Професионални антикорупционери

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Професионални антикорупционери

getImageThumbnail.php


Од септември Македонија ќе добие нов формат на антикорупциската комисија. Забелешките дека хонорарно ангажираните антикорупционери неможат сериозно да и се посветат на задачата се прифатени. Министерството за правда веќе ја изработило работена верзија на измените на Законот за спречување корупција со кои членовите на на Комисијата ќе станат професионалци. Невладиниот сектор ја подржува иницијативата.

Ова не е единствениот аргумент. Државната Комисија за борба против корупцијата е составена од шест члена. Четири од нив се вработени во државната управа. Тоа според меѓународната заедница ги прави ранливи. Власта може да притиска и да ја попречува борбата против корупцијата.
Сепак, според информациите клучна причина за незадоволство била состојбата во Комисијата кога со неа раководеше Димовска. Нетранспарентноста и подложноста на политички притисоци беа причина дури и поранешните членови на Комсијата кои се спротиставуваа на професионализацијата да го сменат својот став.

„Јас бев еден од оние што се залагаа да не се професионализира, но, очигледно сум згрешила“, изјави Слаѓана Тасева, поранешен член на Антикорупциска.

Професионализицијата ќе се однесува на новиот состав на Антикорупциска. Актуелниот состав ќе продолжи да работи хонорарно. Нивниот мандат завршува за две години.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=24898
 
Back
На врв Bottom