Здраво, ќе може ли да ми помогнете околу проблемов. Имам еден стар 15 инчен IBM Монитор. Кога се вклучува компјутерот со OS Windows XP биос сликата, boot сликата се во ред, но кога ќе се вклучи десктопот го дели на 4 дела и е малку збунувачки, а и не е паралелно распределено туку се мешаат помеѓу себе. Го пробав мониторот и на OS Windows 7 и тука во биос сликата беше во ред но boot сликата беше исто така поделена, а и подоцна кога се вклучи десктопот беше така поделен. Ја менував резолуцијата на 1024x768 и Refresh Rate на 60 Hz бидејќи таа ми ја покажуваше како најмала, имаше 70, 72 и 75, ама мислам дека ке се јаки за овој стар монитор. Дали е проблемот нешто со системот, или пак е дефект на мониторот?
Погледнете ја сликата како изгледа проблемот...

Погледнете ја сликата како изгледа проблемот...
