Проблем со SSD

  • Креатор на темата Креатор на темата ▒IsNoGood▒
  • Време на започнување Време на започнување

▒IsNoGood▒

A hell of a brainiac
Член од
8 декември 2008
Мислења
155
Поени од реакции
8
Веб-сајт
acko-sk.hi5.com
Скоро зедов нов лаптоп кој има 750 GB HDD и дополнителни 32 GB mSSD. Не се работи за хибриден драјв, туку за засебни модули. На SSD дискот не беше инсталиран оперативниот систем, па со цел да го сторам тоа тргнав да го форматирам компјутерот и да го преинсталирам оперативниот. Но, за време на реинсталацијата кога ги форматирав партициите малку чепкав па ги соединив двата диска. Ја видов опцијата и чисто ме интересираше дали е можно такво нешто, па се испостави дека е, иако сето тоа ми е крајно нелогично не само поради тоа што се два разделни ентитети, туку и поради тоа што функционираат на комплетно различен принцип. Не можев да продолжам со инсталацијата и покрај тоа што ги форматирав партициите, успеав да го вратам во живот стариот оперативен (со оглед на тоа дека ништо не беше презапишано). Сега системот регистрира еден единствен драјв. Ако го извадам mSSD-то од слотот системот не се подигнува. Во Disk Management можам да го партиционирам хард дискот, но не можам да ги разделам дисковите онака како што си беа. Системот (преку интерфејсот на Disk Management) гледа уште еден хард диск кој е Unknown и е неиницијализиран. Кога ќе се обидам да го иницијализирам вели дека драјверот не може да го најде бараниот сектор, што и да значи тоа. Драјверите се инсталирани и си функционираат, преку Device manager системот го гледа mSSD најрегуларно, како што беше и претходно. Како да се вратам на старата конфигурација?

Однапред ви благодарам на помошта.
 
Lenovo Y580 да не е лаптопот ? Земи преформатирај ги двата диска и инсталирај оперативен на ссд-то, немаш некои потребни информации така ? Бутирај го седмицата од двд и форматирај ги дисковите потоа инсталирај на ссд
 
Да, за тој лаптоп се работи. Направив бајпас на HDD-от на друг компјутер и од таму го форматирав и го средив. Го извадив mSSD-то и потоа без проблем инсталирав оперативен. Кога ќе го приклучам повторно mSSD-то оперативниот систем не сака да се подигне, бидејќи сигурно има на него некој проблематичен бутабилен сектор или несоодветни податоци во партиционата табела (иако имам назначено дека примарен медиум за бутирање ми е HDD-то). Немам екстерен интерфејс за него за да можам да го форматирам освен тој на самиот лаптоп, а не поддржува plug&play како по подигнувањето на оперативниот би го форматирал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom