Прваче сум мало

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Почна учебната година и гледам никој не отвори тема за ова:
ОБРАЗОВАНО ДЕРЕЊЕ до гола кожа на родителите,
а во мојов случај и на дедовците и бабите. Кај нас имавме првачиња
во фамилијава и пред повеќе години но не беше баш вака,
имаше и тогаш дерење ама со исав,со умисла,со сапуница.
Е ама ова сега што го доживеавме е дерење на суво до кожа.
Прваче мало пуштивме во школо и еве што веднаш ни побараа:
--------------------
Обезбедување: се плаќа секој месец.............................................300ден.
осигурување: .......................................................................................100ден.
Сликање обавезно .............................................................................. 50ден.
Таолетна хартија Пакување од 10-12..............................................150ден
Влажни марамчиња (марка)..............................................................100ден.
Течен сапун........1/2 литро..(марка)......................................................70ден.
Шкавчиња (клуч од шкавче)................................................................700ден.
Телевизор......( плазма-ЛЦД)...............................................................500ден.
ДВД...........................................................................................................100ден.
Фломастери....(само Џото)...................................................................ХХХ
Боици...............(само БИГ )...................................................................ХХХ
Ужина..........( потребно, се прифаќа)..................................................ХХХХ
Ексурзија ..(нема да задоцнат, ајде друга недела во Крушево)...ХХХХ
Скршено стакло ( обавезно еднаш месечно)...................................ХХ
Помош за некаде, Па за крвна група, Па за ова -она.....................ХХХХ
Абе има уште ама „години“ и заборавам што уште треба..............ХХХХ
--------------------------------------------------------------
Е сега многу прашања уште од прво до последно.
Зошто родителите да го плаќаат ова обезбедување.
Зошто сликање обавезно.не сме 1958год. (сега секое дете слика)
Таолетна некој и дома нема,а таму барат за цела чета,секој месец.
Влажни марамчиња,...............ја мајката како да се доенчиња.
Течен сапун...........опа 30 шишиња ,како во најлуксузна бања.
Шкавчиња............до сега немало ли,не бре секоја година исто-дери.
( па нели владава ги обновуваше школите,со што со олуци)
Телевизор......каде е ланскиот, или оваа година е измислен тоа ТВ.
ДВД................Дерење,дерење и само ДЕРЕЊЕ
Значи мора Италијански прибор,во ред од Чајна е канцероген.
А тоа екскурзии е само перење пари, за буџет во директорскиот џеб.
А да па одиме у диско-пардон на театар или музеј или на Крстот.
Па да почнеме со овие маки,како беше ПРВАЧЕ СУМ МАЛО,
Пваче сум мало.р........ и толку се збуни внуката--Дедо дај пари
 
Кое е ова школо жити се? Место да ги учат децата, тие бараат пари за плазма ТВ и ДВД :facepalm:
 
Шо зборуваш бе пријателе обезбедување 300 денара месечно, јас годинава завршив средно, плаќавме 200 денари првото полугодие, и 200 второто...
 
Хах се сеќавам кога родителите во 1993 ептен се бунеа што плаќаа секоја година по 150 денари за школската ограда која се изгради дури 4 години подоцна. Ако во 1993 150 денара годишно им било многу можам да замислам како ќе реагираа ако им бараа волку пари колку што им барат сега. Ќе го превртеа целото школо наопаку. :)
За последниве 20 години многу ствари се сменија, нели.............
 
влажни марамчиња 100 денари............ ја мајката..............осигурување 300............сигурно ова во мкд е?
 
Не се заебавајте, кај ова Парис, Мајами ? Тука колко што знам ништо не се плаќа.
 
Тоа дека учат у Скопје. Пресели се кај мене у Долно Дупени, едно школо, тоалетна хартија заштедуваш у старт, листои од див костен, орев колку ти душа сакат, ако ептен бербат се напраи може до езeрото да скокнит да се замие.

На екскурзија ги водиме јаболка да берат, мислиш дете од кај знае јаболка да бери, ама помагат бе, берат.

Ние за скршени прозорци не плаќаме, ако се скрши си клаваме картон или лим од некоја лименка (од онија конзервите од сирење).
Греење не плаќаме, ќумбе си имаме, дрва колку ти душа сака.
 
Бесплатно беше образованието или нешто сум збунет?
 
Незнам што се буните за школството кога направија најскапиот дел да е бесплатен. Е сега да не сакаш Анчо од школо и плата да им дават на учениците?
Порано се сеќавам по една плата моите даваа за книги...
 
Обезбедување: се плаќа секој месец.............................................300ден.
осигурување: .......................................................................................100ден.
Сликање обавезно .............................................................................. 50ден.
Таолетна хартија Пакување од 10-12..............................................150ден
Влажни марамчиња (марка)..............................................................100ден.
Течен сапун........1/2 литро..(марка)......................................................70ден.
Шкавчиња (клуч од шкавче)................................................................700ден.
Телевизор......( плазма-ЛЦД)...............................................................500ден.
ДВД...........................................................................................................100ден.
Фломастери....(само Џото)...................................................................ХХХ
Боици...............(само БИГ )...................................................................ХХХ
Ужина..........( потребно, се прифаќа)..................................................ХХХХ
Ексурзија ..(нема да задоцнат, ајде друга недела во Крушево)...ХХХХ
Скршено стакло ( обавезно еднаш месечно)...................................ХХ
Помош за некаде, Па за крвна група, Па за ова -она.....................ХХХХ
Абе има уште ама „години“ и заборавам што уште треба..............ХХХХ
зависи во кое школо е. На нас пред 7-8 години кога бевме со прваче не ни бараа вакви ствари за тв и двд. За кречење и за некои такви тековни морални потреби да, ова тв и двд кај нас е луксуз и знаат дека нема ништо да добијат. Да платите 2700 за година тоа е премногу пари.

Влажни марамчиња :) ...стварно ме интересира кое школо е и која населба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom