Просечна месечна плата

  • Креатор на темата Креатор на темата coachFFM
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2007
Мислења
11
Поени од реакции
0
Погледнете и коментирајте за нашиот ВИСОК просек,ова ти е јака држава со 4 600 денари плата во фабрика за текстил по цел ден на машина ,нема слободен ден,нема платен одмор,нема пријавување и најважното плата по 6 месеци....:toe:
_______________________________________________________________ RepublikaMakedonija
MINISTERSTVO ZA TRUD
I SOCIJALNAPOLITIKA

BR.08-7142/1 Просек IV 2008 -15.605
26.06.2008 god. Prosek II - IV 2008 -15.447
SKOPJE
Врз основа на член 5 од Законот за исплата на платите во Република Македонија ("Службен весник на РМ" бр. 70/94, 62/95, 33/97, 50/01, 26/02, 46/02, 37/05 и 121/07), Министерството за труд и социјална политика

О Б Ј А В У В А

Просечната месечна нето плата по работник за месец ЈУНИ 2008 година неможе да изнесува помалку од утврдената на ниво на оддел и тоа:

Оддел. Назив на одделот Износ
01 Земјоделство, лов и соодветни услужни активности 6.768
02 Шумарство, искористување на шуми и соодветни услужни активности 9.014
05 Улов на риба, одгледување на риби и услужни активности во рибарството 5.664

10 Вадење на камен, јаглен и лигнит, вадење на тресет 8.593
11 Вадење на сурова нафта и природен гас и услужни активности во производството на нафта и гас, освен истражувања 0
12 Вадење на руда на уран и ториум 0
13 Вадење на руди на метал 14.019
14 Вадење на други руди и камен 10.024
15 Производство на прехранбени производи и пијалоци 9.852

16 Производство на тутунски производи и ферментација на тутун 7.580
17 Производство на текстилни ткаенини 5.289
18 Производство на облека; доработка и боење на крзно 4.460
19. Штавење и доработка на кожа, производство на куфери, рачни торби, седла, сарачки производи и обувки 4.558
20. Преработка на дрво, производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал 5.632

21.
Производство на целулоза, хартија и производи од хартија
8.715
22. Издавачка дејност, печатење и репродукција на снимени медиуми 9.786
23. Производство на кокс, деривати и нафта и нуклеарно гориво 17.027
24 Производство на хемикалии и хемиски производи 17.690
25. Производство на производи од гума и производи од пластични маси 5.590
26. Производство на производи од други неметални минерали 13.370
27. Производство на основни метали 12.546
28. Производство на метални производи во металопреработувачката фаза, освен машини и уреди 5.921
29. Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место 7.877
30 Производство на канцелариски машини и компјутери 14.353
31. Производство на електрични машини и апарати, неспомнати на друго место 7.634
32. Производство на радио, телевизиска и комуникациона опрема и апарати 9.404
33. Производство на прецизни медицински и оптички инструменти и часовници 13.062
34. Производство на моторни возила, приколки и полуприколки 6.883
35. Производство на други сообраќајни средства 9.206
36. Производство на мебел и други разновидни производи, неспомнати на друго место 5.349
37. Рециклажа 5.726
40 Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода 15.435
41. Собирање, пречистување и дистрибуција на вода 8.921
45. Градежништво 7.371
50. Продажба, одржување и поправка на моторни возила и мотоцикли, продажба на мало на моторни горива 12.468
51 Трговија на големо и посредничка трговија, освен трговија со моторни возила и мотоцикли 12.489
52. Трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли; поправка на предмети за лична употреба и за домаќинствата 6.643
55. Хотели и ресторани 8.198
60. Копнен сообраќај , цевоводен транспорт 9.580
61. Воден сообраќај 0
62. Воздушен сообраќај 15.473
63. Придружни и помошни активности во сообраќајот; активности на патничките агенции 14.187
64. Поштенски активности и телекомуникации 15.466
65. Финансиско посредување, освен осигурување и пензиски фондови 19.019
66. Осигурување и реосигурување, пензиски фондови, освен задолжителна социјална заштита 21.925
67 Помошни активноси во финансиското посредување 30.793
70. Активности во врска со недвижен имот 11.874
71. Изнајмување на машини и опрема без ракувач и изнајмување на предмети за лична употреба и за домаќинствата 6.462
72. Компјутерски и сродни активности 14.384
73. Истражување и развој 10.205
74. Други деловни активности 9.490
75 Јавна управа и одбрана; задолжителна социјална заштита 11.855
80. Образование 9.690
85 Здравство и социјална работа 9.611
90 Отстранување на отпадни води и ѓубре, санитарни и слични активности 8.384
91 Дејност на организации врз база на зачленување 12.785
92. Рекреативни, спортски, културни и забавни активности 8.810
93 Други услужни дејности 7.613
95 Дејност на домаќинствата како работодавачи на домашен персонал 0
96 Неиздиференцирани дејности на приватните домаќинства за производство на стоки за сопствени потреби 0
97 Неиздиференцирани дејности на приватните домаќинства за извршување услуги за сопствени потреби 0
99. Екстериторијални организации и тела 0

Месечно даночно ослободување 3.294 МИНИСТЕР,
Љупчо Мешков
 
???
Tи разбираш што си постирал или не?

Ова е законски утврдената минимална плата која што одреден работодавец може да му ја дава на некој вработен.

И уште нешто.
Секој може да ти нуди што сака на овој свет.
Твое е дали ќе прифатиш.
Лично...
мислам дека фамилија во Скопје без барем 30.000 месечно...
просто не може да сврзе крај со крај.
(сметки,давачки,храна,облека,бензин)
 
Факт е дека во овој регион приватниците делуваат самоволно и без директива и законско ограниување. Додека не профункционира Законот за минимална плата и заштита на работникот, секогаш народот ќе страда. А мора да го трпат тој терор затоа што нивните деца ќе немаат леб да јадат.
 
Е баш новиот Закон ке ги УБИЕ ОД ШТИТЕЊЕ работниците.:kesa:
 
Погледнете и коментирајте за нашиот ВИСОК просек,ова ти е јака држава со 4 600 денари плата во фабрика за текстил по цел ден на машина ,нема слободен ден,нема платен одмор,нема пријавување и најважното плата по 6 месеци....:toe:

За се има решение, нека заврши факултет и нек се вработи во :

“Финансиско посредување, освен осигурување и пензиски фондови“ и ќе си има плата (просек) 19.019 денари. Па уште ако магистрира или докторира... ехеееј пари колку душа ти сака. Никој не е обврзан да работи на машина без слободен ден за 4600 денари.
 
Лично...
мислам дека фамилија во Скопје без барем 30.000 месечно...
просто не може да сврзе крај со крај.
(сметки,давачки,храна,облека,бензин)

Е одлично кажано. 100% си во право. За нормално живеење на едно 4 члено семејство во Скопје потребни се 30000 денари. Но ова не беше така. Пред 4 години со 30000 денари во Скопје остануваа пари. Со тој приход едно семејство можеше да си дозволи автомобил на 6 години кредит, одмор од 10 дена на море и сл. Сега 30000 денари се само за да се истурка месецот без да осетиш дека нешто скратуваш, а работите не одат кон подобро. Кај и да е и тие 30000 ќе бидат малку.

Ова е едната страна на медалата. Второто побитно прашање е од каде едно семејство ќе најде 30000 ден. Просечната плата е 12000 ден. значи за да се стигне до 30000 ден. треба 2 и 1/2 вработени по семејство. Ваквите семејства се реткост. Бројот на семејства со 1 вработен се доминантни, но се 1 плата не се излегува на крај. Ако случајно отворите весници ќе видите колку луѓе губат станови, куќи од невратени долгови кон банките. Нивото на сиромаштија расте, се повеќе луѓе се задолуваат, инфлацијата е 10% константно, платите во реалниот сектор тапкаат во место.

Нешто мора да се промени. Идејата за воведувања на општ минимален личен доход од 8170 ден. на СДСМ беше вистинско решение, но не верувам дека владата ќе спроведе нешто вакво во наредиов период. Изгледа дека решението е Braindrain во Европа или Америка и кој прв отиде да ги влече другите еден по еден.
 
Идејата е добра за минимална плата негооо.... ако неможеш како работодавач да дадеш толкава плата ке мораш да избркаш 10 % од вработените и работите ке станат уште полоши. Во Бугарија просечната плата е пониска од нашата ама таму вработеноста е помала што е многу подобар случај. Мое мислење е дека подобро да бидат платите 8000 со 5% невработеност отколку 12000 со 40-45% невработеност. Значи не е проблем платата туку невработеноста.
 
За се има решение, нека заврши факултет и нек се вработи во :

“Финансиско посредување, освен осигурување и пензиски фондови“ и ќе си има плата (просек) 19.019 денари. Па уште ако магистрира или докторира... ехеееј пари колку душа ти сака. Никој не е обврзан да работи на машина без слободен ден за 4600 денари.

Низ трафикиве во Скопјево се имаат вработено само луѓе кои имаат завршено факултет..
Не веруваш!? Оди прошетај, ќе видиш...
Не оти што им се работи во трафика, туку нема работа за она што го завршиле...
 
Само се бараат бе изговори, а оти не нашле работа, јас ли треба да им барам. Најлесно е да се каже “јас сум магистар али нема работа за мене“ па еве едно решение, ќе си отвори фирма ќе се стави себе си за директор и ќе зема директорска плата.
 
Не реков дека ти треба да им бараш, јас реков дека они бараат(значи сепак не се мрзи, и покрај тоа што некој се обидува од тука да ги направи мрзи), НО нема работни места во државава, едноставно нема за него такво работно место....
И која фирма, со 6000 денари месечно фирма ќе отвориш???
Што мислиш ти, надвор тие што работат по трафиките дека земаат по 30 000 денари плата..
Ако ти си се родил со златната лажица во уста, не мора да значи дека и другите така се родиле...
 
И која фирма бе, со 6000 денари месечно фирма ќе отвориш???
Што мислиш ти, надвор тие што работат по трафиките дека земаат по 30 000 денари плата..
Ако ти си се родил со златната лажица во уста, не мора да значи дека и другите така се родиле...

God Bless You...

taka de...da ima nekoj pari, so zavrsen fakultet ke ceka TI (Let 3) da mu kazes deka treba da otvori privatna firma za da si bide sam svoj gazda. BOG DA CUVA.
..a zosto neli studiranjeto e besplatno...neka zavrsi fakultet i se` ke bide med i mleko
:nenene:
 
Не реков дека ти треба да им бараш, јас реков дека они бараат(значи сепак не се мрзи, и покрај тоа што некој се обидува од тука да ги направи мрзи), НО нема работни места во државава, едноставно нема за него такво работно место....
И која фирма, со 6000 денари месечно фирма ќе отвориш???
Што мислиш ти, надвор тие што работат по трафиките дека земаат по 30 000 денари плата..
Ако ти си се родил со златната лажица во уста, не мора да значи дека и другите така се родиле...

Значи завршиле факултет а не им даваат работа
па бараат а не можат да најдат
па немаат ни пари за сопствен бизнис
е стварно претераа.

и таа трафиката кај што работат им е многу.
 
А што мислеше ти, дека завршуваш факултет и одма излегуваш и наоѓаш надвор работа.
Зар ти озбилно ова :) ?

Не не мислма дека на излезот од факултет чекаат нетрпеливи работодавци со понуди, али во некој разумен рок од неколку месеци до година дена треба секој што е спосбен да си најди работа.

Или да се запраша “По кои критериуми го одбрав факултетот“ пошто кога одбираш идното звање мора да калкулираш покрај желбата, наклонеста и можност за вработување.
 
TinyGuant
taka de...da ima nekoj pari, so zavrsen fakultet ke ceka TI (Let 3) da mu kazes deka treba da otvori privatna firma za da si bide sam svoj gazda. BOG DA CUVA.

Има лек и за тоа... банкиве делат кредити, само ти изрази желба.

Не не мислма дека на излезот од факултет чекаат нетрпеливи работодавци со понуди, али во некој разумен рок од неколку месеци до година дена треба секој што е спосбен да си најди работа.

Или да се запраша “По кои критериуми го одбрав факултетот“ пошто кога одбираш идното звање мора да калкулираш покрај желбата, наклонеста и можност за вработување.

Гледам оти не те сфаќаат што сакаш да им кажеш :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom