L
.Lost Angel.
Гостин

„Вие нема да може да се сретнете со нив, тие не го сакаат тоа, но можам да ви кажам дека се работи за професор по социологија, по политички науки и по економија“, ни вели огласувачот, кој нуди магистерски и докторски тези изработени од универзитетски професори
Тим од универзитетски професори ги изработува следниве научни трудови: семинарски, дипломски, магистратури и докторати... Ова е огласот што осамна во дневен весник пред неколку дена. Дека семинарски и магистерски теми се штанцаат во фотокопирници и се огласуваат јавно во весници не е ништо ново, но вистински шок е што во бизнисот се вклучуваат и универзитетски професори.
За да дознаеме кој стои зад огласот и колку чини изработката на стручните трудови, се јавивме на телефонскиот број во огласот. Се претставивме дека сме студенти на Економски факултет и дека ни треба магистерска. Машкиот глас од другата страна не праша дали темата ни е помината на Наставно-научен совет. Му рековме дека со менторот сме разговарале за темата „Промотивни активности на производот“, но уште не ни е предложена до Советот. Соговорникот на другата страна на линијата ни објасни како оди процедурата за добивање магистерска која чини 2.000 евра или докторски труд за кој ќе треба да платиме 5.000 евра.
- Е, па, ако сакаш, имам веќе готова магистерска на тема „Kреирање производ за меѓународен пазар“. Слична е со твојата, па обиди се да му ја предложиш на менторот. Ако сакаш, имам цела листа со теми за да предложиш, па професорите допрва ќе ги направат. Но еве веќе имаме една готова. Материјалите ги добиваш постепено за да му ги презентираш на менторот, а така и ги плаќаш, на рати. Ако е нова тема, ја добиваш за два месеца - ни вели тој.