Првата љубов никогаш не се заборава !!!

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Strela.MKD^
  • Време на започнување Време на започнување
Прва љубов ? Абе ко деца сите сме се затрескувале во некого али балеку било тоа од љубов.
 
Зависи кој какво искуство имал со првата љубов :)
Нормално е личностите со кои што си бил поинтимен да не ги заборавиш, како и поблиските пријателу...ама не заборавање во смисла сите врски да ги базираш на една тоа не. Мислам дека темава би требало да биде, првото срцекршење не се забоава :)
 
Дефинитивно првата љубов не се заборава. Првата љубов обично е најдетска, најчиста, ослободена од било какви предрасуди. Едноставно си дете и сакаш да сакаш и ти е убаво! Првата љубов секогаш ќе ја памтам и покрај се што се случило и покрај првите детски солзи кои ги имам пролеано, секогаш со насмевка ќе ја памтам таа прва љубов.
 
Колку само првата ќе ја заборавам, а последната ќе ја гледам секој Божји ден до крајот на мојот живот и нема да имам можност да ја заборавам.

За да се памти, треба да трае.
Се што е минато време, може да се заборави.
Тоа дали ќе ја заборавиш првата љубов или не, зависи од карактер до карактер.
 
Јас не се сеќавам на првата љубов затоа што беше во 4то одделение а повеќе опции се во игра, на некои од тие девојки и името и фацата сум ги заборавил.
 
Првиот занес, заљубеност, бакнеж ... не се заборава - но последната љубов, тој што е покрај мене - тој е вистинскиот, тој покрај кој ќе умрам, тој кој ќе ме теши и дава поткрепа во сите мигови на среќа и тага - тој - мојот животен сопатник - таа љубов е вечна
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom