Лошо е што Коузон се јавува како еден од ретките посредници за работа во ОАЕ и Катар. Тие едноставно си ја користат нивната шанса и си земаат некој солиден процент од сите што ќе ги пратат на работа во овие две земји. Стварно не знам како може да се преживее со овие пари (400 или 500 евра) во ОАЕ.
И да знам дека во овие договори фирмата вработувач ви плаќа сместување и пат до таму, но сепак што е премалку, премалку е. Така излегува дека Македонците се во иста категорија со Индијците, Филипинците и остали.
Најубаво е да се најде работа таму но без посредник (Коузон во овој случај). Знам дека е многу тешко, но сепак разликата во платите е огромна. Кога сами би си ја нашле истата работа не би земале под 1000 евра.