Пушти го, не вреди...

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Една членка напиша:
Прекинав да се замарам за луѓе и нешта што не вредат уопште
Многу често луѓето во форма на тешење на пријател, на самоубедување, форсирање автосугестија, шо и да е, знаат да речат “пушти го, не вреди“, “батали го, тој губи“, “и онака ти си премногу добар за него“ и др. сл.

По кој основ тоа луѓето решаваат дека некој не вреди, и не ми викајте дека тоа го кажувате само за да смирите некого или себе?! Зошто го правите тоа, и кои се најважните нешта за некој да “не вреди“?
 
Мислам дека членката погрешно се изразила, или ти не си ја сфатил.

Не дека луѓето не вредат, туку дека не вреди да се замараш со нив.

Од едноставна причина, дека се премногу тврдоглави за да им докажеш нешто, или дека едноставно не сте на иста фрекфенција да се разберете.
 
Убаа тема... Тоа е најчесто изјава на ,,узречица" и форма на тешење кога не си во состојба да најдеш разумен одговор на прашањето ,,Зошто некој не се однесува онака како што сакам?". Сите вредат во суштина, но прашањето е колку... Најчесто, личноста која ,,не вреди" не исполнила некое наше очекување во наша полза. Аналогно, не вреди бидејќи не ни одговара на исполнувањето на потребите. Се сведува на искористување.
 
Можеш да објасниш еднаш, ако сеуште има нешто нејасно можеш да дообјасниш уште еднаш. Ако гледаш дека не е до објаснувањето, тогаш најдобро е да го пуштиш, стварно не вреди. :)
Едно е да не разбере, друго е да не сака да разбере.
 
Многу често луѓето во форма на тешење на пријател, на самоубедување, форсирање автосугестија, шо и да е, знаат да речат “пушти го, не вреди“, “батали го, тој губи“, “и онака ти си премногу добар за него“ и др. сл.

По кој основ тоа луѓето решаваат дека некој не вреди, и не ми викајте дека тоа го кажувате само за да смирите некого или себе?! Зошто го правите тоа, и кои се најважните нешта за некој да “не вреди“?

Не се сомневам дека ја знаеш приказната за лисицата и грозјето. Не можела да го дофати и искоментирала: -И така е зелено, не чини.

Е тоа е само тешење и форсирање автосугестија.
Додека цитатот кој си го искористил за темава е сосема на место. Некои луѓе едноставно не ти значат во животот за било како да допрат до тебе, ниту со дела, ниту со зборови. За таквите луѓе нема зашто да вложуваш енергија во нервози зашто кажале вака или направиле така.

Многу често се случува и да не излаже првобитниот впечаток што сме го имале за некоја личност. Од фина, мила и искрена особа, на крај ќе сфатиле дека е користољубиво ѓубре ( пример само ) и сме заклучиле дека не е достојна за нашето внимание.
 
Мислам дека членката погрешно се изразила, или ти не си ја сфатил.

Не дека луѓето не вредат, туку дека не вреди да се замараш со нив.

Од едноставна причина, дека се премногу тврдоглави за да им докажеш нешто, или дека едноставно не сте на иста фрекфенција да се разберете.
Маwечко напиша:
Некои луѓе едноставно не ти значат во животот за било како да допрат до тебе, ниту со дела, ниту со зборови
Јасно ми е дека тоа луѓето го кажуваат во поинаква конотација, но, сеуште, сите ние се сметаме за добри луѓе, ангелчиња, светци, и други ореолски сликички. Па како во таа слика се пронаоѓаме себе си кажувајќи ја таа реченица, “тој не вреди“, кога тој дефакто вреди, но за некој друг, и тоа најверојатно заради нашите мали маани кои ги поседуваме, лоши особини, грди црти и се натаму. Секој човек вреди, нели?
 
Секој човек вреди, но не секој човек се однесува исто кон нас. Со оние со кои имаме поблиска, порелаксирана комуникација би можеле да се објаснуваме, да вложуваме во комуникацијата, да внимаваме да не бидеме погрешно сватени, толерираме работи кои не би ги толерирале да не е така воспоставена комуникацијата. Сме го препознале позитивно човекот од другата страна и сметаме дека вреди се` што правиме за него.
Од друга страна, може да има човек кој со многу луѓе има одлична дружба, кого многумина го сметаат за човек коj вреди, ама комуникацијата, односот меѓу тебе и него не е на задоволително ниво, нешто не оди. :) Кога имаш таква не-комуникација џабе вие двајца да сте најдобри луѓе на светот, нема да се разберете меѓусебно не затоа што не можете, туку затоа што не сакате. :)
 
Многу често луѓето во форма на тешење на пријател, на самоубедување, форсирање автосугестија, шо и да е, знаат да речат “пушти го, не вреди“, “батали го, тој губи“, “и онака ти си премногу добар за него“ и др. сл.
Ова и приказната за лисицата и грозјето си одат неразделно.

Зошто? Едноставно е. Почнуваш да правиш некои работи со кои очекуваш “дотичната личност“ да изреагира на еден или друг начин. Моментот кога викаш пуштиго не вреди е онај кога повеќе немаш џокери во ракав, а дотичната личност не реагира онака како што си очекувал. Сепак, не е тоа дека не вреди (вреди ите како кога си се намачил до толку) но едноставно си разочаран од реакцијата, па дигаш раце, вртиш нов лист и си продолжуваш со животот наместо да се замараш со нешто што веќе не е тоа тоа.
 
Јасно ми е дека тоа луѓето го кажуваат во поинаква конотација, но, сеуште, сите ние се сметаме за добри луѓе, ангелчиња, светци, и други ореолски сликички. Па како во таа слика се пронаоѓаме себе си кажувајќи ја таа реченица, “тој не вреди“, кога тој дефакто вреди, но за некој друг, и тоа најверојатно заради нашите мали маани кои ги поседуваме, лоши особини, грди црти и се натаму. Секој човек вреди, нели?

Пример еве, на форумов има еден куп личности што ги знам само по ник или па сум ги видела само 2-3 пати во животов. По некоја случајност дознавам дека си дале за право да јадат бубрези за мене. И зошто би се замарала со тоа, кога реално гледано, тие луѓе мене не ми значат ништо во животот? И по кој основ тие би вределе нешто за мене?

Несомнено дека тие на некој друг многу му значат, но ти сигурно би ги ставил на игнор и би рекол “Кој ги е*е, за мене се никој и ништо“, нели?:smir:
 
Епа вака, за да тагуваш по некој, според мене, треба злато да вреди. За сите други, не треба да се замараш пошто не вредат.

Има и една друга изрека која вика ,,Оној за што вреди да се тагува, никогаш не би те повредил`` - е ова нема врска, ама ете треба и утеха некогаш нели.
 
Многу често луѓето во форма на тешење на пријател, на самоубедување, форсирање автосугестија, шо и да е, знаат да речат “пушти го, не вреди“, “батали го, тој губи“, “и онака ти си премногу добар за него“ и др. сл.

По кој основ тоа луѓето решаваат дека некој не вреди, и не ми викајте дека тоа го кажувате само за да смирите некого или себе?! Зошто го правите тоа, и кои се најважните нешта за некој да “не вреди“?

Не го кажувам за да смирам туку за тој НЕКОЈ да може едноставно да се ослободи од таа личност за којашто велиме дека не вреди,да престане да се измачува себеси.
Не дека личноста не вреди,напротив не вредат самосожалувањето,патењето и паѓањето во несвест.Затоа што кога нешто е готово НЕ ВРЕДИ понатаму да се размислува за тоа и да се губи скапоцено време...барем јас така го сфаќам ова...
 
По кој основ тоа луѓето решаваат дека некој не вреди, и не ми викајте дека тоа го кажувате само за да смирите некого или себе?! Зошто го правите тоа, и кои се најважните нешта за некој да “не вреди“?

По тоа што тој/таа направиле нешто толку долно што не вредат да бидат во твое опкружување ,а најмалку да им посветуваш внимание време или љубов.
 
Се согласувам со armin06, едноставно ако некој те повреди толку да мислиш дека се распаѓаш, на сета болка, не ни вреди да го ставаш на ум тој човек, него да продолжиш понатаму, а тој да остане во минатото и воопшто да не мислиш на него.
Самоубедување, автосугестија...не е битно што е, битно да му помогне на човек да не се нервира, да не плаче, да не продолжува да си ја шири болката. Не е толку дека човекот не вреди, колку што не вреди стресот, нервирањето и постојаното мислење и размислување за тој човек. Затоа што никој не е повреден од сопственото здравје, тоа е ФАКТ.
 
Ја сум тежок сељак шо се расправам за некој ствари со луѓе кој се надпросечно прости и неинтелигентни, кој 2 збора неможеш да им објасниш..А шо е нај трагично, највише ме иритира шо најчесто се постари, и најчесто супериорни над мене..
 
nema luge koi ne vredat...ima stoki samo,podli narod koi treba da se stavat na ignore:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom