Првиот Велигден

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Телото на Исус беше положено во гробот во Петок попладне. Немаше време за припреми според евреиските обичаи. Во Сабота не смееше да се работи па работата, ќе мораше да почека до Недела.
Рано наутро, во Недела, Марија и неколку други жени отидоа до гробот со мириси кои ги имаа припремено. Кога пристигна, открија дка гробот веќе бил отворен. Кога влегоа телото на Исус не беше таму, па се чудеа што се случило.
Одненадеж Господов ангел слезе од небото, пристапи и го одмести каменот и седна на него. А лицето му светеше како молња, а неговата облека - бела како снег. “Зошто го барате живиот меѓу мртвите?Тој не е тука - Воскресна! Се сеќавате како ви збореше дека ќе биде предаден, распнат и на третиот ден повторно ќе воскресне!”

Жените се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на Единаесетмината и на сите други, што виделе. Петар и другите Апостоли отрчаа до гробот за да се уверат.
Ги видоа само ленените завои, во кои беше повиено телото на Исус.Си заминаа дома, фасцинирани и збунети.

Кога Петар и другите Апостоли си отидоа, Марија остана пред гробот плачејќи.
Одеднаш го виде Исуса како стоеше таму, но отпрвин не го препозна. Исус и рече:” Жено, зошто плачеш?Кого бараш? Марија мислејќи дека е градинарот рече: „ Господине, ако Го изнесе ти, кажи ми каде Го положи, и јас ќе Го земам!”. Исус и рече:”Марија!”Тогаш таа го препозна и извика”Учителе!”
Исус и рече: „Не допирај Ме, зашто уште не отидов горе при Мојот Татко. Туку оди при Моите браќа и речи им: ‘Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог.’


Велигденската Недела е најсветиот ден за Христијаните. Се памети како Воскресението на Исус. Првите(Раните) Христијани го славеле воскресението на Исус на истиот ден(или приближно) кога и Евреите ја славеле својата Пасха. Поради различните календарски системи денес тие две работи се раздвоени.
Смртта и Воскресението на Исус се централен настан од Христијанската вера. Чудесното воскресениe им даде уверување на Иусовите ученици и на сите Христијаните, дека Исус нависитна е Синот Божји. Тој ги потврди своите пропоштва и им даде авторитет на неговите учења.
Исус ја победи моќта на гревот и смртта. Ако Бог можеше да го воскресне Исус од мртвите тогаш и ние имаме оправдување да се надеваме дека ќе бидеме воскреснати во вечен живот во присуство на нашиот Бог.



 
Колку тој ден бил важен за НЕКОИ луѓе, во Русија неделниот ден се вика ВОСКРЕСЕНИЕ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom