Мистичен
Човек
Новинската агенција IDG открива дека мобилниот телефон на грчкиот премиер бил прислушкуван со помош на хакерски програм наречен rootkit, кој се среќава за прв пат во системите на мобилната телефонија.
Пишува: Митко Цабевски
(telefoni.com.mk)
Имено, станува збор за хакерски код кој се крие длабоко во оперативниот систем и извршува најразлични команди. Иако ваквите програми долго време се познати во компјутерскиот свет, ова е првиот случај ваков хакерски програм да биде пронајден во свич централите на еден мобилен оператор.
Телефонот на грчкиот премиер и на уште 100 други високи функционери во грчката влада, биле тајно прислушкувани преку овој систем подолго време. Целиот случај се поврзува со сомнителното самоубиство во 2005 година на главниот инжинер во грчкиот Vodafone Group кој бил одговорен за мрежно планирање.
Опсежната анализа на IEEE (Institute of Electrical and Electronics Engineers) открива дека целата операција била технички маестрално замислена и реализирана од високо професионални компјутерски инжинери со одлични познавања од мобилната технологија и системи.
Шпиуните ја избегнале детекцијата на нивниот rootkit преку инсталирање низа системски “закрпи“ кои хакерскиот програм го правеле невидлив за мониторинг системите кои би требало да детектираат било каков упад. Ваквата ситуација им овозможувала прислушување на разговорите во реално време, листинг на сите повици, трансфер на податоци, смс и други облици на комуникација.
Во денешно време кога нашиот живот во огромна мера е “дигитален“ и “мобилен“, ваквите случаи само го потврдуваат фактот дека повеќе нема тајни.