Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Бада благодарам.

Батерфлај

Она што особено се потенцира кај тебе и што ми е невобичаено кај припадничките од понежниот пол е реализмот и приземјеноста што го поседуваш. Аватар со некоја јака теткица со наочари и мај стајл во превод млада сум си се сакам доволно сум женствена и сексипилна ама и самостална и цврста. Комбинација што е многу ретка за жена обично тие што се паметни и борци се фригидни и не знаат што значи да се биде женско. Ако го додадеме на ова и потписот успешна гарант си или правник или економист по професија само од таму излегуваат таков профил на женски. Љубовта и врските не ги сваќаш како поголемиот дел жени-патетично ангелчиња што летаат срце проподено со стрела мечиња што рипаат околу виножито дримленд од цртаните филмови. Во врски пристапуваш зрело, трезвено, реално. Не плачеш не сечеш вени ако раскинеш едноставно држиш став еден од моите фаворити јеби га живот идемо даље. Можеби ќе поплачеш малку ама нема да си ја трескаш главата во ѕид времето е кратко а ноќта е долга ќе ги фрлиме трските по нова риба. Не дозволуваш проблемите да завлечкаат надолу. Едноставно се бориш го прифаќаш светот со сите добрини и лошотилаци без разочарувања без некои високи надреални надежи. Малку имаш бурен и непредвидлив карактер нешто на коешто ќе треба да поработиш во иднина. Сигурно од лошо искуство знаеш и дрско да реагираш а особено према дечковците дури и кога не треба и на тоа припази. Сума сумарум знаеш паралелно да тераш повеќе работи успешно без тоа да вљијае лошо меѓусебно. На добар пат си кон зрелост.

Немам зборови само:vozbud::vozbud:, фалаа:helou::helou:
 
може ли некој за мене???:cry:

Вака сега...

Искрено неможам да дадам некоја целосна анализа за тебе,бидејќи повеќето твои постови се во играчница,па затоа не ни можам да оформам некое мислење.
Ти си девојка која што се уште го запознава животот и допрва треба да се стекнува со искуство.Вљубеник си во модата,сакаш да изгледаш убаво и средено во секое време.Сакаш да одиш во шопинг,да излегуваш,се уште не си подготвена да се уозбилиш и да станеш сериозна,што е многу нормално,бидејќи сепак имаш 16 години.Имаш самодоверба,но сепак сметам дека си кршлива,само тоа го сокриваш и не сакаш баш твоите мани да излегуваат на површина.
Далеку од очи - далеку од срце?Хм..не си убедена баш многу многу во таа поговорка,сепак сметаш дека љубовта не познава граници.

За жал,толку е анализата,стварно не знам што друго да кажам.:toe:
 
Вака сега...

Искрено неможам да дадам некоја целосна анализа за тебе,бидејќи повеќето твои постови се во играчница,па затоа не ни можам да оформам некое мислење.
Ти си девојка која што се уште го запознава животот и допрва треба да се стекнува со искуство.Вљубеник си во модата,сакаш да изгледаш убаво и средено во секое време.Сакаш да одиш во шопинг,да излегуваш,се уште не си подготвена да се уозбилиш и да станеш сериозна,што е многу нормално,бидејќи сепак имаш 16 години.Имаш самодоверба,но сепак сметам дека си кршлива,само тоа го сокриваш и не сакаш баш твоите мани да излегуваат на површина.
Далеку од очи - далеку од срце?Хм..не си убедена баш многу многу во таа поговорка,сепак сметаш дека љубовта не познава граници.

За жал,толку е анализата,стварно не знам што друго да кажам.:toe:

Еј фала,да у право си не може некое опширно мислење да се отвори сеуште,да за тие работи си во право,фала:helou:
 
не бе...сега ке ви дам јас една кратка анализа за ТонИнтер...мислам вистинскиот ТонИнтер.

1.албо си...
2.господ те казнил шо ти дал памет
3.господ те казнил шо не те направил со голем нос
4.гопод те казнил шо не ти дал голема вилица (а ла албо)
5.сакаш сите да те сакат
6.сакаш да се дружиш со некој со голема самодоверба
7.нејќеш да превземиш одговорност (и кога го правиш работите ги оставаш до пола).
8.плачеш ко бебе коа некој ке те мами

не сум дома коа ке се вратам ке продолжам.
за секоја точка ке дадев и објаснување...ама поради ’’анализата’’ ТонИнтер веке не ми зборува...:nesum: :toe:
 
Сакам една анализа од Лудо_во_љубов, или од било кој. :pipi:
 
Сакам една анализа од Лудо_во_љубов, или од било кој. :pipi:

Јас ќе те изанализирам,само малце покасно може? Сега мозокот ми е на стенд бај,многу ми се спие.
 
PSYtisfaction

(Однапред се извинувам за секој промашај:pos:)

Псајтисфекшн е една од личностите на форумов чии мислења многу ги почитувам.Знае да забуцка кога е потребно и да биде сериозна по потреба.

Според досега забележеното,мислам дека си голем реалист.Секогаш газиш цврсто на земјата и настојуваш да бидеш постојано реална и down to earth,што би се рекло.Некогаш сакаш малку да забегаш со мислите,но сепак брзо успеваш да се вратиш во колосек.
Сакаш да бидеш забележана.Не во смисол да бидеш постојано центар пажња,но сепак сакаш да оставиш твоја трага или твој претпознатлив белег каде и да се наоѓаш.
Не си човек кој претпочита караници.Некогаш мислам дека и ќе се повлечеш од караница,додека не се смири ситуацијата,а после продолжуваш по старо.Пријателски си расположена(барем тие 2-3 пати колку што те видов,секогаш беше позитвна и зборлива),сакаш да комуницираш со луѓето,не си баш од оние луѓе кои седат и ќутат и анализираат.Не си лицемерна особа и ако некоја особа не ти се допаѓа се држиш на дистанца од неа или пак чисто од култура разменуваш збор-два.Иако си искрена и го искажуваш своето мислење,за некои работи едноставно преќутуваш,некако како да немаш воља да се бориш до крај.Претпазлива си и внимаваш како го одбираш својот круг на пријатели.Немаш многу доверба во луѓето и често некои работи и чувства ги потиснуваш во себе и тоа подолго време,за на крај кога ќе излезе сето тоа на површина да биде нешто слично на ерупција од вулкан:).Мислам дека си од оние луѓе кои кога имаат некој проблем се повлекуваат во себе и пробуваат прво сами да изнајдат решение,а ако не успеат во тоа,пак пробуваат,и на крај побаруваат помош.Не е ова од гордост,туку претежно сакаш сама да ги расчистиш работите,не сакаш многу луѓе да вплеткуваш во твоите проблеми.Доста си принципиелна и се држиш за своите ставови и гледаш секогаш да се поткрепени со факти и аргументи.Ако во нешто не се разбираш,воопшто не се мешаш.Не сакаш да се правиш паметнаковиќ на сила и да глумиш дека си совршена и дека те бива за се.Свесна си за своите предности и мани.Мислам дека има еден дел во тебе кој го криеш во себе,кој не го откриваш пред луѓето.Не би рекла дека тоа е маска,но сепак не сакаш да ги разголуваш баш сите емоции или да си ги откриваш слабите точки.Сметаш дека некои работи треба да останат само за тебе.
Има денови кога си расположена за обично нормално кафе,но некогаш сакаш и да се забавуваш.
Како што реков,прилично(многу) си реална и свесна си дека животот не е розев и дека има многу проблеми,но свесна си дека има луѓе и во далеку понезавидна ситуација од твојата,па затоа гледаш што подобро да го искористиш она што го имаш.
Во љубовта си исто толку реална како и во останатите сегменти од животот.Не се занесуваш(добро сега се занесуваш по малце,ама не во преголеми количини,не дозволуваш да забегаш премногу),прилично си претпазлива и внимателно ја анализираш твојата "жртва":).Сметаш дека љубовта не е срценца,држење за рака и розов свет,туку нешто подлабоко.Не се залажуваш со слаткоречиви зборови,повеќе сакаш докази.Сакаш на дело да видиш каков е човекот,а не тоа колку комплименти ќе ти подели за една вечер.

Со оглед на тоа колку ми се спие,толку од анализата...
 
Крејзи ин лав ако не те мрзи и ако ти е досадно анализирај ме мене. А ако нејќеш и не ти е досадно не ме анализирај:vozbud:
 
Крејзи ин лав ако не те мрзи и ако ти е досадно анализирај ме мене. А ако нејќеш и не ти е досадно не ме анализирај:vozbud:

Премногу сум уморна денес,утре ќе ти направам една.Може така?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom