Принтање формулари

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.732
Поени од реакции
954
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.bestweb.com.mk
Значи, проблемот е следен:

Како е најлесно и наједноставно да принтам текст во точно определени полиња на А4 формат??? Значи, имам веќе постоечки формулар, со точно определено место за внесување на податоци пр. Име, Презиме, реден број... со соодветни празнини за пополнување.
Значи формуларите се предвидени за рачно пишување, а јас сакам тоа да го изведам компјутерски.

Пример, да го скенирам документот и да го пополнам после, па да го принтам на бел лист (т.е. формуларот) Е сега да немам изместувања при самото принтање.
Се надевам ме сфативте.

Како е наједноставно да го направам тоа?

Corel? Photoshop?

Нешто друго??

Помагајте луѓе...
 
Јас тоа го правам во Photoshop.
Колку е лесно или тешко, ќе ти оставам тебе да процениш, можам да ти ја кажам постапката која ЈАС (може некој друг знае за друг, полесен, начин) ја изминувам.

1. Скенирам документот во PS
2. Го пополнувам врз лејерот со скенот
3. Го исклучувам лејерот со скенот
4. Ставам формулар и пуштам принт
5. Првиот никогаш не е погоден на тоа место... сега изместувам горе-долу-лево-десно, пуштам уште еднаш, пак може да е грешка... се дур не го средиш. Препорачувам да имаш вишак формулари дека неколку ќе отидат јабана.
 
Значи нормално си го скенираш документот (листот) и го овараш во фотошоп и си бркаш работа, така??
Ај ќе пробам овој начин денес, па ќе напишам што и како сум направил.

Мене ме интересира дали на пример би завршил работа кога би работел со мерења, што сакам да кажам:

Да си измерам пример дека од горе ми треба пр. 10цм простор, а од лево 18цм простор за одреден текст. И во некоја програма (корел, ворд со текст боксови, некоја_друга) да го изведам тоа...
Или?

Друга идеја некоја народе???
 
Excel. За поголема количина на формулари, најбрзо ќе се заврши со ова.
Ќе биде потешко на почетокот, кога треба да се наместат ќелиите/клетките.

Прво ги местиш првите 50-60 надесно и нагоре со ширина и висина по 0,5 цм, и после мериш на формуларот и ги спојуваш овие (Merge). Ако треба ќе изместуваш негде погоре подолу, полево подесно.
 
Мене ме интересира дали на пример би завршил работа кога би работел со мерења, што сакам да кажам:

Да си измерам пример дека од горе ми треба пр. 10цм простор, а од лево 18цм простор за одреден текст.

Не.
Кога ќе земеш во предвид дека скенираш, менуваш резолуција при скен.. губиш од милиметри кои можат многу да значат во случајов.
Потоа, при принтање, принтерот не-знам-таму-колку пропушта од листот и не почнува веднаш да печати, има маргини, граници.
Мој најдобар совет е да пробаш и да згрешиш. И пак да згрешиш. Се дур не погодиш. Потоа немаш гајле.
 
Не.
Кога ќе земеш во предвид дека скенираш, менуваш резолуција при скен.. губиш од милиметри кои можат многу да значат во случајов.
Потоа, при принтање, принтерот не-знам-таму-колку пропушта од листот и не почнува веднаш да печати, има маргини, граници.
Мој најдобар совет е да пробаш и да згрешиш. И пак да згрешиш. Се дур не погодиш. Потоа немаш гајле.

Пријателе со скенирање најдобро излезе. Скенирав, па пишував текст у PS па после на бел лист принтав, за на крај на самиот формулар.
Одлично излезе пробното... Е сеа следи следно прашање....

За да можат други луѓе да ги прават измените на внесените податоци пример, да сменат име, презиме, датум, итд итд (околу 50-60 податоци има иначе на формуларот :vozbud::vozbud:), како можам освен во PS да го изведам тоа!?
Дали постои некоја можност ко mail merge што е т.е. да го користам excel ко база и у word што ги мења... Ако ме сфаќате...
Нешто експорт дали да напраам у нешто, да конвертирам...

Идеи??

Фала многу за помошта до сега...
 
Имаше на времето еден софтвер за скенирање кој било каков текст што скенираш ти го претвара у фонт....има мали недоразбирања понекогаш али ситни се тие корекции. Моеш така најлесно целиот формулар да го претвориш во текст и да си го прекуцуваш во ворд и да принташ колку ти душа сака....искрено сум немал искуство со формулари и неможам баш најбоље да ти кажам. Ама ете Принц ти кажал најубаво, е има малце малтретирање ама тоа е :)
 
@ Точкест

Ок е околу скенирањето, со PS завршив работа, само сеа друга мака имам, ваљда не си ме разбрал.
Пример колегиве немаат инсталирано PS и не можат да вршат измени на .psd фајлот. Е сеа, како да го конвертирам у НЕШТО (и у што) така да и они би можеле да средуваат без моја помош т.е. без PS и познавања околу него :)
 
B U M P ! :(

Значи дали можам да ги обележам позициите во фотошоп некако и преку некоја друга програма (ексел на пример) да направам да може да се прават промените т.е. ексел документот да го користам како база, или сл.

Или ако ова е превише чудно,

Кој е најлесен начин за едитирање како би можеле и останатите да прават промени, без некои претходни објаснувања во фотошоп :) Ме сфативте? :) хехе
 
Ете ти

Значи во фотошоп напраи фотка или у кој било друг програм и после ја ставас во Word сликата -- ја ставаш од позади и на неа си чкрташ
 

Attachments

B U M P ! :(

Значи дали можам да ги обележам позициите во фотошоп некако и преку некоја друга програма (ексел на пример) да направам да може да се прават промените т.е. ексел документот да го користам како база, или сл.

Или ако ова е превише чудно,

Кој е најлесен начин за едитирање како би можеле и останатите да прават промени, без некои претходни објаснувања во фотошоп :) Ме сфативте? :) хехе

Photoshop не е програма која нуди такви можности. Ако си вљубеник во Adobe можеш со InDesign има опции за поврзување со бази или други извори на информации. Дефинитивно јас би играл вака зошто имаш прецизна контрола на димензии, позиционирање и сл.
Но кога веќе гледам го спомнуваш mail merge зошто не го користиш? Закачи ја сликата во Word, исцртај ги одозгора полињата и тестирај. Кога ќе ги измериш точните позиции искористи mail merge за да ги исцрташ полињата на позициите кои си ги измерил претходно и да ги поврзеш со excel табела во која ќе работат колегите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom