- Член од
- 1 ноември 2012
- Мислења
- 100
- Поени од реакции
- 103
Олабави ме. Не напињај. Или, не замарај. Тоа се најчестите рекции на поголемиот дел од младата урбана скопска популација, штом ќе им се спомне некаков политички ангажман од нивна страна, па дури и разговор на таа тема. Иако многумина, сепак, се многу загрижени за својата иднина, таквата реакција од нивна страна може да биде резултат на стравот кој владее низ градските локали и секој си се пази, тој муабет да не допре до ушите на некој од градските шпиони, присутни и распоредени во кафулињата низ главниот град. Дали реално постојат или не такви ликови, сосема е небитно. И да се виртуелни, имагинарни, нивното присуство се чувствува во етерот на нашиот главен град.
Најинтересен е феноменот што 90 отсто од овие млади луѓе не се во работен однос, ниту пак имаат свој бизнис, за да стравуваат. Напротив, стравот е проширен до таа мера што се префрлува по дифолт на второ колено, на тато кој носи и мама која меси. Доволно е едниот да е вработен во државна администрација, за на нивното 27 годишно синче, кое живее под истиот покрив, да не му чуе за ништо, освен да се изгребе едно 500 ден и вечерта да испие неколку пива во некој од клубовите. Уште ако е добар со некој од вратарите од агенциите за обезбедување блиски до власта, ќе влезе гратис, па ќе му остане кешче за у фурната у Чаир. Утредента, секако, ќе спие до кај 12 на пладне и после тоа ќе игра спортска, може ќе има дојава, па ќе улета кешче и за у кафана. И зошто некој би се замарал, кога му е топ, овака би терал до стота и назад.
Ваквиот паразитски тренд, за жал, стана секојдневие за многу млади луѓе, кои тотално без компас лутаат во својот маалски свет. Сите тие се за подобра перспектива и иднина, но на тоа поле не преземаат ама баш ништо. Додека на запад нашите врсници веќе купиле свои станови и автомобили на кредит, тотално независни од родителите, работат и секој ден стануваат во 7 часот, голем дел од нашата младина често се прибира дома во тоа време. Денот е заменет со ноќта и обратно, обврските со безделчење и неодговорност, моралот со неморалот. Сѐ е некако обратно на идеалното, односно реалното. Во некои поекстремни случаи, родителите се дури и среќни што детенцето не се оддало на пороци, комар, дрога, проституција, и тоа како распространети. Сѐ ќе им прогледаме низ прсти, наши деца се тоа.
До некаде се виновни родителите, но тие не се единствените виновници. Наметнат е еден лажен систем на вредности. Идоли на младите станаа некои квазитипчиња, локални бизнисменчиња кои лапаат тендерчиња од актуелната власт, најчесто во друштво на спонзоруши, кои со партиска книшка или со раширени нозе, се поставени на највисоки државни функции, или пак се некакви промотерки, односно локални старлети. Но, овие идоли, всушност, никој не ги сака, туку им завидува или ги мрази. Со своите скапи автомобили, часовници, облека и телефони, заработени преку ноќ, тие шират омраза помеѓу просечната млада популација, за која тие добра се недостижни. Тие се категоризираат во скопски џет сет, додека оние кои навистина го заслужуваат овој епитет, или не се експонираат воопшто, дружејќи се во некој затворен круг, или пак викендите ги поминуваат далеку од Скопје, отстапувајќи го своето место во локалите, на оваа новоформирана дпмневска класа.
Пред некој викенд, практикувајќи го омилениот скопски спорт, кафе-цвикера шема во центарот на Скопје, онака лабаво, тема каде да се искочи вечерта, која девојка да се смува или покани на пијачка. Еден другар почна да раскажува виц за владините енормно високи глоби во приватниот сектор. Иако не спомна ниту едно име на државник или функционер, во друштвото настана штама. Од соседната маса беа упатени неколку чудни погледи.
Дали тоа би се случило во едно современо демократско општество, во кое е нормално да се карикираат или исмејуваат јавните личности и политичари? Кај нас, верувале или не, тоа претставува општа закана по интегритетот. Многу често, некое градско дете ќе искоментира, „брат, пукнат ми е филмот од овие ропаци кои вршат инвазија низ градов“... Друг пак се поздравил со девојката на еден нервозен батка од ДПМНЕ, инаку колешка од факултет, и поради тоа бил принуден да го напушти локалот на Ленинова... И тој веќе немал повеќе да стапне во тој локал, а не е ни прв ни последен кој доживеал непријатност. Но, целата критика и незадоволство како да се сведуваат на тоа. Дали некој ќе се осмели да покаже заби на оваквиот брутален однос од страна на власта и на нејзините пулени, до каде ќе дозволиме да оди ова ? Сепак, ова Скопје е и наше и тука ни е сѐ, токму како во песната на Владо Јаневски.
Младите често глумат незаинтересирани, само за да го скријат својот револт, стравувајќи некој тастер да не ги откуца. До гуша полни со гнев, но ретки се оние кои се осмелуваат јавно да преземат нешто против овој режим, дозволувајќи му на стравот да владее со нив. Скопските градски деца ретко ќе ги видите на протестите и на маршевите против режимот, организирани од страна на Сојузот за иднината, актуелниот Отпор. Тие си чекаат стрпливо на автобусите од внатрешноста. кои можеби ќе пристигнат во главниот град, да ја кројат судбината на Македонија. Значи, ако се пробијат до Скопје и не бидат испратени на технички преглед од страна на полицијата по пат, ќе има протест со доволна излезност, ако не - што има везе, бе брат, ќе се собере поголема маса следниот пат.
Испаѓа како внатрешноста многу повеќе да е загрижена околу судбината на државата. Се восхитувам и ја поздравувам храброста и решителноста на овие млади луѓе, кои по пет часа патуваат до Скопје во една насока, за да го искажат своето незадоволсвто и солидарност со опозицијата. Тоталната незаинтересираност на младите скопјани е феномен на кој не можам да се изначудам. А владее толку голема беда, невработеност, беспарица.
Светот останува на нас младите, дајте да ги отвориме очите и да зачекориме по патот кон нашата иднина, со јасна порака до оние кои нѐ доведоа до ова дереџе, оние на кои им одговара ова сценарио, да нѐ заплашуваат и да нѐ залажуваат со лижавче како да сме мали деца, додека они си лапаат милиончиња и уживкаат во раскошот и привилегиите кои им ги носи власта. Драги мои, иднината сега е во наши раце, а ако тие останат скрстени, со нас ќе раководат довек оние кои во политика влегле поради личниот интерес , а ни продаваат лажен патриотизам, градејќи со наши пари небулозни зданија во центарот на Скопје, задолжувајќи ја државата до бесвест.
Ние не заслужуваме да бидеме нечии марионети. Доволно сме големи и паметни, доволно видовме и верувавме во лагите што толку добро ни ги сервираа во изминативе неколку години. Решени сме да се избориме за подобра иднини и нема да дозволиме никому да застане на нашиот пат. Време е да свртиме нов лист и време да го вклучиме сопствениот мозок конечно и да ги исклучиме вестите на Сител. Бекстејџ не им е лош, а имаат и згодни водителки.
Не ми беше целта никого да повредам, извинете ако се пронајдовте во мојот текст, јас само не сакам да дозволам да ни ја навредуваат интелигенцијата, оние кои го наметнаа овој тренд во некогаш урбаното Скопје. Е па, јас решив да се позамарам малку поише со проблематикава бе брат, а се надевам и вие, градска екипо, ќе се приклучите и ќе придонесете на свој начин во Отпорот и ќе го поддржите проектот на опозицијата за демократско и урбано „Скопје
Алекс Нано Ружин