Primera División 2012/13

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/2013 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    324
Статус
Затворена за нови мислења.
За Реал Мадрид Б се користи поинаков израз кога ќе влезам вкладилница...тие се ''гол гол и три плус'' на прва:D
Нормално. Секој натпревар го играат за гол повеќе. ГГ & 3+ ти е сигурна добивка кога игра Реал Мадрид Б.

Igorcemk
Линк ако можи.
 
^ Сакате секоја недела да ги ставам на тикет па да видите дали ќе излага ГГ 3+? :D
Ја еднаш ја пишав сезонава, и баш тогаш 1-0 заврши (примија гол у 92-ра мин.). Страшен баксуз сум...
 
Нормално. Секој натпревар го играат за гол повеќе. ГГ & 3+ ти е сигурна добивка кога игра Реал Мадрид Б.

.

Реал Мадрид Б се рај за очи кај фудбалските љубители..исто како порнич со Кармела Бинг во најдобри години да гледаш..па голој и шанси да фрчат на сите страни..двапати ги имам гледано оваа сезона и имам заклучок дека апсолутно како екипа се циркузи:D..замисли да играат против Рома на Земан што фудбал ќе падни тогаш:pos:
 
Шпанската држава сака да ги наплати даночните долгови од Шпанските екипи кој вкупно изнесуваат 675м ЕУР. Прв тим пред стечај е Депортиво Ла Коруња кој има долг од 34м ЕУР. Веќе сите сметки им се блокирани. Парите од спонзорите и тв-правата веќе им се одземени. Ако Шпанската држава стварно ги наплати сега сите долгови за некој тимови ќе стане многу опасно.
Не е Депортиво прв тим пред стечај, во Шпанија веќе има 21 клуб кои се под стечај.
Меѓу нив најпознати се Мајорка, Сарагоса, Рајо, Бетис и Гранада, а останатите не се прволигашки тимови.
Влегувањето во стечај во Шпанија не влијае многу врз резулатитена клубовите, во Англија на пример клубовите добиваат минус бодови, забрана за трансфери, а во Шпанија Сарагоса со години иако е под стечај си купува играчи...

Клубовите од Примера и Сегунда должат 700 милиони евра, а 99 милиони од овој долг оди на име на Депортиво :)

Лендоиро на пресот истакна 10 точки околу овие случувања. Воглавно е бесен дека медиумите ширеле шпекулации, и најави тужби, кажа дека Депортиво несака да влезе под стечај, а истотака се надева дека Шпанскиот трезор ќе ја прифати понудата долгот да се исплаќа во следните десет години...
Депортиво нема купено играч којзнае од кога, и секоја година намалува по малку од глобалниот долг, ама ете споро иде и трезорот предложил клубот да оди под стечај...

Инаку во Шпанија клубовите може да се избркаат од лигата само ако на крајот од сезоната клубот има неисплатени долгови кон играчите.
Во Депортиво играчите немаат примено плата од Септември што е мнормално во клубот :)
Ама на крај се исполнуваат обврските на време.
 
На еден натпревар на Алфа/Спорт Клуб мислам дека коментаторот кажа како државата и клубовите се договориле и дека долгот ќе го исплателе во наредните години. Ако некој знае нешто повеќе за ова нека кажи.
 
На еден натпревар на Алфа/Спорт Клуб мислам дека коментаторот кажа како државата и клубовите се договориле и дека долгот ќе го исплателе во наредните години. Ако некој знае нешто повеќе за ова нека кажи.
Нема некој општ договор, Шпанскиот трезор си преговара со секој тим посебно...
После години попустливост решени се конечно да расчистат со овие долгови.
Е сега не разбрав убаво дали клубовите од Примера и Сегунда само на Шпанскиот трезор им должат 700 милиони, или пак глобалниот долг им е толку.
Под глобалниот долг се подразбира долгови кон играчи, долгови кон други клубови итн, а под долгови кон трезорот тоа што лапале клредити на времето, па со финансиската криза им се пореметиле плановите.

Депортиво има 99 милиони глобален долг, а долгот кон Шпанскиот трезор им е 32 милиони.

Досега државата доста им попушташе на некои клубови ико јасно се гледаше дека немаат никаква стратегија при враќање на долговите.
Со Депортиво не беше таква ситуацијата, секоја година се намалува глобалниот долг малку по малку, играч немаме купено со години, постојано се кратат платите на играчите, така да се оди кон тоа да се плати долгот.
Сарагоса на пример има долг кон Депортиво, отидоа во стечај и испадна дека тој долг нема кој веќе да го плати. И покрај тоа продолжија со купување на играчи, нешто што ми е несватливо...

Им скиснало на Шпанциве, нема веќе попуштање, и прв на листата на удар се најде Депортиво иако клубот нема прогласено стечај.
Државата наредила сите пари кои ќе одат во клубот (од ТВ права, од карти, од продажба на реквизити, играчи итн) одма да одат на сметка на Шпанскиот трезор, со што не само што ќе оди екипата во стечај туку и ќе банкротира пошто кој би ги плаќал играчите???
Во спротивно побараа клубот да излезе со цврст план околу тоа како ќе го покрие долгот.

Според мене доста неправедно со оглед на тоа што има други клубови кои воопшто не прават напори да го вратат долгот...
Тоа го нагласи и Лендоиро и излезе со десет годишен план, кој најверојатно ќе биде прифатен.

Е така би требало да преговараат со сите клубови...
 
Кога сме веќе кај долговите на тимовите.
Real Madrid купува акции од Real Oviedo во вредност од 100000€ со што му помага на клубот да се спаси од економската криза... RM C кој игра овој викенд во Овиедо, ќе однесе и дрес потпишан од Casillas кој ќе се продава на аукција, средства кои исто така одат за "спас" на Real Oviedo....
 
Кога сме веќе кај долговите на тимовите.
Real Madrid купува акции од Real Oviedo во вредност од 100000€ со што му помага на клубот да се спаси од економската криза... RM C кој игра овој викенд во Овиедо, ќе однесе и дрес потпишан од Casillas кој ќе се продава на аукција, средства кои исто така одат за "спас" на Real Oviedo....

Да се надоврзам, секој со пејпал може да си купи акции за да му помогне на Овиедо, 11.5 евра е една акција. Ама има некој проблем јас неколку пати пробав ама не успешно. До тоа скапаниот пејпал е веројатно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom