ПРОЕКТ - МАРС 500

  • Креатор на темата Креатор на темата Joakim
  • Време на започнување Време на започнување

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Од Подмосковје летаат на Марс


7BB70DC1FC450C449405F4257B9904C2.jpg


Шест доброволци во специјален модул во близина на Москва вчера попладне го почнаa меѓународниот експеримент „Марс 500“

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Шест доброволци вчера попладне го почнаа експериментот „Марс 500“, кој се изведува во специјални модули во Институтот за истражување на медицинско-биолошки проблеми, недалеку од Москва. Тие ќе минат 520 дена во „имитатор“ на вселенски брод за Марс, кој е направен и монтиран во Подмосковјето. Цел на експериментот е да се следи реакцијата на организмите на космонаутите во услови на лет за Марс. Експериментот ќе има три етапи. Во првата, која ќе трае 250 дена, ќе се симулира лет до Марс, потоа 30 дена ќе минат во услови на престој на таа планета, а во третата етапа, 240 дена ќе се имитира враќањето на Земјата. Организатори на експериментот се „Роскосмос“ и Европската вселенска агенција.

Особено ќе биде интересен оној дел од престојот на Марс, кога тројцата космонаути во специјални скафандери „орлан“ ќе зачекорат на Црвената планета. Тоа ќе го направат еден Русин, Кинез и Европеец. Останатите тројца космонаути нема да излегуваат од вселенскиот брод.

Експедицијата на Марс ќе ја води инженерот Алексеј Ситев (38). Освен него, ќе лета и рускиот лекар-хирург Сухроб Камолов (37) и космонаутот истражувач Александар Смолиевски (32). Инженер на вселенскиот брод ќе биде Французинот Ромен Шарле (31), а на бродот ќе бидат и истражувачите Италијанецот Диего Урбина (27) и Кинезот Ванг Јуз (27). Вселенскиот брод за Марс ќе има експериментален дел, потоа оној во кој космонаутите ќе спијат, како и модул за имитирање на површината на Марс каде што ќе се спуштат тројца космонаути. Површината на Марс е направена од морски песок. Освен тоа, ќе имаат мала оранжерија во која ќе одгледуваат салата, лук и друг зеленчук. Секој космонаут има своја мала кабина, како во вагоните за спиење во возовите. Заедничките простории ќе се користат за работа и одмор, како и за кујна. Во текот на летот ќе се изведат 105 разни медицински експерименти. За време на траењето на експериментот експертите ќе го следат однесувањето на космонаутите.

За разлика од летовите околу орбитата на Земјата, кога космонаутите со други вселенски бродови ги добиваат потребните количества вода и храна, експедицијата на Марс ќе мора да штеди на храна и на пијалак за да има доволно до враќањето назад. Експертите предвидоа и посебно мени за космонаутите. На патот кон Марс космонаутите ќе јадат замрзната храна што ја подготвија германски диетолози. Таа храна е замрзната на минус 20 степени. Во менито има од супа до колачиња. Во вториот дел од експериментот, кога космонаутите ќе се спуштат на Марс, храната ќе биде како онаа што сега ја јадат во Меѓународната вселенска станица. На вселенскиот брод за Марс ќе има околу шест тони храна. Во менито ги има сите видови месо, од свинско до пилешко и риба.

Доброволците за учество во експериментот ќе добијат по три милиони рубли, што е околу 75.000 евра. Врската со светот космонаутите ќе ја одржуваат со помош на електронска пошта. Пораката од вселенскиот брод до Земјата ќе доаѓа околу 40 минути. За експериментот се пријавија многу кандидати. Сите го минаа првото тестирање, па во вториот круг избраните мораа да поминат и лекарска контрола. Се разбира, минаа само најздравите.

Една третина од програмата им е посветена на проблемите во областа на психологијата и психофизиологијата. Се сака да се види под каков стрес ќе биде човечкиот организам при толку долга изолација. Во следењето на здравјето на космонаутите ќе помогне и таканаречената телемедицина. Досега во Вселената најдолго престојуваше Валериј Полјаков - 437 дена. Руските научници се убедени дека ако овој експеримент биде успешен тој ќе ги забрза подготовките за лет на Марс каде што човекот би можел да се спушти во 2030 година.

Учесниците на експедицијата ќе стануваат во осум часот. Ќе минат лекарски преглед. Потоа ќе појадуваат. Следува планирана научна работа. По ручекот планиран е мал одмор. По одморот космонаутите повторно ќе изведуваат експерименти. Планирано е да имаат два часа слободно време пред вечерата. Космонаутите ќе мора да читаат книги или да слушаат музика. Од земјата космонаутите ќе добиваат прочистена информација. Значи, нема да ги добиваат оние информации што би можеле негативно да ги вознемират.

Експертите што ќе го следат експериментот ќе можат да ги гледаат шестте доброволци низ 70 монтирани камери. На командниот пункт деноноќно ќе дежураат два лекара и бригада инженери. Врската со Земјата ќе биде со задоцнување од околу 40 минути, колку што му треба на радиосигналот да стигне од Марс до Земјата. Комуникацијата ќе биде на два јазика, руски и англиски. Целта е да се види како човекот го поднесува напорот на кој ќе биде изложен при летот на Марс.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=095EBB45961DCE4BBB613C059F542A7C





Уште еден линк :

http://news.bbc.co.uk/2/hi/science_and_environment/10197470.stm

ПС: Ако посоодветен е одделот за ‘‘ Наука и Технологија‘‘ администацијата на форумов слободно нека ја префрли .
 
Единствено што не можат да симулираат е бестежинската состојба.
Ова е главно тест на психолошко издржување во затворен простор.
Но исто така треба да се изврши и испитување како би влијаел долгиот престој во бестежинска состојба врз телото. За тоа се планирани неколку шимпанза кои ќе патуваат до Марс и назад лансирани од Русите.
 
Сигурно ќе ги комбинираат веќе познатите податоци за бестежинското влијание на долг рок.
Русите и тука го држат рекордот .

Сергеј Крикалев поминал најдолг период , и тоа 803 дена 9 часа и 39 минути .

dn7852-1_250.jpg


http://www.newscientist.com/article/dn7852-cosmonaut-clocks-up-record-time-in-space.html
 
Сигурно ќе ги комбинираат веќе познатите податоци за бестежинското влијание на долг рок.
Русите и тука го држат рекордот .

Сергеј Крикалев поминал најдолг период , и тоа 803 дена 9 часа и 39 минути .

dn7852-1_250.jpg


http://www.newscientist.com/article/dn7852-cosmonaut-clocks-up-record-time-in-space.html

Најдолг престој во вселената, т.е. на станицата Мир има Русинот Валериј, патем тоа го пишува и погоре:

Досега во Вселената најдолго престојуваше Валериј Полјаков - 437 дена.

Значи Валериј престојувал на Мир 437 дена без да се врати на Земјата, а овој погоре Сергеј Крикалев има повеќе летови со вкупно траење од 803 дена.
Блазеси му.
 
Фасциниран сум од целата организација, од целиот план и крајната цел, ова покажува дека Русија е најмоќна светска сила, додека Америка троши пари за "мир" во светот русите планираат нешто што нема да му наштети на никој и нема да загине или повреди никој. Секоја чест
 
Back
На врв Bottom