Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.845
- Поени од реакции
- 23.246
Тврдењата дека Џон Тери го навредил по расна основа противникот на теренот го покренаа прашањето за кое многумина сметаа дека е затворено. И покрај кампањите со познати личности и навистина мултикултурно работно место, дали расизмот се' уште е распространет во Премиер лигата?
Банани се фрлаат на теренот, се имитираат движења на мајмуни, расистички коментари од играчите и скандирања од трибините. Се' до оваа недела расизмот во фудбалот изгледаше дека е надминат и старомоден. Сега, непријатно за обожавателите и фудбалските власти во Британија, расизмот изгледа повторно ја крена својата грда глава, во самиот врв на Премиер-лигата. Фудбалската асоцијација (ФА) истражува два одделни случаја на расистички испади меѓу играчи во Премиер-лигата. За време на минатонеделниот напнат натпревар меѓу Квинс парк ренџерс (КПР) и Челзи беше пријавена вербална пресметка меѓу Џон Тери, капитен на англиската репрезентација, и Антон Фердинанд, одбранбен играч на КПР, во Метрополитен полицијата и сега тоа, исто така, се истражува од страна на ФА.
Фановите станаа судија и порота со видеозаписот емитуван на интернет за кој се наведува дека го покажува Тери како вика „црно ѓубре“ кон Фердинанд. Тери категорично ги негираше обвиненијата во медиумите, велејќи: „Никогаш не сум го користел тој термин“. Една недела предходно Патрис Евра тврдеше дека Луис Суарез го нарекол „со еден збор... најмалку 10 пати“ за време на ремито 1:1 меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, тврдења што жестоко ги негираа Ливерпул и Суарез.
Tекстот погоре нека служи само како еден вид на вовед во темава. Инаку, општо познато е е дека расизмот е нераскинлив дел од фудбалот и тешко може да се искорени. Расизмот во фудбалот постои долго време, можеби и од кога постои фудбалот. Кои се вашите мислења на оваа тема, знаете ли некои случаи на расизам во фудбалот, сте учествувале ли во случка со расизам во фудбалот?
Еве и неколку добри документарни емисии и случаи со расизам во фудбалот: