Проблеми со авторитети?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Почитувам авторитети. Така сум воспитана, така ќе ги воспитувам и моите деца. Не гледам ништо страшно во тоа.Нити срамно.
Не знам како некои од вас го сфакат тоа но почитувањето не значи да им се лижеш да за добиеш повисока оценка од професорот.
Секогаш сум им се обраќала со почит.За некои работи не сум се согласувала со нив,па културно сум им го кажувала моето мислење.Без навреди и без повишен тон.Тоа за мене не е лижење.
 
Извини али нема да дозволам некој да ме прави магаре, пропалица, и ред други работи, а јас да молчам и да гледам во некоја точка во земјата. Ги има многу такви што незнаат да се спротистават на професор, зошто можеле да загазат.

Епа јас не сум таков, некој кога ме навредува и јас навредувам без разлика дали е професор, или директор.

Убаво е да знаеш да се цениш себеси но тоа треба да го кажеш и покажеш на начин на кој доликува.
Никој не ти вели дека ако професорот те навредува треба да си молчиш и да климаш со главата. Ама тоа не значи дека треба и ти да почнеш да го врегаш

Па на крај крева ако професорот те навреди, спротивствави му се ама на културен и воспитан начин за тој да се засрами за зборовите свои. Ако тој се спушта ниско да те навредува тебе ти не мора да го сториш истото.

Сепак размисли зошто тебе те навредува,а не мене или некој друг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom