. Тоа е парадоксот на социјално-политичкото битие на Бугарија. А, парадоксите таму стануваат логика на поведение. Не мислам дека сите Бугари се шовинисти, но речиси кај сите постои проблемот на стравот. Бугарите се плашат, а човек обично се плаши кога е несигурен. Стравот произлегува од големиот број малцинства во Бугарија. Еден тукашен шовинист пресмета дека бугарската нација се состои од 53 етноси. Бројката е уште поголема, а различното потекло на огромниот дел од т.н. бугарско население е погубно за државата.
уОбјавена ли е во Бугарија оваа книга?
- Во Бугарија имам објавено десетина книги, од кои дел се историски, а дел литературни критики. Некои од нив, се разбира, се восприемаат со крцкање на забите. Таква е на пример книгата „Кој го уби Ботев?“. Таму кажувам дека тоа не биле Турците, туку луѓе од неговата чета. Значи, во Бугарија е многу тешко да се говори за вистината, за историската вистина. Комплексот на Бугарите не е насочен само кон другите нации, туку и кон самите себе. Ми велат: „Ти си предавник ако можеш да го пишуваш тоа“, а јас им објаснувам дека тоа е вистината. Тие сакаат да ја прикријат вистината.
Книгата „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ не е објавена во Бугарија. Може да се најде начин да се објави, ама ќе има проблеми. Всушност, проблеми е мек збор. Таа ќе биде буквално уништена.
уИма ли потреба да Ве прашувам за вашата теза за посебноста на македонскиот идентитет и како го објаснувате во книгата?
- Не. Тоа е апсолутно јасно. Уште повеќе ако земете предвид дека Македонци имало и во времето кога Бугарите уште немале свест за себе. Странските патеписци од 16 и 17 век пишуваат за легендите за Александар Македонски меѓу населението не само во Македонија туку и во бугарските земји. Бугарите немаат легенди за свои јунаци, за својата држава. А, ако не оставиш спомен - значи те немало. Затоа нападите на пропагандата против македонскиот идентитет, всушност, го кријат стравот за самиот бугарски идентитет.
уКаква е иднината на македонската нација и идентитет?
- Иднината на секоја нација зависи од самата нација. Сепак, мислам дека македонската емиграција во САД, Канада, Австралија, па и во Егејска и Пиринска Македонија, е поборбена отколку во самата Република Македонија. Владите се менуваат. Тоа не е проблем, важна е свеста на самиот народ.
уПа, по сето кажано и напишано во книгата ќе имате ли проблеми по враќањето во Бугарија?
- Не верувам. Иако и тоа го имало порано. Пример за бугарската патологија е фалсификувањето на имињата на Турците во Бугарија и тоа на нивните гробови што се случи пред две децении. Тогаш Бугарите сакаа и Турците да ги направат Бугари. Осман беше преименуван во Огњан. Тоа го правеа и во медицинската архива. Е, тоа е веќе патологија. Притисок на живиот, ама на мртов? До гробот на Јане Сандански ставија споменик, висок два метра, на кој пишува дека тој се борел за слободна бугарска Македонија и се вели дека тоа Сандански го кажал во разговор со некој италијански кореспондент. Се знае кој го уби Јане, а сега никнуваат вакви плочи. Малку е да се каже дека тоа е шовинизам.

Мојата еманципација почна не од моето македонско потекло, туку на обратен начин - од проблемот со мојата „бугарштина“

Моите колеги од софискиот универзитет, каде што предавав 23 години, сметаат дека за да бидеш добар историчар прво треба да бидеш добар националист и шовинист.

Бугарите се плашат, а човек обично се плаши кога е несигурен. Стравот произлегува од големиот број малцинства во Бугарија.

Македонци имало и во времето кога Бугарите уште немале свест за себе

Книгата „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ не е објавена во Бугарија. Може да се најде начин да се објави, ама ќе има проблеми. Всушност, проблеми е мек збор. Таа ќе биде буквално уништена.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1077&ArticleID=70510
 
ако некој не ви се свиѓа тогаш е болен?))))))))

ооооо европејци )))))

На тебе като ти свиѓа тури си го на портрет и му се кланаи секи ден. Питаи колегите му од унивеситето шо ке кажат за него. Ич не е добре човекот.
 
НЕ Е ДОБАР ОТИ СЕ ИЗЈАСНА ДЕКА Е МАКЕДОНЕЦ
ИНАКУ ИМА И ВТОР ДЕЛ КНИГАТА А ИМА И СЕКОЈА СРЕДА СТАТИИ ВО ШПИЦ.СЕКОЈА ЧЕСТ НА ГОСПОДИНОТ:smir:
 
НЕ Е ДОБАР ОТИ СЕ ИЗЈАСНА ДЕКА Е МАКЕДОНЕЦ
:smir:

И тои самиот не знае каков е. Мешана скара. Амбициран, самолубив човек кои сака да го забележат. Неговите сборови се плаштат добре.Стефан Влахов Мицов, поранешен директор на Македонскиот културен центар во Софија. Па нема да турат случаен човек. А как са го нашли?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom