Бајрам е ден за олеснување на грижата, е ден на новата надеж, е ден за меѓусебно потсетување, е ден од еден нов живот, ден на искупување на гревовите и ден на практикување на добрите дела, ден кога омразата, лутината, љубомората и зависта престануваат, ден кога се простуваат туѓите гревови, е ден за обнова на братството, пријателството и љубовта за човекот и човештвото. Бајрам е солидарност со општеството. За оние кои немаат никаква материјална можност е насмевка, е духовна поддршка, е искрена молитва за секого. Бајрам е симбол на мирот, духовниот мир, возвишувањето на Алах и надеж за постигнување на задоволството на Креаторот, крајната цел на верникот.
Целиот текст (на албански јазик) се наоѓа овде, јас си дадов за слобода да преведам цитат, колку за опис на симболиката на празников.
Честит Бајрам до сите што го слават и благодарност до оние што не го слават а ми/ни го честитаа.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.