Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Од каде ние овде да знаеме дека дедоти не работел против државата?
Можеби соработувал со окупаторот?
Зошто ко така не велиш по темите каде ја бранеше бакалницата ревносно, ами јебига уставот на СФРЈ на времето таков бил, па му ја зеле бакалницата. Не туку се утепа од гличење. а овде устави браниш. Сам незнаеш кај тераш.
Многу добро знам кај терам, туку ти нешто се плеткаш. Јас никаде не се залагам за кратење на права на демонстрирање, никаде не се залагам за одземање на приватна сопственост... Само се залагам за неуништување на јавна своина. Ајде те молам најди ја паралелата меѓу бакалницата и шарањево? Како случаи. Каква врска има. Како прво, дедо ми не бил осуденик на кој му се одзема или запленува нешто. А плус, тоа не било само за дедо ми, бакалницата е мала работа, на домаќини пролетерите им одземале ниви, куќи, фабрики, заштеди од долгогодишни печалби...[DOUBLEPOST=1464782103][/DOUBLEPOST]
Дали дедоти ја бранел бакалницата, давал отпор или прифатил одлуката на властите да ја одземат?
Не.
 

Мој народе македонски,
со какви идеи си ти?
Доста беше, разбуди се,
свести се не спиј ти!

Ти не знаеш кој си, што си,
други те не знаат,
срам голем е за тебе
сам да не се знаеш.

Не сакаме богатство,
не сакаме пари,
туку сакаме слобода
и човечки правдини.
 
И јас ви се чудам на вас што толку сте запнале да не ослободувате нас неписмените.
 
Не по 50 години... таа тема се кажуваше во семејството. Секако, не јавно, по улици, по кафеани... Демократската народна власт веднаш ќе те пратеше на „преваспитавање“. А ти очекуваше дека луѓето требало да скокнат на бунт? Па ќе ги убиела народната милиција.
То ти велам и јас, седи дома покриј се преку гла и надевај се дека некој похрабар, посмел, поодлучен ќе ги реши работите место тебе.
А денес смееш слободно јавно да кажуваш на улица или по кафани, или слободно да пишуваш мислења на форуми??
 
То ти велам и јас, седи дома покриј се преку гла и надевај се дека некој похрабар, посмел, поодлучен ќе ги реши работите место тебе.
А денес смееш слободно јавно да кажуваш на улица или по кафани, или слободно да пишуваш мислења на форуми??

Баш у овој момент можеш да правиш што сакаш!
 
Баш у овој момент можеш да правиш што сакаш!
Така сигурно кажвааа пред 50-60 години кога ќе ги прашаа дали се чуствува слободен и среќен
И во бугарско и турско некој да ги прашаше сите насмеени велеа, “мирни и слободни сме госпо да го поживее султано (или царо)
 
Треба малку смена. Оние што сега „работат“ во администрација да одат следните 4-5 години во странските инвестиции да се помачат малку, душата да им испадне. Да видат колку е убаво.
 
Не се залагаш ти за ништо, ти трубиш 24/7 како сјо е неуставно.
Тгашниот премиер кога сјо се формира му даде амин. После се премисли. Зошто не го прашаш поранешниот премиер, зошто поддржал кршење на уставот со тоа што поддржал формирање на сјо? Бакалницата е одличен пример за твоите двојни аршини.
Каква врска има тоа со мене? Прашај ги ти 4-та лидери ако сакаш. Тоа ништо не менува дека СЈО не е формирано законски. Јас не трубам, туку зборувам со факти. Ако имаш контра факти, посочи ги. И кои се тие двојни аршини? Зошто лажеш. Јас не кажувам дека некој е виновен или не децидно. Сомнеж за крадење имам кон секој политичар, ама тоа не е за да се тврди нешто. Многу се жестите на нереална основа.[DOUBLEPOST=1464788093][/DOUBLEPOST]
веднаш после војната (WW2) конфискувани се имоти на колаборатори со окупаторите и петтоколонаши, па види ти
Не само нивни имоти. Распрашај се подетално. Чудно ми е како не сте информирани за една од најголемите неправди по војната.
 
Ситуација отров. Ни напред ни назад, отупуење со глупи муабети на улица без никаква акција. Странците не се замараат. СЈО ваљда уште постои. Фаза народ на апарати.
И овие од шарената револуција гракаат неконкретно... Дезориентирано... Веќе ми се чини дека и сами незнаат што бараат. СЈО споро, онака тек-тук ќе се појави, одамна нема ништо ново, и така...
 
Види, голема е шансата протестот како таков ништо да не смени, али барем си искочил и утре задутре кога ќе дојде денот за наплата, и кога ќе почнат да се корнат од земја и да прашуваат "кој не заеба?" барем ќе кажеш дека биле предупредени али толку им фаќала црпката. За разлика од денешниве бранители на името и знамето кои кога ги сменија нигде ги немаше да искочат. Можда ја кувале ДА на Циле, којзнае : ))))
 
Уф не далеку од тоа дека барам влакно во јајце подобро е било што да се случува отколку да ја наведнеме главата и криво ми е што не сум таму ќе ги поддржев и со присуство протестите. Ама во последно време издишани се некако.
И СЈО никаде го нема, веројатно се соочуваат со притисоци или незнам, еве ама подолг период нема ништо конкретно.
 
Уф не далеку од тоа дека барам влакно во јајце подобро е било што да се случува отколку да ја наведнеме главата и криво ми е што не сум таму ќе ги поддржев и со присуство протестите. Ама во последно време издишани се некако.
И СЈО никаде го нема, веројатно се соочуваат со притисоци или незнам, еве ама подолг период нема ништо конкретно.
Pa sto konkretno koa se zakoceni so Aboliciite vo sekoj slucaj ostanaa klucnite najniski izvrsiteli abolirani... Bog da cuva samo da se pisuvale gluposti. Se protestira za CELOSNO UKINUVANJE NA ABOLICII ZA DA MOZE SJO NEPRECENO DA RABOTI
 
Pa sto konkretno koa se zakoceni so Aboliciite vo sekoj slucaj ostanaa klucnite najniski izvrsiteli abolirani... Bog da cuva samo da se pisuvale gluposti. Se protestira za CELOSNO UKINUVANJE NA ABOLICII ZA DA MOZE SJO NEPRECENO DA RABOTI
Знам официјално за што се протестира, ама еве досегашниот начин со боење слабо дава резултати. Затоа напишав неконкретни дека се. Пак личи работава на кучињата лаат а караванот врви. Ајде ќе видиме, смири живци, несакаш само ти да ги видиш во зандана бандитиве. Ама Сјо беше споро и пред аболициите, како и да е, реков веројатно се соочуваат со притисоци.
 
umetnost-6.jpg

Северна Кореја style bitcheeeees :vozbud:

Во какво поглавје од Македонската историја живееме за прераскажување, ЛЕ-ЛЕ :ROFLMAO:

Пастирот се ложи на стилот на хард кор комунисти ала Сталин, Мао и корејците :icon_mrgr:
Далеку е ова од "вмро".
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom