Пуштена во употреба новата фармацевска фабрика Продис (5-та фабрика во Бунарџик)

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување
Некој случајно негде да не видел/прочитал оглас за вработување,ако имаа воопшто во Протек..?
 
Пет се отворија педесет се затворија, сега засега добро е.
 
Директор на логистика
Компанија:​
ПРОДИС​
Адреса:​
ТИРЗ Скопје 1 Парцела 17​
Позиција:​
Директор​
Детали:​
Новооснованата македонска компанија ПРОДИС, чија дејност е производство на чаеви, житарки, мултивитамини и за прв пат хомеопатски лекови, објавува конкурс за работна позиција: Директор на логистика. Потребни квалификации: - Универзитетско образование - дипломиран економист - Најмалку 5 год. работно искуство како Директор на логистика - Познавања на транспортни и шпедитески правила, прописи и принципи на работа - Солидни вештини за користење на говорен и пишан англиски јазик - Активно работење со пакетот MS Office - Поседување на аналитички и организациски способности. Ги повикуваме заинтересираните кандидати да аплицираат и приложат мотивациско писмо (со назнака во наслов за која работна позиција аплицирате) и кратка биографија – CV на career@prodis.mk . Рок на доставување на документите е 7 (седум) дена од објавување на огласот. Сите кандидати кои ги исполнуваат критериумите и кои ќе достават уредна документација, ќе бидат повикани на интервју во просториите на ПРОДИС.
http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/direktor-na-logistika/4602

Економисти и сезнајковци од форумов:) повелете аплицирајте
Со среќа
 
zigi812 - ајде ќе те молам контролирај ги простачките пориви инаку ќе одиш на одмор од форумов.

Учтиво е замолен и Kostur123 да не тролува.

Misirkov
 
Партиски ќе влегувале, абе вие мозок имате ли, фирма за овакво производство ќе се фокусира на наоѓање на најсоодветен кадар во нивната работа а не безкичмењаци кои што се неспособни да си најдат работа па влегуваат преку партија, нормално приватната фирма ќе гледа да има профит од лица кои што си ја знаат својата работа и кои што учеле за тоа. Гледате толку просто што е чудо на природата, само ги вртите работите на лево и десно. Шо народ ќе беше воа...
 
„Продис“ почна да извезува во Русија

Фабриката на Бунарџик на руската фармацевтска компанија„Продис“ почна со извоз на рускиот пазар, најпрво на органски и конвенционални цералии „ДанкаД“, а се подготвува и пласманот на органски и билни чаеви „Максан“.
Органските мултивитамини и минерали „БИО Санвит“ ќе се извезуваат во вториот квартал на 2013 година.
„Извезуваме производи чија вредност е 100.000 илјади евра. До крајот на овој месец е предвидено да извеземе производи во вредност од 150.000 илјади евра“, соопшти денеска „Продис“.
Фабриката почна со работа на 31 октомври лани како една од производствените фабрики во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик.
„Продис“, чие отворање беше највено како инвестиција од 8 милиони евра, произведува конвенционални и органски производи, чаеви, пченкарни снегулки и мусли, конвенционални витамински препарати и хомеопатски лекови и козметика.
„Протек груп“ е еден од најголемите фармацевтски холдинзи во Русија што се занимава со производство, дистрибуција и трговија на лекови и козметика. Вработува 12.000 луѓе и има годишен обрт од четири милијарди долари.
http://www.plusinfo.mk/vest/81471/Prodis-pochna-da-izvezuva-vo-Rusija
 
Abe kolku me nerviraat ovie kopucive sto sekoj poziiven proces u drzavava go plukaat. . Nevidena destruktivnost. .Ama toa e zatoa sto groto od niv ziveele ubavo vo toa kriminalno vreme -deca na lopovi sverceri sefovi koi new videle maka da baraat rabota za egzistencija I niv I sea nisto new I'm znaci moznost za vrabotuvanje, otvoranje fabriki I sl poso oni sekako se obezbedeni od porano.. ...Dali mene ne miss znaci so roditeli stecajci..
 
ПРОДИС СТАРТУВА СО ПРОДАЖБА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

getImageThumbnail.axd
Седум вида конвенционални и органски житарки под трговското име „данкад“, органски пченкарни снегулки, органски мусли со житарки, органски мусли со овошје, органски овесни снегулки, интегрални снегулки од ориз и пченица и интегрални снегулки од ориз и пченица збогатени со црвени плодови, се само дел од палетата производи на Продис кои може да се најдат низ сите големи супермаркети во земјава, како и во аптеките.

Македонско-руската компанија која пред неколку месеци почна да работи во технолошко-индустриската зона Бунарџик, ќе го пласира на пазарот, како што соопшти, и својот широк спектар сертифицирани чаеви под брендот „максан“.

Девет вида се конвенционални чаеви од камилица, нане, коприва, липа, шипка со хибискус, мајчина душичка, оригано, зелен чај, а пет се сертифицирани органски од камилица, коприва, нане, липа и шипка со хибискус, наведува Продис.

Продис неодамна го реализира и првиот извоз на рускиот пазар.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/93936/prodis_startuva_so_prodazhba_na_makedonskiot_pazar.aspx
 
Има ли некој на форумов што работи или познава некој што работи во Продис да пише како се движат платите :)
 
Има ли некој на форумов што работи или познава некој што работи во Продис да пише како се движат платите :)
Пред некој ден еден другар ми кажа за негов другар кој се вработил како шофер/дистрибутер, му дале околу 20000 плата. Но ова не го земајте за сигурно бидејки сепак не е проверено, од уличен муабет излезе.
 
еве ви еден оглас за вработување Продис објавува конкурс за работна позиција - Дизајнер.

еве и линк кој сака да аплицира
Код:
http://prodis.mk/index.php?p_id=30&l_id=1
 
„ПРОДИС“ ЌЕ ГО ПРОШИРУВА СВОЈОТ БИЗНИС ВО МАКЕДОНИЈА
A98111CFC436124DB6C6E20988D2ED5E.jpg

Руско-македонската компанија „Продис“, кој одбележува една година постоење, денеска најави изградба на нова фабрика за хомеопатски препарати и козметика и градење или приспособување на постоечки објект за откуп, обработка и стерилизација на репроматеријали.

Вкупната инвестиција ќе чини околу 15 милиони евра од кои седум милиони ќе бидат наменети за изградба на фабриката, а осум милиони евра за објектот за откуп и обработка. Планирано е во следните две години да се вработат од 100 до 200 лица.

Фабриката ќе се наоѓа на постоечката парцела во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик, а камен-темелникот се очекува да биде поставен во април идната година. Фабриката треба да биде готова до крајот на 2014 година.

- Кон крајот на октомври акционерите врз основа на анализата на оствареното, плановите и условите на работење со помош на Владата и сите држани институции на Република Македонија, донесоа одлука „Продис“ да влезе во втората и третата фаза на фабриката. На тој начин ќе се заокружи целиот циклус на проектот кој го имаме планирано за поконкурентни висококвалитетни производи за сите пазари кои веќе се или ќе бидат освоени од „Продис“, истакна денеска на прес-конференција генералниот директор на компанијата, Коста Димов.

Околу 10 до 15 проценти од суровините за чај и житарици компанијата ги набавува од Македонија, а остатокот го купува од европските и светските пазари.

- Затоа влегуваме во третата фаза за да се почне со планско сеење, жнеење и одгледување на репроматеријалот во Република Македонија затоа што скоро целата наша држава е органска, односно имаме многу малку загадување. Сакаме во овој порцес да ги вклучиме сите луѓе кои имаат желба или веќе го работат тоа. Тие ќе ни бидат надврорешни партнери со кои ќе склучуваме договори, но ќе пробаме и да ги едуцираме и да ги подготвиме за квалитетот кој нас ни е потребен, рече Димов.

По повод роденденот денеска во Градскиот трговски центар во Скопје е отворена и првата хомеопатска аптека на „Продис“.

Компанијата досега има 158 производи од четири портфолија. Има вработено 80 лица, но до крајот на годината оваа бројка ќе биде зголемена за уште пет нови работни места. Освен во Македонија, компанијата има свои претставништва и во Руската Федерација, Украина, Австралија и Америка, а во процедура е регистрирањето на претставништво во Сингапур.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=CBD03679350D2543AAC01F7973A1659F
 
проф. кикеркова прво нешто што не научи беше дека на секој 1 вложен денар на странски директни инвестиции се извлечени 3 или 4 надвор од државата.
а гледам дека конкретно оваа СДИ своите "странски" производи ги пласира на македонакиот пазар.генијално нема што.
иди на лента 8 саати,напрај профит за газдата да го однесе во својата земја. а со истата плата иди и купи од "странските" производи за и тоа малце што ти го дал странскиот газда да го однесе во својата земја.
ова е понеповолна ситуација за нас дури и од ЛОН производството
капитализам 1.01
 
..оставете плати на Продис на страна , зошто никој не прашува овде од каде русиве купуваат суровини, колку купуваат и по која цена..., тука е биснисот , не у тоа неколкумина невработени да се вработат....;)
А Рускиот пазар нема дно, ако се најде врата ко Продис ..до него..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom