LiquidHeII
хемичар
- Член од
- 31 јули 2007
- Мислења
- 178
- Поени од реакции
- 3
ИНТЕРВЈУ: БОРИС БЕРЕЗОВСКИ, РУСКИ ОЛИГАРХ ВО ЕГЗИЛ
Путин заглави во слепа уличка Сегашната руска власт е помалку обединета отколку онаа од времето на Сталин. И таабеше криминална, но луѓето веруваа во неа. Веруваа во идеалите на комунизмот. Денес, различни фракции имаат различни интереси
Да те вози низ Лондон поранешниот командант на чеченските герилци Ахмед Закаев е несекојдневно искуство. Со голема брзина вешто се протнува низ сообраќајните метежи, на начин на кој за време на војната ги избегнувал кратерите на улиците на бомбардираниот Грозни. Закаев, министер за надворешни работи на чеченските бунтовници, го договори ова интервју со рускиот олигарх во егзил Борис Березовски.
Стигнуваме до луксузна зграда во централниот лондонски кварт Мејфер, која ја чуваат британски полицаец и двајца господа, со кои Закаев на чеченски разменува неколку збора.
Во канцеларијата пријателски ме пречекува Березовски. Изгледа помлад и поздрав од вообичаено, а забележливо е и дека ослабел неколку килограми. Се ракуваме и со насмевка на лицето ми вели: „Здраво. Јас сум Борис“. Ме нуди со црн чај. Во тој момент не можам, а да не се потсетам на судбината на неговиот пријател Александар Литвиненко, политички емигрант и поранешен офицер на руската Федерална служба за безбедност, наследничката на КГБ. Литвиненко умре во ужасна смрт откако испи шолја чај во која имаше полониум 210, смртоносна радиоактивна супстанција. За разлика од Роман Абрамович, сопственик на фудбалскиот клуб Челси и гувернер на сибирскиот регион Чукотка, кој е близок до Кремљ, Березовски има други амбиции. Негова цел е да го симне Владимир Путин од власт.
* Сакате да бидете лидер на руската опозиција, но не можете да патувате во други земји, освен во Израел, бидејќи ќе бидете уапсени и екстрадирани. Москва објави потерница на Интерпол по вас и по Закаев.
- За жал, постојат контрадикции помеѓу Женевската конвенција за правата на бегалците и правилата на Интерпол. Интерпол е репресивна организација. Така е уште од триесеттите години на минатиот век кога им помогна на нацистите. Таа организација не го следеше развојот на демократските вредности во Европа во изминативе 50 години. Да, ако отпатувам во друга европска земја, која сака да му угоди на Путин, ќе ме уапсат врз основа на потерницата на Интерпол.
* Бевте многу близок со Кремљ се' додека Путин не дојде на власт. Дали Кремљ е обединет блок или, пак, е поделен на фракции?
- Не би било корисно да се анализираат ривалските фракции во Кремљ. Би рекол дека сегашната власт нема идеологија и преокупирана е само со економските интереси. Во отсуство на идеологија, не може да постои единство. Парадоксално е што сегашната руска власт е помалку обединета отколку онаа од времето на Сталин. И таа беше криминална, но луѓето веруваа во неа. Веруваа во идеалите на комунизмот. Денес, различни фракции имаат различни интереси.
* Зборувате како Путин да е само играчка во рацете на некоја интересовна група.
- Не. Не го мислев тоа. Само сакам да кажам дека Путин воопшто нема идеологија. Но, тоа не значи дека нема сопствени интереси. Мислам дека напредуваше премногу и овие интереси имаат криминален карактер. Сепак, мислам дека тој ги носи одлуките, но тоа не значи дека нема советници. Има склучено договори со безбедносните сили, со бизнисмените и со политичарите што ги создадоа сите оние лажни партии. Договорот е едноставен. Тие му ја обезбедија власта, поддршката на народот и личното богатство, а за возврат добија легализирање на нивните бизниси во Русија, но и на Запад. Но, овој договор не функционира бидејќи ни тој, ни тие не можат повеќе да ги исполнуваат обврските. Путин го изгуби основниот елемент што го држеше во живот договорот.
* А тоа е?
- Почитувањето. Да. Западот замижа пред криминалот во земјата, воените злосторства во Чеченија, нападите врз театарот во Москва и врз училиштето во Беслан, каде што загинаа стотици цивили. И сето ова поради нафтата и гасот. Забележете ги моите зборови. И Западот поминува низ интелектуална криза. Погледнете го Џорџ Буш, неинформиран човек кој не знае како функционера светот од кого направи поопасно место. Но, и Путин, со наредбата да се убие Литвиненко затру околу 1.000 жители на Лондон, вклучувајќи ме и мене и Закаев. Тоа го прави меѓународен терорист. Тој дури ја загуби и функцијата на „кум на рускиот бизнис“. Сега е во слепа уличка.
* Вие велите дека режимот на Путин може да биде симнат само со сила.
- Ќе ви кажам отворено. Овој режим ја загуби легитимноста и може да биде симнат од власт само со сила. Таа власт е опасна не само за Русија туку и за целиот свет. Правото на луѓето да се побунат не е обезбедено само со Резолуцијата на ОН за човекови права, туку и со Уставот на Руската федерација.
* Но, што може Европа да направи кога зависи од руските енергетски ресурси?
- Ајде. Европа не зависи од руската енергија. Тоа е само лажно прикажување на работите. Европа и Америка може да ги замрзнат сметките на руската елита во банките на Западот. Сите тие сметки се полни со валкани пари. Сега веќе не е како во времето на СССР, кога жителите на федерацијата беа во изолација. Денес сите ги кријат своите пари тука. Но, на Западот нема политичка волја за вакви чекори. Погледнето го (Герхард) Шредер. Тој е политичка курва. Ова не се мои зборови, некој американски сенатор го кажал тоа. Повеќе и' верувам на (Ангела) Меркел, која растела во социјалистичка земја и подобро разбира каков е Путин.
Дан Алексе Биро на „ВАЦ“ во Брисел