Продавање на џиџи миџи по тезги

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.280
Како е со закон регулирана ова работа, пример во Битола на широк сокак се поставени тезги на една има наочари за сонце на друга домашно правен накит на трета играчки и бижутерии на четврта стари работи петта книги стари и часописи... тоа фирми ли се занаетчии, како и кој им дава дозвола таму да продаваат и на кој и како му плаќаат даноци, дал се водат како занаетчии или трговци ????
фискални не даваат а се на најпрометна улица каде шета и полиција и народ и инспекции
 
До сега немам видено некој таков да го застанат и да го казнат. Имам видено така луѓе со камион кога продаваат лубеници, ама тогаш не ги казнуваат......, им земаат 5 лубеници без пари и како да не ги виделе, се си тече како претходно.
:)
 
Најпаметно ти е да се консултираш со Свежио. Иако мислам дека за џиџимиџарница не ти требаат никакви дозволи, лиценци and stuff like that.
 
А само така ги земет и си одет? Зш јас видов еден кј шо си жонглираше со карпузите.
Абе брате Сунѓере од коа спајѓет карпузине во џиџимиџарници? Абе Нобеловец треба да си, ти имат некој речено дек требит а?
 
Прочитај поубаво дека се збори за тоа дали се казнуваат луѓето кои продаваат нешто на место за кое не добиле дозвола. Чисто како пример ги дадов камионите со лубеници како едни кои стојат и продаваат на место каде не им е дозволено.

Е брате Ем кецашу, дек чит'ш ил само нешчо да кажит. Бре:coffee:
 
има закон да им одземат СЕ што продаваат,а можи казна да заработат - на улица не смее да се продава ништо(да се заштитат дуќанџиите и тезгаџиите на пазар кои плаќаат кирија)

ако сакаш мојш да пријавиш во инспекција за да му го дозаебиш и така мизерниот живот заради кој излегол да прави трговија на улица и да го крши законот со тоа
 
Ај батали се што ти отидоа надвор од темата за да поставиш тезга за улична продажба ти треба дозвола од општината , а не и фискален апарат. За тезгата си плаќаш одреден паушал и тоа е тоа.
 
Некој се водат како фирми. Пример тие со играчки итн...
 
До сега немам видено некој таков да го застанат и да го казнат. Имам видено така луѓе со камион кога продаваат лубеници, ама тогаш не ги казнуваат......, им земаат 5 лубеници без пари и како да не ги виделе, се си тече како претходно.
:)

Шо ќе имаш видено ти човече, со главата си кој ној в дупка, хоризонтите ти се ограничени од пустиот малтер и мешалката...
 
Admin mode on: Темава не е во ЧДА, држете се до неа.
Admin mode off: Како што кажа АЛ дел од нив веќе си имаат фирми, па дури и земено кредити (од Прокредит најповеќе). Може има по некој на црно ама не гледам нешто апла нелегално па да се потресуваме.
 
Најпаметно ти е да се консултираш со Свежио. Иако мислам дека за џиџимиџарница не ти требаат никакви дозволи, лиценци and stuff like that.
а бе имам идеја за беџеви правење, е сега јас не би продавал на улица али би оставил за процент да продаваат такви на тезги, имам идеи за дизајн кои мислам би биле интересни зато праѓвам тие шо продаваат и јас шо би им давал шо сме обврзани исто би оставал и по продавници каде печатат маици продваат ЦД со музики....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom