Проблем со Монитор

  • Креатор на темата Креатор на темата Steff
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 декември 2008
Мислења
48
Поени од реакции
5
Локација
Kumanovo
Здраво, ќе може ли да ми помогнете околу проблемов. Имам еден стар 15 инчен IBM Монитор. Кога се вклучува компјутерот со OS Windows XP биос сликата, boot сликата се во ред, но кога ќе се вклучи десктопот го дели на 4 дела и е малку збунувачки, а и не е паралелно распределено туку се мешаат помеѓу себе. Го пробав мониторот и на OS Windows 7 и тука во биос сликата беше во ред но boot сликата беше исто така поделена, а и подоцна кога се вклучи десктопот беше така поделен. Ја менував резолуцијата на 1024x768 и Refresh Rate на 60 Hz бидејќи таа ми ја покажуваше како најмала, имаше 70, 72 и 75, ама мислам дека ке се јаки за овој стар монитор. Дали е проблемот нешто со системот, или пак е дефект на мониторот?
Погледнете ја сликата како изгледа проблемот...

Photo-0003.jpg
 
Прегледај го приврзокот 29777

Оди со глувчето: десен клик и во менито најдоли избери Properites, кога ќе ти се отвори прозорот со јазичињата, горе во јазичињата кликни Desktop, потоа во десниот дел од овој прозор под копчето Browse, ќе видиш мал правоаголник над кој пишува Position, отвори го него и кликни врз опцијата Stretch, потоа оди на Apply и ОК. Би требало да се реши проблемот
 
Не помогна, а инаку ова не е рамномерно распределно туку е испомешано. Погледни ја сликата добро и ќе видиш дека крајот од едниот дел се преклопува со почетокот на другиот.
 
Тогаш пробај преинсталирај го драјверот за графичката картичка.
 
Графичката ми е интегрирана, ама ти не ме разбра. Ова јас го пробувам на стар монитор. На мојот друг монитор LCD се си е во ред.
 
Тогаш види дали мониторот има копчиња за подесување, па влези во неговото мени и види можеби таму ќе откриеш нешто, ако нема тогаш побарај стручна помош во твоето место кај некој сервисер за компјутери.
 
шо може да биде ...
ЛЦД Samsung ... на уклучување на компјутер .. 1-2-3 рестарта му требаат за да тргне мониторот ... графичката? мониторот? шо мислите кај е проблемов? инаку каблите се Ок ..
 
Слотот на матичната и Графичката не прават добар контакт. Провери да видиш дали може да се мрда графичката (дали има простор за поместување на графичката додека е вклучена во слотот)
 
шо може да биде ...
ЛЦД Samsung ... на уклучување на компјутер .. 1-2-3 рестарта му требаат за да тргне мониторот ... графичката? мониторот? шо мислите кај е проблемов? инаку каблите се Ок ..

Она што можам од искуство да ти кажам, провери го ладењето (кулерот) на графичката доколку го има, случајно да не престанал да работи, па таа да грее.
 
Steff очигледно дека мониторот не ја подржува резолуцијата и рефрешот наместен.

Значи ти пробај со друг монитор да ја намалиш резолуцијата на 640џ480 и рефреш рејтот на 50 херци т.е. најмалку што може и тогаш ќе ти работи мониторот.
после пробај и со поарни резолиции и рефреш ама ако пак вака ти направи не ги потврдувај.
 
Значи ти пробај со друг монитор да ја намалиш резолуцијата на 640џ480 и рефреш рејтот на 50 херци т.е. најмалку што може и тогаш ќе ти работи мониторот.

Пробав со 800x600 на 56 Hz на Windows 7. Тоа ми е најмалата можност

Она што можам од искуство да ти кажам, провери го ладењето (кулерот) на графичката доколку го има, случајно да не престанал да работи, па таа да грее.

Доколку грее тој ќе се вклучи нормално, ама веднаш после некое време кога ќе дигне висока температура тогаш ќе се исклучи, а тој кажа при стартувањето не му се вклучува.
 
Стеф, бате, време е за нов монитор. Едно 100 че ке дадеш и решен проблем. Овој монитор реално е постар од пола форумаши.
 
Хехе, абе си имам ново мониторче, ама мислев дека и ова ќе може да го користам, ама изгледа сепак не.
 
Стеф, бате, време е за нов монитор. Едно 100 че ке дадеш и решен проблем. Овој монитор реално е постар од пола форумаши.

ЛОЛ после катљарда спротиставени постови конечно еднаш да се согласам со Милојко! :pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom