Расипан телефон

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
С

Сатори

Гостин
Замислете си ја следната ситуација:
Разговарате со некој свој пријател/пријателка, на тема доаѓаат одредени детали од вашиот живот кои се разбира сте напоменале дека сакате да останат помеѓу вас и по некој изминат период се среќавате со друга пријателка која ви ги кажува работите на сосема видоизменет начин и ви потврдува кој и ги кажал. (значи првата личност со која сте разговарале на таа тема)

Сега, во кој ќе ја изгубите довербата?

1.Во првата личност, затоа што ја прокоцкала довербата која сте и ја пружиле
2.Во втората личност, со тоа што ви докажува дека не е некој на кој може да му се верува ако вас ви зборува како некој друг зборува за вас
3.И во двете

Или било која друга опција или решение се добредојдени, значи ... кога некој си игра расипан телефон со „вашиот живот“?
Како постапувате тогаш?
Превземате мерки или просто оставате се да помине?
 
Хм..тешка ситуација, али во секој случај прво ќе отидам повторно со првата личност да поразговарам. Сепак малце ќе се однесувам порезервирано со двете особи, за да видам која од нив ја заслужува мојата доверба. Малце итрина и дипломатија треба во овој случај.
Сигурно ќе превземам мерки, не оставам јас работите туку така да протечат покрај мене. Нема шанси. Само треба паметно да изиграм, за да знам која од нив е таа која си игра со мојата доверба.
 
велат: она што не сакаш да го знае твојот непријател, не кажувај му го ни на твојот пријател. најчесто го практикувам ова и ретко страдам од расипан телефон... не ми е интересна таа игра и мразам кога некој ја игра...

бтв довербата ја губат и двете ичности, во секој случај...
 
Онаа првата фаца под најитно ја бришам од списокот на живите, а за втората зависи од начинот на кој ми го кажала тоа. Во секој случај во денешно време доверба во тие околу мене многу многу - НЕ.
 
Првата личност обавезно.
На втората можеби може да и се прости,бидејки била погрешно информирана,иако сепак не би требало толку лесно да губи доверба во мене.
 
Лоша ситуација, но сепак би ја овинил првата личност. Зошто? На неа сум и се доверил, и требало тоа да остане помеѓу нас, но таа излајала некаде и тоа многу “нафилувано“. На втората личност можам само да и пружам рака бидејки има храброст да дојде и в лице да ме праша за муабетот, што го слушнала. Ретки се таквите личности, претежно ке се прошири муабетот на трети лица и за 2 дена цел град ке го дознае она што некоја вжештена глава го смислила, а најлошо вие немате појма од тој муабет.
Во кој ке ја изгубам довербата? Во сите. А посекако и ретко кој (барем кај мене е така) заслужува комплетно да му се отворите и да зборувате за сите ваши проблеми.
 
Замислете си ја следната ситуација:
Разговарате со некој свој пријател/пријателка, на тема доаѓаат одредени детали од вашиот живот кои се разбира сте напоменале дека сакате да останат помеѓу вас и по некој изминат период се среќавате со друга пријателка која ви ги кажува работите на сосема видоизменет начин и ви потврдува кој и ги кажал. (значи првата личност со која сте разговарале на таа тема)

Сега, во кој ќе ја изгубите довербата?

1.Во првата личност, затоа што ја прокоцкала довербата која сте и ја пружиле
2.Во втората личност, со тоа што ви докажува дека не е некој на кој може да му се верува ако вас ви зборува како некој друг зборува за вас
3.И во двете

Или било која друга опција или решение се добредојдени, значи ... кога некој си игра расипан телефон со „вашиот живот“?
Како постапувате тогаш?
Превземате мерки или просто оставате се да помине?
Довербата автоматски се губи кај првата личност. Во случајов јас сум и доверила нешто мое и лично, притоа напоменувајќи дека тоа останува помеѓу нас. А бидејќи таа пријателка, во која сум имала доверба да и кажам нешто, раскажала наоколу - ја изиграла мојата доверба.

Втората личност едноставно сака да ја провери вистината на слушнатиот муабет. Во нејзе немам зошто да губам доверба кога ништо не сум и доверила. Единствено можам да и честитам и заблагодарам што ми кажала во каква личност јас сум имала доверба.:pipi:

Нема што да се превземе во случајов. Да одрекуваш не може, си го кажала тоа во доверба на пријател. Единствено останува лекција за понатаму - не му верувај и кажувај детали на некого, освен ако е премногу близок и ти покажал дека може да веруваш и да имаш доверба во него.
 
па вакви случки има во секојдневниот живот и сигурн сум дека нема чоек кој немал поминато низ фазата расипан телефон...
макар шо не сум сигурна дека би стигнала до ваква фаза бидејки внимателно ги одбирам личностите на кои би му кажала значајни детали од мојот живот..бидејки кога тогаш ке ти биде плеснато в лице тоа шо си го кажал...
значи денешно време сака голема претпазливост на кој и шо му кажваш..инаку маф ти е планот:toe:
 
Не изнесувам лични детали пред секого па за да после некој може да си игра расипан телефон, ми се случило, да, но за некои не толку важни работи па за да обрнувам посебно внимание на цела ситуација, но доволни за да знаеш дека и двете личности не се од доверба.
 
јас не се замарам воопшто,и на едната и на другата му простувам.
понатаму ќе увидат дека тие грешат.
и се знае што е за кажување а што не,али нашиот македонски може и балкански менталитет е таков.кога ќе видиш сите сме во нешто слични.:smir:
 
Правам сериозен муабет прво со едната па со другата личност. Случај со првата личност: Ако случајно откријам дека имала намера да ме оцрни со тоа ја губам довербата кон таа личност. Е сега ако пак другата личност ја направила ујдурмата - ги преувеличувала (најчесто оцрнувала) работите прво се прашувам зошто така би се однесувала кон мене - нелогично ми е некој да ги преувеличува работите веќе чуени од претходната личност (освен за нарушување на односите помеѓу првата личност и мене - што е веќе премногу ниско од нејзина страна). Во секој случај ако така се понаша може само да ме изгуби како пријател ништо повеќе. Не возвраќам на ист начин - не сум злопамтило. Ако е во случај на недоразбирање тогаш ништо. Ќе ни биде смешно подоцна само толку.
 
Животот на другите луѓе секогаш бил интересен за муабет. Нормално е некои работи да искочат од нормала. Уште понормално е некои муабети да бидат извртени кога се работи за личност која важи за некаков авторитет (не ми текна поссодветен збор) во друштво.
Паметната работа е да се помине преку тоа со насмевка. Бидејќи таа секогаш се` решава. Против “муабетите“ не се може ништо. Може да се докаже дека си цврст карактер со тоа што нема да им обрнеш внимание, а оние кои ти значат, ако навистина те ценат ќе знаат што е што. Дали е вистина или не. А ако и тие веруваат во тоа, тогаш проблем не е телефонот...
 
Многу расипани телефони кај мене.
Но, во секој случај, секогаш биле проследени со насмевка, мало вчудоневидување и моментално разочарување во неповрат од првата особа. Втората, доколку не извртува повеќе, може да добие благодарност од мене ... зависи.
Една најчиста случка на која се сеќавам беше таква кога и двете страни ми кажаа за двете страни различни муабети ... сеуште не знам кој повеќе ме излажал и зошто, но како и да е, изгубиле тие. Знам дека вредам доколку луѓето се однесуваат со мене како што треба и како што сум кажала дека сакам, така да, никогаш јас не губам.
 
првата личност дефинитивно , пошто тој расипан телефон не би дошол до тоа ако тоа не било излезено од првата личност нели?
 
Ми се има случено, можеби не за некои суштински работи од мојот живот ама важно ми се има случено. И знаете, ја губиш довербата во сите, не само во двете пријателки ами во сите. Но, кога ќе размислиме малку пошироко, денес сите ама бап сите со се си играат расипан телефон. И јас, и ти, и сите ме разбирате? И која е поентата на лутењето, кога со него ама баш ништо не може да се постигне.
Токму заради тоа, ќе го одбегнам лутењето, а ќе преминам на друг метод:слушај и прави се наудрен.И не се замарај. И ќути си, нема подобар метод од молчењето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom