Ние бевме голема екипа на маало и редовно седевме пред нечиј прозор. Така да често се случуваше да ни фрлат кофа вода или да не прскаат со црево, али ние упорни пак се враќавме. Жива напаст бевме. Потоа многу крадевме цреши и смокви и ми текнува на една случка, комшивката качена високо горе и ние гледаме дека бабава иде и ја забораивме да ја известиме. Она истопорена си бере, си јаде и си ја пее Камените падат падат од небото...2 саати ја чекаше бабава под цреша да се симне, ами излез до 22саат имавме мораше да се симне, што ќотек и удри до посирање

Крижи мижи во подруми и тоа во туѓи згради, оти во нашите имавме забрани и кога ќе налета некој сопственик 20 души го вадевме од патики и бегавме. Градевме куќи и таму си седевме на зимо, огинче си палевме додека не се скаравме кој до кого да седи и на крај ја искршивме куќичката. Кога ќе начекавме пар да се испраќа обавезно скриени ги мававме со камчиња до спобудалување.
Дури и Тони манџа кога бегаше по линија со нас седеше и ни раскажуваше, а ние мислевме дека е луд се додека не му кажавме дека седи во дворот на полицијата и очи извади од бегање

И уште ова ми текна, кога ќе не прашаше некој каде е автобуска ние му го покажувавме спротивниот правец
