Продажба на злато

  • Креатор на темата Креатор на темата Adam Sandler
  • Време на започнување Време на започнување
Дали е паметно да се купи сега злато?
И доколку се купи, после колку време би можело да се продаде, а и профитира?
 
Инвестирање во злато е трики. Има параметри кои треба да се следат. Рок незнам се зависи од ситуацијата. Клучни фактори се еурусд, инфлација во Сад и референтни каматни стапки. Игра на овие 3 фактори објаснуваат може и 90% од движењата. Треба да се следат тие и нивните проекции. Незнам точно што ќе биде со термини и временски рамки. Јас ако е поволно купувам ако не е продавам во зависно од ситуацијата. Сега е холд според мене. Во иднина повеќе ми мириса на бај од сел ама ќе видиме.
 
Гледам дека како печурки после дожд се појавија еден куп дуќани за откуп на Злато.

Ме интересира колкава е провизијата во однос да купиш и да продадеш злато?

Еве дали денес има некој информација колку е да се купи 1 или 10 грама злато, а колку е да се продаде 1 или 10 грама злато?
 
Сите и се чудеа на Русија последниве години што се руши од купување на злато.
 
Што мислите, дали златото има уште потенцијал за раст, т.е. дали сега е добар момент да се купува или да се причека?
zlato.JPG
 
Прегледај го приврзокот 262713

Јас мислам дека ќе оди до 3000. Дали директно или преку Велес (пад) незнам ама има големи шанси да има уште еден добар бул рели.
 
Мислење за цената на златото? Нешто купив, но се мислам да зголемам. ФЕД досега беа против инфлација и попара го напраја доларот, сега најавија дека ќе тераат со инфлација и што да се очекува од доларот? Допрва да тоне. САД ја заострија реториката која мислам допрва ќе ескалира со Кина, претседателски избори допрва ќе носат неизвесности (мислам демократите ќе тепаат што ќе доведе до дополнителни неизвесноти), од она што читам СП е сеуште надуен посебно Насдак без разлика што падна минатава недела. Далеку сум од целосно разбирање на сите овие ситуации и поврзување за извлекување добар заклучок, но дефинитивно неизвесноста која му оди во прилог на златото ќе се зајакнува и доста луѓе од јутуб гледам препорачуваат влегување во злато оти допрва иди време за златото.
 
Денес инфлација 1.3% во уса. Мислам дека нема да оди над 2%. Ретко се случува дс оди над 2%. Јас затворив пола од позициите. Може да оди нагоре ама има лимитиран уп сајд потеншл. Повеќе сум булиш на ус стокс и стокс ин џенерал. Неизвесност е лоша за златото. Ако мислиш на сејв хејв и дека златото расте во несеигурност тоа не е вистина. Злато расте поради раст на инфлација и ниски камати и намалување на камати. Камати неможат подоле најверојатно во некоја идина ќе одат и нагоре. Не толку скоро но за некоја година фед ќе стегне монетарна политика. Рано е сега но ќе биде. А инфлација може да расте и најверојатно и цена на злато со тоа ама нема уште многу простор за раст. Груба проценка сега е раст година 2,3 макс, 4 и после ќе има беар маркет во злато. Во следни година 2 веројатно е злато да расте но после ќе падне и ќе биде уште неколку години лош пазарот. Додека акции во некои земји ќе одат и во следните години ако не 10 години нагоре. Јас сум по булиш на лонг терм на МСЕ од злато... Но проценките се менуваат во развој на состојбата.
 
Можно е и да изгледав доста видеа деновиве на јутуб со повици за докупување на злато :) Фала ти за мислењето кое го ценам како некој кој 10+ години активно работи на случајот. Доста работи и настани се случуваат и се најавуваат кои ќе продуцираат дополнителна неизвеснот и ме наведе на такво мислење. Претходно не го спомнав Бафет кој премина на злато и тоа може да влијае на повеќето аналитичари. Кина допрва ќе ја загрева атмосферата. Еве русите бичат со ковид вакцината и немаше никакво влијание врз цената на златото иако сите очекуваат пад штом вакцината излези. Инаку за МСЕ комплет сум сложен, но имам уште доста за материја за учење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom