Пушење во тек на бременост

  • Креатор на темата Креатор на темата Anon
  • Време на започнување Време на започнување
Пушењето во бременоста може да го уништи здравјето како на бебето, така и на мајката. Бременоста треба да ви биде силна мотивација за да ги откажете цигарите, затоа што со секоја запалена или незапалена цигара правите избор во име на вашето неродено бебе кое е целосно зависно од вас.
pusenje.jpg

Бебињата, чии мајки пушеле во текот на бременоста, се изложени на двојно поголем ризик од ненадејна смрт на доенче.
Пушењето и зачнувањето

Пушењето се сврзува со ниска плодност не само кај жените, а и кај мажите. Штетата од цигарите е толку голема, што ако вашата мајка пушела и вие имате помали шанси да зачнете.
  • Кај жените никотинот го намалува производството на хормоните потребни во текот на бременоста. Исто така го забавува или спречува транспортирањето на јајце-клетката низ јајцеводот до матката.
  • Во спермата на маж пушач има 15% помалку сперматозоиди, отколку во спермата на маж непушач. Пушењето го намалува и количеството спрема и способноста на сперматозоидите да се движат. Кај мажите пушењето влијае и врз крвните садови кои го снабдуваат пенисот, па може да предизвика и проблеми со ерекцијата.
Затоа, ако планирате да останете бремена, време е да ги откажете цигарите и вие и вашиот партнер. Така ќе ги зголемите шансите да станете родители и тоа што поскоро.
Пушењето и бременоста

pasivno%20pusenje.jpg

Пасивното пушење може да му наштети на вашето бебенце.
Бебето во матката добива сè што му е потребно (храна и кислород) од својата мајка. Пушењето не само што го изложува фетусот на токсини од цигарите, туку и ја уништува плацентата.
Кога едно лице пуши, дел од кислородот во неговата крв се заменува со јаглерод моноксид. Ако пуши бремена жена, нејзината крв и крвта на нејзиното неродено бебе содржат помалку кислород од нормалното. Резултатот е забрзан срцев ритам кај бебето и тоа се бори да добие доволно кислород.
Во чадот од цигарите се содржат токсични супстанции, кои што го спречуваат нормалното функционирање на крвта. Тоа се одразува на плацентата.
Како пушењето влијае на вашето бебе?

Бебињата чии мајки пушеле во текот на бременоста:
  • Почесто се раѓаат предвреме.
  • Имаат пониска телесна тежина за околу 200g од бебињата чии мајки не пушат. Овој ефект на цигарите се зголемува пропорционално т.е. колку повеќе пуши мајката, толку помала ќе биде тежината на бебето.
  • Имаат помали органи од бебињата кои се родени од непушачи.
  • Страдаат од полошо функционирање на белите дробови.
  • Изложени се на двојно поголем ризик од ненадејна смрт на доенче.
  • Се разболуваат почесто. Бебињата чии мајки пушат по 15 и повеќе цигари дневно, во текот на бременоста, посетуваат болница двојно повеќе во текот на првите месеци од нивниот живот.
  • Најверојатно и тие ќе станат пушачи во текот на нивниот живот.
Бремените жени кои што пушат ризикуваат да пометнат, нивното бебе да умре во матката или да развијат други состојби (плацента превиа), со кои ќе му наштетат на бебето.[
 
Ок ајде да пробаме сериозно , знааачи, која нормална мисли дека пушењето е ок додека си трудна?
Затоа не ја сфаќам темава ко некој да отвори сега тема во останати спортови "ако влезеш во вода без да знаеш да пливаш ќе се удавиш".
 
Не се сите баш така добро информирани... а и да се нека си стои темата како потсетник на опасностите од пушењето.
Морам да поддржам секаква анти-пушачка тема, мразам цигари. И пак и пак не можам да сфатам како луѓето не можат да сватат дека цигарите убиваат. Дедо ми умре од рак на бели дробови. Ама тој не знаел дека предизвикуваат рак. Кој им е изговорот на денешниве пушачи?
 
Е како не се информирани, секоја која оди на гинеколог откако ќе види дека е трудна докторот и дава 250 совети, памфлети и прирачници за бременоста, што да прави и што да не прави.
Штетни се цигарите не велам не ама тие што пушат ако по изгледани 47284829384728273 реклами за опасностите од пушењето и слики на кутиите од цигарите не ги премислуваат, темава па ич.
 
Нема тоа врска, на кутиите не е објаснето медицински што може да предизвика. Да, штетно е, но на кој начин е штетно? Вакви теми никогаш не пречат, затоа што се работи за здравје. Има многу теми што за повеќето се очигледни и се општи информации, но од друга страна кога станува збор за здравје никогаш не може да има премногу информации.
Има многу трудници кои пушат за време на бременост, не е темава за премислување, туку општа дискусија за последиците и слично.

На крај краева, форумите и се за информации и прашања. Можеби јас сум информирана за темава, ама не се сите.
 
Не се сите баш така добро информирани... а и да се нека си стои темата како потсетник на опасностите од пушењето.
Морам да поддржам секаква анти-пушачка тема, мразам цигари. И пак и пак не можам да сфатам како луѓето не можат да сватат дека цигарите убиваат. Дедо ми умре од рак на бели дробови. Ама тој не знаел дека предизвикуваат рак. Кој им е изговорот на денешниве пушачи?
Половично ќе скокнам офтопик да ти одговорам на прашањето околу тоа зашо луѓето пушат и покрај тоа што знаат дека е штетно. Природно во човековата психа постои онаа
жичка на мазохизам. Си се запрашал зашо многу луѓе јадат луто и покрај тоа што таквиот вкус воведува болка? Истотака зошто луѓето се лажат и покрај тоа што ја знаат вистината? Поради овие мали таласи на мазохизам. Као што викаат старите, премногу арно не е на арно, истотака и после толку вкусна храна се пробува и нешто што малку ги зачинува состојките. Дај му луто на мало детенце, инстинктивно ќе го исплука. Тоа е затоа што сеуште му се нема зододеано од вкусната за него храна.
Исто е и за цигарите. Некои пушат ради задоволство кое го имаат изградено уште од млади години базирано од желба да се проба „нелегалното“ за нив.
 
Нема тоа врска, на кутиите не е објаснето медицински што може да предизвика. Да, штетно е, но на кој начин е штетно? Вакви теми никогаш не пречат, затоа што се работи за здравје. Има многу теми што за повеќето се очигледни и се општи информации, но од друга страна кога станува збор за здравје никогаш не може да има премногу информации.
Има многу трудници кои пушат за време на бременост, не е темава за премислување, туку општа дискусија за последиците и слично.

На крај краева, форумите и се за информации и прашања. Можеби јас сум информирана за темава, ама не се сите.
Може пушат за време на бременоста ама дека не ги знаат последиците мало морген тоа :)
 
Може пушат за време на бременоста ама дека не ги знаат последиците мало морген тоа :)

А бе знаат дека е штетно, јас тоа не го оспорувам, сите знаат дека пушењето е штетно, но не штети да се има повеќе информации. Исто ко да кажеш дека не треба да има тема за контрацепција затоа што сите знаат дека треба да се користи контрацепција за да се спречат полово преносливи болести или да се избегне бременост. Ама, се случуваат секакви ситуации, затоа и постои форумот за информирање. Плус форумот го читаат луѓе од секакви возрасти, дури и тинејџери и зошто да не прочитаат и да се информираат?
 
Пушењето е штетно, секако, но не е толку страшно колку што се прикажува.
Мајка ми пушеше за цело време додека беше бремена со сестра ми, па жива права и здрава е сестра ми.
Секако дека не пушеше со ист интензитет како обично.

Пушењето е штетно, како сакаш сврти.
Не изговор.

Пушач сум, знам дека е штетно, немам намера да се откажам, дур да умрам.
Зошто? Ќеиф е во прашање, ништо друго.
 
Да си ми жена и да пушиш додека си бремена со колку мое толку и твое дете, вратот ќе ти го скршам.:)

Он топик: Јас лично спремен сум во тој период додека е трудна и дои мојата (идна..кога и да биде тоа, нАли) жена да се откажам и од пратење на Ливерпул, за да и створам утеха (каква-таква) дека и јас нешто жртвувам, би престанал и благо да јадам (ова кажувам од што сум зависен)......би престанал да идам по кафани додека е она дома и се грижи за нашето дете.....АМА таа да пуши и со тоа да го загрозува животот на НАШЕТО дете, нема теорија.

Зимам секирчето и кврц.
 
trudnicapusimanja.jpg
ubavo ima na cigarite demotivatorska slikica za zenite koga se bremeni da nepusat , sto e najstrasoto i posle poroduvanjeto oni prodolzuvvat pred bebeto da zacaduvaat i da go gusat
 
Пушење, користење алкохол, користење на било каква дрога за време на бременост е еден од начините да си го унаказите сопственото дете уште пред да биде воопшто родено. Па ако некој нема доволно мозок или мисли дека животот и здравјето на детето што го носи не се приоритет, туку желбите и потребите на таа особа, тогаш воопшто нека не планира деца. Ако некој не е доволно зрел и одговорен за таква работа, тогаш не треба воопшто да станува мајка.
 
СЕКОЈ/А МОЖЕ ДА БИДЕ МАЈКА/ТАТКО....НО, НЕ СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ РОДИТЕЛ....билив ми!!!
 
Мојата братучетка додека беше бремена пушеше цигари но пушеше по 1-2 цигари на 1 ден. бидејќи пред тоа беше доста голем пушач каде што пушеше и по 2 кутии дневно и кога ја прашав знаеш дека е опасно додека си бремена да пушиш и самата ми кажа дека едноставно не можела да се откаже од цигарите па затоа палела по 1-2 цигари дневно ...

Но не можам да ги разберам цас жените што пушати додека сте бремени зарем поважни ви се цигарите и тоа да си го направите кејфот на душата и да бидете толку себечни што можете да го загозите здравјето на вашето идно дете
 
Се е релевантно.Мајка ми пушела додека била со мене трудна,а јас машала(пу пу да не се урочам) здрав и жив сум,на килажа немам помалце(ако сака некој да му дадам,може имам вишок :D)....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom