Професори за 5.000 евра штанцаат докторати

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
D48AE7F768B4424C92A8D3BE2EE915D4.jpg
„Вие нема да може да се сретнете со нив, тие не го сакаат тоа, но можам да ви кажам дека се работи за професор по социологија, по политички науки и по економија“, ни вели огласувачот, кој нуди магистерски и докторски тези изработени од универзитетски професори
Тим од универзитетски професори ги изработува следниве научни трудови: семинарски, дипломски, магистратури и докторати... Ова е огласот што осамна во дневен весник пред неколку дена. Дека семинарски и магистерски теми се штанцаат во фотокопирници и се огласуваат јавно во весници не е ништо ново, но вистински шок е што во бизнисот се вклучуваат и универзитетски професори.

За да дознаеме кој стои зад огласот и колку чини изработката на стручните трудови, се јавивме на телефонскиот број во огласот. Се претставивме дека сме студенти на Економски факултет и дека ни треба магистерска. Машкиот глас од другата страна не праша дали темата ни е помината на Наставно-научен совет. Му рековме дека со менторот сме разговарале за темата „Промотивни активности на производот“, но уште не ни е предложена до Советот. Соговорникот на другата страна на линијата ни објасни како оди процедурата за добивање магистерска која чини 2.000 евра или докторски труд за кој ќе треба да платиме 5.000 евра.

- Е, па, ако сакаш, имам веќе готова магистерска на тема „Kреирање производ за меѓународен пазар“. Слична е со твојата, па обиди се да му ја предложиш на менторот. Ако сакаш, имам цела листа со теми за да предложиш, па професорите допрва ќе ги направат. Но еве веќе имаме една готова. Материјалите ги добиваш постепено за да му ги презентираш на менторот, а така и ги плаќаш, на рати. Ако е нова тема, ја добиваш за два месеца - ни вели тој.
 
Охооохо...па ако до сега секој сам си го пишувал магистерскиот труд,и докторатот...тогаш пола од факултетите на УКИМ ќе останат без професори.....ах тие луди 90' ти :)
 
Ќе им заигра мечката и на овие.Со кој памет бе глупости прават.Од буџет се платени ,некој од нив ги тераат своите студенти да им ги купуваат книги или нема да имаат право на полагање па сега и магистерски и докторски тези наплаќаат и изработуваат.Нека се разбудат тие од министерство инспекторати нека искочат од тоа канцелариите.Сите знаеме на кој места низ градов и преку кој огласи се нуди ова.Ако сакаат може да го спречат ова ама веројатно на некој не му одговара.Останативе сами што истражуваме и се трудиме кретени ли сме ние ,па после се чудиме зашто не ни оди како држава.Ама битно некој после ќе се гордее како стекнал титула без тронка труд.
 
Друже, тебе ти е за дипломата или за знаењето кое го стекнуваш? Мене искрено ме боли меѓуножјето за оцени, просек и диплома. Битно ми е да знам. Не ми треба потврда од некого за моето знаење.
А конкретно околу темава, па ова беше јавна тајна. 80+% од матурантите се запишуваат на факултет. Од тие повеќе од третина ќе запишат магистратура. Денес магистратура стана скоро исто како и матура. Тоа не води кон арно.
 
Секако дека ми е до знаењето кое сум го стекнал во тек на студии ,а титулите ми се лична сатисфакција.Јас не сакам ова да се случува сакам да ги разбијат да не се прават шерифи.
 
Одлична идеја за „црн“ бизнис и така има многу глупчовци кој не знаат една дипломска или магистерска да напишат па некој штанца парички. 2000ки машала за една магистерска, не ти треба друга работа.
 
Ме лути моментот што кога ќе магистрирам, автоматски злите јазици ќе коментираат дека и јас сум го купил трудот. Е, ради вакви пиздарлаци ми се сере од народов прост и неук.
А друга работа е што мора да се стегнат малце некои структури и критериумот да се подигне на соодветно ниво, ипак е многу сериозна работа, утре некој може да цркне на маса, или на некој друг да му пропаднат парите од неписмени. Па по дифолт и за останатите ќе се создаде лоша слика дека можеби сите сме си ги купиле дипломите. Да ви се плукнам во готованите-трутови. Срамота!
 
2 000 евра машала, татко ми за тие пари работи 1,5 година.
 
Кога ќе се сетам дека мојата дипломска ја работев цели две години и скиснав во лабораторијата кај менторот и од одење по терени...И еве сега си ја чувам за украс, за успомен и дуго сечање... :mad:
 
5000 Евра?
Како да не, за тие пари ке купам докторат во една од источноевропските членки на ЕУ како Полса, Чешка или Словачка...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom