Птичја љубов...

  • Креатор на темата Креатор на темата Zodiak DJ
  • Време на започнување Време на започнување

Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Возраст
41
Навистина неверојатна и трогателна приказна..........

Ластовички

Ова е женката која е повредена и нејзината состојба е фатална. Таа е удрена од автомобил и паднала на улицата.​

part-005.jpg


Ова е мажјакот како и носи храна и ја опсипува со љубов и внимание.​

part-007.jpg


Повторно и носи храна, но е запрепастен кога гледа дека е мртва. Прави напор да ја крене, нешто што е навистина ретко видено кај ластовичките.​

part-004.jpg


Свесен дека неговата љубов е мртва и дека нема да се врати, испушта тажни крици.​

part-008.jpg


Помирен со фактот дека нема да се врати, стои мирно покрај неа, тажен и скршен од болка.​

part-006.jpg


Многу луѓе плачеле откако ги виделе овие фотографии. Фотографот кој ги направил фотографиите ги продал за огромни парични суми на познатите француски весници. Сите весници каде биле објавени овие фотографии биле веднаш распродадени. Кој вели дека птиците не размислуваат и немаат чувства?:smir:
 
А кој вели дека било кое животно, птица нема чувства?
Жално...

Бато, зборував за птичја љубов... но сепак... за птиците велат дека немале чуства... емоции да речам... многумина го влета тоа... ова е само доказ на една чиста љубов... Се ежев додека ги гледав сликите и читав... Жално... Но сепак вистинито!
 
Како бе немаат чувства? Не знам дал сте оделе кај баба, дедо на село и дали сте виделе квачката како ги брани малите пилиња.
 
Како бе немаат чувства? Не знам дал сте оделе кај баба, дедо на село и дали сте виделе квачката како ги брани малите пилиња.

Знам друже дека има.. сум го видел тоа... ама го поставив ова за оние кои во тоа не се убедени... А не за да се прашувам јас.. :-) Инаку приказнава е за оскар да му се додели на типот шо ги сликал.... Ова е научна теорија...
 
Жално е , ама нека им биде лекција на сите оние кој ја негираат љубовта со изговор дека е наметната од луѓето , дека не е природна.
 
Аииии како се натажив
покажуваат животните и тоа многу поголема љубов од луѓето!
 
Сонце најпрекрасно. :( Доказ дека безусловната љубов постои, се чувствува, се наоѓа во се што е живо, се што диши воздух...емоција која го зацврстува духот!
 
Јас би рекла доказ дека љубовта не познава граници,години,видови,полови...само се чувствува и покажува.
 
Знам друже дека има.. сум го видел тоа... ама го поставив ова за оние кои во тоа не се убедени... А не за да се прашувам јас.. :-) Инаку приказнава е за оскар да му се додели на типот шо ги сликал.... Ова е научна теорија...
Каква научна теорија бре, ако е така тогаш селаните (и граѓаните кои чуваат кокошки на селски начин) треба да добијат нобелова награда според тебе, бидејќи тие ова одамна го знаат.
 
Кој вели дека птиците не размислуваат?:smir:

Секој со минимално, елементарно познавање на биологијата.
Инстнктивно однесување е различно од свесно.
Последен пат ко проверив, беше ова еден од поглавните фактори по кои се разликуваме од животните.

Птичја љубов.. meh. Ќе премине ова во комерцијала. Исто како птичјиот грип.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom