Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мене уште не ми е јасно како уопште се води дебата дали Грујо е подобар од Зајко.

Грујо буквално ја поседува државава, како што пашата поседувал пашалак во среден век. човекот има неограничена, неконтролирана моќ, пали и гаси. од корен го преизгради Скопје ко Сим сити да игра, притоа менувајќи го самиот македонски идентитет по цена од богзнае колку стотици милиони евра (не се знае точно затоа што не кажува, а никој не смее да го праша од медиуми), руши со декрет објекти на луѓе што му пречат, ги апси истите како ќе му свирне (Љубе) и експресно ги начукува во затвор пошто ниеден суд не смее да му писне, си нарачува мерцедеси od 600 000 евра фул со екрани за децата кога ќе му се возат да гледаат, нарачува слики од 3.8 милиони евра со златни рамки кај што е прикажан како Ким Јонг Ил, собира пратеници како ученичиња по телефон од плажа од грчка да му стиснат копче за хашките случаи (а се претставува најголем патриот), газејќи го самиот принцип на законодавна власт... до утре можам да набројувам и пак ќе има уште. све изгази во државава, секој закон и секој што му се најде на патот. оној Крпач што требало да биде сведок против братучед му, се самоубил со три куршума во гради. десет години што сака прави буквално, и пак за све е крив Бранко, Заев и Сорос.

И тука се прават муабети дали Зајко бил ок или не бил, и дали требало да се блокираат раскрсници. абе во нормална држава ова да се десеше, камен на камен немаше да остане. ама ние не сме нормална држава, и не сме нормален народ, туку полтрони, кукавици и ситни профитери. и уште тие шака луѓе што се нормални што останаа и не избегаа по странство, овие горенаведените ги пљукаат, пошто им го нарушиле спокојството.

абе не Зајко, на улица да излезам прва рандом будала што ќе ја најдам пре би ја ставил за премиер него паторот. ама ние го заслужуваме гадов, пошто такви сме и ние, гадови.
 
Во право си, не Зајко па и Љубчо (мада овој ми е сумњив) би го ставил премиер, било кој само не Грујо...
 
Mislam aktuelniov premier e vo red, I mislam toj ke bide I vo idnina posle izborite.
 
Кој то ние сме потрошиле на палми???Иначе извини молимте шо спомнав околу примањата на тие од СЈО.Како само можев да се посомневам во нивните идеали ,нивната љубов спрема Македонија???:place:Тие и за минималец би ја обработиле нивната света должност пошто парите ништо не им значат!?:cautious::tapp:Ама сепак 3000 евра плата и не се така за потценвење,нели?За идеали друг пат ќе му ја мислат,има време!
Вие да, да не мислиш дека јас сум виновен за тоа. Ти и тие како тебе што не ви е битно што за 30к евра умре девојче а се потрошиле 250к за рингишпил. Вие што ви е сеедно тоа што полицијата уби момче на плоштадот и што се обиде да го сокрие тоа, што под притисок на фирерот таткото на тоа момче си го одзема животот. Како не ви е срам бе, вакво перење мозок сум видел само во филмовите за утописки општества како Equilibrium.

И пак зошто се блокирале улици, зошто се боеле згради, зошто се искршила канцеларија на фокусот. Абе среќа што уште преовладува разумот во отпорот инаку твојот патор заслужува револуција како онаа во Тајланд против Шинаватта
 
Последно уредено:
Кутрите дебили од телеграф.мк, не провалија. Замисли је**те Срѓа Поповиќ ја измислил бојата - па дај Нобел да му дадеме на човекот. Текстовиве на куртон-медиумите на режимов се во жанр - психоделија. Дијапазонот е широк. Од колумните на нилскиот коњ заробен во тело на маж - Мирко, во кој до израз доаѓаат фрустрациите од нее**носта во животот изразени преку геополитички фрагменти вадени од интервјуа на Чомски и прилагодувани за домашен (читај глуп) пазар, па се до овие малоумни текстови, кои ни самиот автор не знае кому се наменети.

Кулминацијата го достига во:
Речиси идентична ситуација се случува и кај нас. Згодни девојки, дотерани по последна мода, момчиња, хомосексуалци, кои на социјалните мрежи се фалат дека биле на протест, иако е малку веројатно дека знаат зошто се таму и важно им е да бидат видени.
:confused: Описов е ист со на пример седница на влада - има момчиња, хомосексуалци и важно им е да бидат видени - ништо друго, само згодните девојки ги нема.

http://telegraf.mk/aktuelno/makedon...se-obucuvani-da-ja-rusat-makedonija-foto.nspx

БОЈАТА ИМ Е УВЕЗЕНА ИДЕЈА: Стратегијата за вандализам „шарените“ ја учат од оваа српска книга (ФОТО)

Инаку денеска продолжуваат протестите во 18 часот пред СЈО, додека паторот се обидува да го купи Макпетрол преку орка и негова кипарска фирма, а лисиците му звечкаат во позадина.
 
Овие вака што пишуваат дека не знаеле зошто протестираат, нека одат по ред да ги прашуваат сите дали знаат, јас сум сигурен дека сите исто ќе им кажат.
А кога протестираа од Гдом лудаците, и кога викаше еден дека ја бранел Македонија и дека ќе одел за Солун, тогаш тие знаеле зошто протестираат, или тој неписмениот пред судот кога кажа дека не знае зошто е тука, ама ќе пишеме знае. Мрдната работа.
 
Така е.. нека се престане со малтретирањето на луѓето (пред се во Скопје) со отежнување на движењето со возила низ улиците и булеварите. Секој ќе се стрпи на неколку дена, но некој да те малтретира со месеци... па на секому ќе му дојде преку глава.
 
Преку глава му дошло што сме блокирале, а не му дошло преку глава од 10 годишно малтретирање. Еве нас ни дошло.
 
А каква врска има едно со друго. На некои може им е дојдено преку глава од сопруг, сопруга, шеф... Што се малтертира народот? Нека се протестира, но зошто да се малтретираат луѓето кои одат на работа, по работа, по школи...? Толку е ќеф? Смее ли некој да ти застане пред врата и да те тера да чекаш да те пушти да излезеш кога нему ќе му се посака?
 
Смее ли некој да ти застане пред врата и да те тера да чекаш да те пушти да излезеш кога нему ќе му се посака?
Иронично е ова, пошто се протестира против влада која ги заклучуваше вратите на учениците во средните училишта за да не излезат на протести.
 
А каква врска има едно со друго. На некои може им е дојдено преку глава од сопруг, сопруга, шеф... Што се малтертира народот? Нека се протестира, но зошто да се малтретираат луѓето кои одат на работа, по работа, по школи...? Толку е ќеф? Смее ли некој да ти застане пред врата и да те тера да чекаш да те пушти да излезеш кога нему ќе му се посака?
Збориш за узурпација на јавен простор?
Добро.
 
Ама не, тоа смеело бидејќи било за нивно добро, ги терале да учат затоа ги заклучувале.
 
Иронично е ова, пошто се протестира против влада која ги заклучуваше вратите на учениците во средните училишта за да не излезат на протести.
А зошто за се наоѓаш оправдување, дека тој и тој правел тоа. Што има тоа врска со ова? А учениците ако протестираат (за време на настава) треба да добијат неоправдани изостаноци.. а после се знае што следува. Еден ден ако има 5-6 часа, „пута“ деновите кои биле отсутни...[DOUBLEPOST=1465554640][/DOUBLEPOST]
Збориш за узурпација на јавен простор?
Добро.
Па јавен простор, тротоар на пример.
 
А зошто за се наоѓаш оправдување, дека тој и тој правел тоа. Што има тоа врска со ова? А учениците ако протестираат (за време на настава) треба да добијат неоправдани изостаноци.. а после се знае што следува. Еден ден ако има 5-6 часа, „пута“ деновите кои биле отсутни...[DOUBLEPOST=1465554640][/DOUBLEPOST]
Па јавен простор, тротоар на пример.
Исто како паркчето пред хотел Бристол, така?
 
А зошто за се наоѓаш оправдување, дека тој и тој правел тоа. Што има тоа врска со ова? А учениците ако протестираат (за време на настава) треба да добијат неоправдани изостаноци.. а после се знае што следува. Еден ден ако има 5-6 часа, „пута“ деновите кои биле отсутни...[DOUBLEPOST=1465554640][/DOUBLEPOST]
Па јавен простор, тротоар на пример.
Па нели е исто тоа? Тие ги заклучуваа и со сила ги држеа за да не протестираат, и сега се блокираат улиците за да осетат таквите ко тебе како е да се нервираш. Мене баш ми е убаво кога гледам како свират и се нервираат, да е до мене би го блокирал цел град од 3 до 6, па да ве видам тогаш одете си дома.
Учениците иначе сакале ама не им давале, какви изостаноци какви глупости.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom