Primera División 2013/14

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14 во Primera División?

  • Вкупно гласачи
    195
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не е битно дали го пратиш Реал, битно е да пишеш дека му простиле многу црвени. Да, затоа и самиот не знае колку црвени има добиено до сега у неговата кариера, зошто нели му гледаат низ прсти и не му даваат црвени. Колку што он има добиено црвени, толку нема цел тим од Барса.
Ама за вие да бидете задоволни, треба секоја утакмица да јаде црвен, макар и за старт каков што е тој првиот против Осасуна.
Ама ве разбирам, навика си е навика. За такви “стартови“ врз ваши играчи противниците често добиваат картон, па сега ви е чудно зошто му бил поништен на Рамос за “старт“ каде што не го ни чепна противникот.

Ама ајде, битно е да се пише нешто. Шо е битно ако излезеш глуп, важно сличните на тебе ќе ти стегнат лајк :)
 
Он затоа прави црвени пошо мисли дека нон стоп ќе му ги поништуваат :)
 
Па добро се чекаше кикс или нешто овакво за да се разгори темава, многу лабаво беше досега некако...
 
Не бе џабе си објаснуваш
Сега кај и да е ќе дојде тој и ќе рече дека лицемери биле навивачите на Реал ќе му стават другарчињата по некое лајкче(а и тие не знаат зошто) и крај на дискусијата
 
Како шо ве осеќам вас мадриѓани, вас лајковите најмногу ве болат. :icon_lol:
Ах брее, фејсбук зависници. :pos:
 
Па добро се чекаше кикс или нешто овакво за да се разгори темава, многу лабаво беше досега некако...

Не е за поразот :) Кажав уште некоја страна поназад дека Рамос е кретенчина, толку знае да испадне глуп и да му одмогне на тимот, тоа е страшно.
Ама па да се буниш што му го поништиле црвениот, а очигледно е дека за првиот картон немаше ни контакт а камо ли фаул, па за жут картон ич да не збориме...треба стварно да идеш со глава низ ѕид и да се праеш паметен колку само да пишеш нешто.
 
Ама колку пати ви кажаа дека доби жолт картон, откако се испонаша кај линискиот судија?
Не викам дека нашите се светци(посебно во вакви ситуации, приговор кај судија), ама Рамос ми е најгаден играч кога врши притисок кај судија. Секогаш ептен нервозно напаѓа, го фаќа судијата со две раце и онака агресивно приговара, ако не судиш по негово ќе те пали со бенЅин.
Таа забелешка ја имам уште од 2005та или 2006та, откако игра во Реал.
 
И како да не се разгори кога и самите не верувате во глупостите што ги пишувате. Реал доби непостоечки црвен, не му беше досуден чист како солза пенал и изгубија 2 бода кои ако не беа грешкиве ќе ги добиеја. Ако и се случеше ова на Барселона ќе се дупневте од плачење тука. Ќе пишувавте дека некој не сакал Барселона да е шампион годинава. За како капак на се некој да ми продава овде муда за бубрези демек на Реал федерацијата му помагала и тоа на РАМОС кој има црвени картони колку цела екипа на Барселона заедно.
 
Ама колку пати ви кажаа дека доби жолт картон, откако се испонаша кај линискиот судија?
Не викам дека нашите се светци(посебно во вакви ситуации, приговор кај судија), ама Рамос ми е најгаден играч кога врши притисок кај судија. Секогаш ептен нервозно напаѓа, го фаќа судијата со две раце и онака агресивно приговара, ако не судиш по негово ќе те пали со бенЅин.
Таа забелешка ја имам уште од 2005та или 2006та, откако игра во Реал.

Ама шо не ви е јасно на вас, стварно не знам. Нормално е да се буни кај линискиот, на два метри од него се случи тоа и овој дига знаменце за фаул. Нормално е секој да изреагира у таква ситуација, а и не беше реакцијата на Рамос до толку за да добие жолт картон.
И не само за Рамос, за сите вакви глупи жолти и црвени картони треба да решава федерацијата, зошто судииве у Шпанија се на ниво на нашава лига. Премногу пропусти, или се прават со сила слепи или стварно се слепи, трето не гледам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom