Промовирана "Туристичка стража" на плоштад Македонија во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
header-sk600x201.jpg

За поверодостојна промоција на културно-историските споменици во градот
„ТУРИСТИЧКА СТРАЖА“ ЌЕ ГИ ИНФОРМИРА ТУРИСТИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

Бирото за туризам и информации на Град Скопје, а во соработка со ДКЦ „Карпош“ од денеска /13.07.2012/ на плоштадот „Македонија“ почнува проектот „Туристичка стража“ кој што е наменет за промоција на централното градско подрачје пред туристите што го посетуваат нашиот град.
Во изминатиов период значително е зголемен бројот на домашни и на странски туристи што го посетуваат Скопје и кои што се интересираат за културно-историските споменици во центарот на градот. Заради зголемениот број туристи и за повпечатлива и поверодостојна туристичка презентација на културно-историските споменици осум млади учесници во проектот завршија обука во Бирото и се стекнаа со соодветни знаења за карактеристиките, историјата и значењето на објектите од богатата историја на Скопје. Тие своето знаење ќе им го пренесуваат на заинтересираните туристи.
За поавтентична и незаборавна презентација на идентитетот и времето од кое што потекнуваат спомениците, презентерите ќе бидат униформирани во македонска национална облека, карактеристична за одредени временски периоди (македонска античка, македонска средновековна КОМИТСКА и облека од учесниците во НОБ- ПАРТИЗАНСКА).
„Туристичката стража“ за почеток ќе биде лоцирана на плоштадот „Македонија“, секој ден, од 18 до 21 часот. Проекот ќе трае до ноември.

Извор: http://skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=5191&mid=482&tabId=1&tabindex=0

Е ова може да кажам дека ми се допаѓа и дека редно е и кај нас вака..
 
Само можам да кажам дека добра им е идеава. Но ова веќе одамна го има по другите Светски градови, кај нас дури сега. Но порано и немало што да се види. Бар сега има. :D
А и нема којзнае што и колку да им се покажува на туристите, но колку имаме, толку.
 
Па зошто и ние да немаме. Не се градеше се тоа за џабе...
Иначе некој фотки има како изгледаат во други градови? :)
 
А за недоправените којзнае што ќе им кажуваат... :pos: Ова е судот....али....не е доправен.
 
Не ми се допаѓа....
До Плоштадот не можеш да дојдеш од зони и рампи. Ако некој странец дојде со кола, зонашите веднаш му ставаат лисици за да „ стопанисуваат и поштено заработуваат “, бидејќи веднаш знаат дека странецот не може да плати бидејќи нема наш мобилен телефон.
А и тие што ќе бидат „ стража “ во народни носии ќе бидат смешни, а можеби ќе ги уплашат странците.
Подобро е да има пулт со натпис „ Туристички информации “, каде што модерно облечени водичи ќе даваат информации и ќе делат разгледници.
 
Од 18 часот до 21 часот :tapp:

како и да е малце е волку времеОд 18 часот до 21 часот, колку пати и да поминам од сабајле колку имам видено туристи кои шетаат ко изгубени германци (n) Еднаш еден турист ме праша дали во близина е камениот мост :facepalm: а он ме праша кај 69
 
А Чекај да не имаат некоја посебна облека ? по што ќе ги познаваат? o_O
 
Сеуште нема во ниту еден медиум слики од Турситичката Стража така да има шанси да бидеме меѓу првите со фотки. Мене многу ме интересира како им се направени костимите. Имаше нели за прославата на 20 години независност исто така комитски и антички костими. Претпоставувам дека истите ќе ги искористат.
 
Ајде бе што направија, едвај чекам да им ја видам облеката. :icon_mrgr:
 
Има во текстот. Комитски, Партизански и Антички костуми. :D
Се надевам дека нема да се варат ко ајвар во '' Koстумите'' :D
--- надополнето: 14 јули 2012 во 15:55 ---
header-sk600x201.jpg

За поверодостојна промоција на културно-историските споменици во градот
„ТУРИСТИЧКА СТРАЖА“ ЌЕ ГИ ИНФОРМИРА ТУРИСТИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

Бирото за туризам и информации на Град Скопје, а во соработка со ДКЦ „Карпош“ од денеска /13.07.2012/ на плоштадот „Македонија“ почнува проектот „Туристичка стража“ кој што е наменет за промоција на централното градско подрачје пред туристите што го посетуваат нашиот град.
Во изминатиов период значително е зголемен бројот на домашни и на странски туристи што го посетуваат Скопје и кои што се интересираат за културно-историските споменици во центарот на градот. Заради зголемениот број туристи и за повпечатлива и поверодостојна туристичка презентација на културно-историските споменици осум млади учесници во проектот завршија обука во Бирото и се стекнаа со соодветни знаења за карактеристиките, историјата и значењето на објектите од богатата историја на Скопје. Тие своето знаење ќе им го пренесуваат на заинтересираните туристи.
За поавтентична и незаборавна презентација на идентитетот и времето од кое што потекнуваат спомениците, презентерите ќе бидат униформирани во македонска национална облека, карактеристична за одредени временски периоди (македонска античка, македонска средновековна КОМИТСКА и облека од учесниците во НОБ- ПАРТИЗАНСКА).
„Туристичката стража“ за почеток ќе биде лоцирана на плоштадот „Македонија“, секој ден, од 18 до 21 часот. Проекот ќе трае до ноември.

Извор: http://skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=5191&mid=482&tabId=1&tabindex=0

Е ова може да кажам дека ми се допаѓа и дека редно е и кај нас вака..

A дали некој знае што пари ќе и даваат на овие луѓе? да не биде нешто околу 1.000 евра плата? o_O или јас сум слеп или незнам каде е тоа, не гледам никаде колкава сума на пари ќе добијат за тоа што ќе стражарат ''
 
ФОТОГАЛЕРИЈА) Антички воини, комити, партизани стражарат пред спомениците
097BB697DAD71F4595B400DEE60ECD67.jpg

Стражари облечени како антички воини, комити, партизани се поставени пред спомениците на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Градските власти, како и премиерот Никола Груевски, се надеваат дека тие ќе бидат голема атракција и ќе го подобрат туризмот во земјава.
Фотoгалерија:
2F9172923479B34AA809526F473B9FDA.jpg

D2378DFA0A36E64EBBD71311065A0CCC.jpg

F3E4FFF2461C8C4BA50BAC60706F97E7.jpg

AA6CB7166F4048488C34B880DEF1753C.jpg

Фото: Слободан Ѓуриќ

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=132AD2A7932E4049B5EA006F301D41C5
 
Само античкиве воини да ги ставеле подобро би било, а вака мешани, партизани, комити, терористи, принцези итн.... турли тава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom