Проблем со екран на лаптоп

  • Креатор на темата Креатор на темата Tawe
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 јули 2010
Мислења
348
Поени од реакции
81
Локација
Лас Велес
Додека работам на лаптопот се гаси екранот т.е. само "светлото" (кога ќе го навалам или ако е надвор на сонце се гледа малку нешто) - значи не се гаси скроз.
И треба да го затворам поклопецот и да го отворам за да биде во ред. По некое време пак исто. А некогаш и не се уклучува додека да го ставам на полнач (иако батеријата е полна), па треба да го уклучам полначот па да добие светло.

Ме интересира до што може да е проблемот ? Дали е хардверски (инверторот или сл.) или софтверски (power options...)

Се работи за Asus X70F-7S078C со инсталиран Windows 7 Ultimate x32.
 
како што кажуваш ти највероватно си е хардверски. види да пробаш да подесиш контраст и светлина на самиот екран - софтверски се прави тоа преку опциите за графичката ама ако викаш се гаси некад некад е добро некад многу темно се гледа 99% ти е хардвер...
 
А да провериш прво во power options какви ти се поднесувањата?
 
И мене ми се случува истото. Имам Acer 5738g. Кај мене се поправа со уклучување и исклучување на екранот (со копчето за исклучување на светлината). И понекогаш трепери. Обично ко че го уклучам. Најверојатно е флетот оштетен.
 
Имав пробувано многу по сетинзите, но не помагаше ништо. Побарав сега по интернетов, и прочитав некаде дека Minimum Processor State требало да биде 100%, а кај мене беше 5% :) До сега не ми појави проблем, па ќе видам како ќе биде понатаму :D
 
ако ти е стар лап топот или ако ти е многу користен можда и флет кабелот да е оштетен.
 
Си го средив лаптопот :D

Го отвори татко ми и не беше ни до инверторот ни софтверски (флет нема), туку до неонката на екранот.

За среќа имав еден екран исто 17" и ја извадивме од тој и ја ставивме на овој екран. Сега си работи супер :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom