Ај од тие што сте биле во овие земји ме интересира да ми објасните за мојава струка како е со работа.
Студирам на градежен за 3 месеци со надеж сум да дипломирам. Со англиски стојам добро (и стручен англиски), втор јазик кој сум го учел ми е германски и го знам 50-50 али не е проблем ако ми носи додатни поени можам да се стегнам за 6-7 месеци да кренам некое повисоко ниво и на германскиот. Размислував прво да барам за работа откако ќе го завршам факултетот во европските земји (поконкретно имам желба за Германија, Швајцарија, Австрија), но незнам како би можел да заминам во овие европски земји ако не сум студент. Како е работењето во Катар, Дубаи и др земји во тој предел за работа со мојов факултет (поконкретно геодезија). Колку пари отприлика се платите, јазик, колку време мора да бидам таму и тн. Дали може да се работат по 2 работи на ден?
Ако не за таму во европските земји ако имате некој одено после факултет како сте оделе (немора да работам со струката на почеток, ќе работам што било)