Точкест
I'm Awesome
Пу пу мојата тема
Вака сега прво за принтачите наши. Никогаш нема да добиете перфектно како што сакате, увек имаат по некоја утка дали ќе биде во сечењето или ќе ти ја утнат бојата не е битно.
Еве еден тип за припрема и печатење на визит карти
Класична визит карта со димензии 50х90.
Се прави документ од 55х95 понекогаш дури и 58х98 т.е. се пуштаат обрезци кои ќе бидат исечени на ножот, а ножот кога мава мавнато е и сецка одприлика по 2-3 милиметри а понекогаш зависно од квалитетот на ножот може да мавне и пола сантиметар
Текстот кој ќе го имате во визит картата да биде со максимални димензии од 45х85 за сигурноста на буквите да не бидат обрежани.
Зошто?
Во студијата кај нас визит карти/брошури се принтаат претежно на обични пљукачки принтери, кои не ви ја гарантираат калибрацијата т.е. праволиниското пуштање на картиците што значи дека може листовите да забегаат милиметар два на криво и целиот дизајн да отиде во минус и плус на одредени страни.
Инаку StarBuck има студија кај што имаат и високо-резолутивна хартија ама едноставно не пуштаат на највисоки резолуции од строго непознати причини. 300dpi е доволно за стандардите наши
Околу пре-принтот.
Секогаш се работи во CMYK не во RGB па на крај ќе ја преправиме во CMYK со два клика, верувајте на монитор не се приметува многу али кога ќе се испечати има разлика ептен.
Фонтот кој што се користи обавезно да се претвори во криви или во растер затоа што во студијата претежно го занемаруваат инсталирањето на фонтот.
За обрезите пишав погоре
Околу изборот на хартија.
Скоро сите студија нудат разни видови на хартија. Се бира тип на хартија и грамажа.
Типови на хартија: Glossy(One side или Double side), Matte(One side или Double), Plain.
Грамажата на хартијата е поточно дебелината, започнувајќи од најобичната 80gr па се до 400-500gr што кај нас ја нема
се користи за различни намени т.е. 80gr е онаа Plain хартија која буквално нема некоја посебна намена туку едноставно да сврши работа. Чат пат ја користат при недостаток на тоалет хартија
По прецизно за визит карти јас ја препорачувам 280gr и 300-350gr за перфектни визит карти т.е. тврди картици кои покажуваат доза на сериозност.
Пост принт акции.
Одкако ќе заврши печатењето на работите кои сте ги дале за принт следува нивната крајна обработка која се состои од:
Пластифицирање
Пластификацијата е по ваше барање. Постојат два вида на пластификат мат и сјај. Визит картите се пластифицираат со ладен пластификатор и не остануваат пластични јазичиња од страните (ко оние банкарските картици на времето) туку се добива плус уште некој процент на грамажата и еластицитетот на картичката.
По моите искуства препорачувам мат пластифицирање (двострано) на визит картите за да добијат еден одреден шмек т.е. бидат по фенси
Други ствари ретко се пластифицираат со ладен пластификатор
Топлата пластификација се користи при пластифицирање на хартија која подлежи на надворешни фактори (мениа и ред бутур ствари). Се користи оној "ламинатор" за кој има посебен тип на пластификатор во кој се става листот и поминува низ една машина која го "захефтува" од двете страни и во тој случај листот неможе да се оштети од надворешните фактори како на пример влагата.
Сечење
Сечењето е најважниот дел при принтањето. Затоа што ако не се исече како што треба јебеш и дизајн и цел предходен процес. Претежно поголеми примероци се сечат на оној голем нож кој има преголема сила и ко што кажав кај обрезците кога удира удрено е т.е. нема враќање.
Понекогаш за мали и ситни тиражи се сече рачно т.е. со скалп.
Бигување
Или исто така наречено лепење се користи при правење на книги кои се лепат на работ од корицата т.е. грбот. Во Скопје има 3 места на кои се бигува така да...
Рабување
Рабувањето се случува при принтање на одредени ствари кои служат за пакување (кутии, ковери за дискови, итн) финтата тука е да се остави обележан простор кој што ќе треба да се израбува. Во тој случај на оној ножот се става заштита и работи со пола сила и прави раб за превиткување. Доколку имате ваков случај би требало да се остава простор од по 2-3 милиметри за да се створи оној раб.
Ми се блокираше умот, повеќе здравје утре