Способноста за работа, не захтева само физичка способност. Добар дел од тие луѓе се налик способни и то како, меѓутоа има мал милион работи у позадина кои случајниот минувач не ги знае и лесно е да погледне на нив со доза на недоверба. Никој нормален не би сакал да е во таква ситуација, но многу луѓе имаат ментални и психички проблеми, а нема кој да ги згрижи. Многу имаат будали дома, кој ги млатат и тепаат и праќаат да просат за да они има со што да купат пиво (родители врз деца). Многу се отфрлени од семејствата од ред причини. Секој способен за работа. Ај малку реално, во државата има толкава невработеност, да некој без образование, без поткрив над глава, без иксутсво неможе баш така да најде работа. Имаше еднаш у населба кај нас дечко што секоја зима ке поминеше со секира да праша дал има некое дрво да се исцепи - ретки беа тие кои ќе му дозволеа. Така да немојте. Млад, здрав, прав, работа не се наоѓа така лесно, разбирање уште помалку за оние кои биле од старт отфрлени или малку подоцна. Не им пружа никој многу помош на тие луѓе, тие деца, тие ....
Давам, секогаш кога имам, колку имам. Не ме интересира дали стварно ќе ги искористат за леб, или за пиво, тоа си е нивно, јас мојата должност (а гледам на тоа ко на должност - секој кој има да даде на оној понесреќниот) си ја исполнувам, останатото си е нивно и во тоа не навлегувам. Единствено кај нас не давам на деца пари, бидејќи знам дека или некој дома ги чека да ги донесат, и тој некој ќе ги испие, или ќе купат цигари самите. Кога ќе пријдат со дај тетке пари да си купам сендвич, добива сендвич и остало на лице место, и за утре и за задутре и наредната недела сендвичарата ќе има сендвили за него, а пари не.
Кај нас, да не навлегуваме, жално е, оние кои некогаш помагаа неможат повеќе. Некогаш беа децата на таткото пијаница што просеа за него да не ги тепа, денес се луѓе кои до вчера имале солиден живот. Жално!