Проблем со хард дискот [прашања, совети, главна дискусија]

  • Креатор на темата Креатор на темата kostak
  • Време на започнување Време на започнување
Имам 2 хард диска, и веќе 1 месец имам проблем со едниот од нив.

Имено во некои ситуации компјутерот не ми го регистрира иако е веќе приклучен, во некои се појавува односно компјутерот го регистрира неговото присуство, но во друга прилика го снемува.

Сепак во последниве денови хард дискот без проблем се појавува како приклучен за компјутерот ама има друг проблем. Ако пуштам видео клип кој е таму ставен клипот ќе смрзне после минута две, понекогаш не се ни отвара.Исто и со други фајлови.
 
Толку му е душата :) пробај со maxblaster ако е maxtore харД диск , со неа ќе средиш bad сектори и партиции и колку толку ќе се врати во живот

Ама од лично искуство за скоро време нема ни електромоторчето да врти
 
Толку му е душата :) пробај со maxblaster ако е maxtore харД диск , со неа ќе средиш bad сектори и партиции и колку толку ќе се врати во живот

Ама од лично искуство за скоро време нема ни електромоторчето да врти за некое време

Како да проверам каков диск е и како да применам Maxblaster?
 
Како да проверам каков диск е и како да применам Maxblaster?
За првото земаш штрафцигер а за второто поради забрана за пиратерија на форумов ќе го прашаш чичко google
 
1. отвори го и осигурај се дека се добро приклучени каблите и ако е сата пробај стај го во друг sata port
2. направи му chkdsk /f /r и види во логовите шо пишува
3. направи му sfc /scannow
4. провери му го здравјето на хард дискот со hdtune и hd sentinel

ако имаш нејаснотии за овие работи, гугл ќе ти помогне многу лесно, ќе се снајдеш
 
Хард дискот е готов, и дури можиш (дури сеуште работи) прави бекап од него и фрлај го.
 
Бидејќи секој што има проблем со хард дискот си отвара нова тема, одлучив, јас самостојно да отворам нова темa за проблеми со хард дискот.

Имате ли некој проблем со хард дискот нема потреба да отварате нова тема. Прашајте овде и ќе го добиете одговорот.

Ако пречи темава, и доколку админите мислат дека подобро е да се отвара нова тема за секој проблем, оваа нека се избрише.
 
Нека го сменат насловот во:
Хард Дискови [прашања, совети, главна дискусија]
 
Ај полека со брзите заклучоци.
Max Legend навистина ме интересира што ќе рече hd sentinel програмот мада го неам пробано во windows туку како dos програма од бутабилно hiren's cd
другар ми има кажано дека за еден хард диск програмов му кажал дека ќе му цркне за недела дена и стварно тоа се десило :D

ако не те мрзи баш ме интересира што ќе рече програмот за твојот хард диск

напрај си hiren's boot cd (симни http://www.hirensbootcd.org/files/Hirens.BootCD.15.2.zip, .iso-то изрежи го на cd како burn image to disc) бутирај, dos programs, hard disk, и барај го hd sentinel брзо скенира и ти кажува колку му е health-от и колку ќе трае
 
Колку време го имаш дискот, дали ти вади зуци кога работи исто провери го на друга матична доколку си во можност да видиш дали ги дава истите симптоми.
 
Најпрво провери напојување и дата кабел, ако имаш слабо напојување или проблем со дата кабелот и програм за тест на дискот ќе ти каже дека дискот ти е неисправен.
Напајање види во биос кои вредности дава и далиу се во граница на нормала, (иако најточно е со инструмент да мериш) а дата кабел смени со нов - ефтини се (или од двд режач смени ако се двата ист тип (САТА) дури после тоа оди на тестирање на хард дискови, јас имам сменато во година дена 2 хард диска од по 1 терабајт двата во гаранција, двата вестерн диџитал давата исти симптоми, и третиот пат ми дадоа Хитачи исто 1 ТБ и пак почна да прави проблеми, да кочи компјутер да дава звук дискот (звук како да завртува па престанува па шкљоцка... и тоа обично навечер, некогаш поретко и денски) инаку друга мака ком, немаше и седбнав да пробверам напајање, место 12 волти имав 10,3-11 варираше а и другите вредности на 3,3 и 5 беа послаби , напајањето ми беше некои 6-7 години старо, ојдов зедов ново напајање, и сега е супер
 
Колку време го имаш дискот, дали ти вади зуци кога работи исто провери го на друга матична доколку си во можност да видиш дали ги дава истите симптоми.

Па веќе еден месец, колку што ме зеза хардот, има цк цк звуци кои доаѓаат од куќиштето кога е вклучен компјутерот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom